СМИСЛАТА НА ЖИВОТОТ

Фонт:
100%
-
=
+
Текст:
100%
-
+
=
Измени

Основното прашање со кое мора да се соочи секој разумен човек е прашањето за смислата на животот-прашање што окупирало многу мисловни луге во минатото, а кое и денеска е привлечно и актуелно. Веројатно сите ние во одредени мигови, на пример, набљудувајќи го прекрасниот залез на сонцето кое во свечена тишина тоне зад живописниот пејсаж, сме се запрашале од каде потекнува таа хармонија и убавина и што е тоа што животот го прави живот и кое место ни припаѓа нам во него. Од каде доаѓам и каде одам? Какво значење има мојот живот меѓу оние безброј милијарди луѓе кои живееле или живеат. Можно ли е по смртта да престане се, и сите мои размислувања, мојата љубов, жалоста и напорите да постигнам нешто што ќе ме краси како човек, да исчезнат во вртологот на времето и само повремено да се појавувам во сеќавањето на моите деца, на моите роднини, пријатели, а по неколку децении, кога и нивниот живот ќе се угаси, повеќе ниту таму? Се ова може да се случи уште во следниот миг, зашто сите знаеме дека располагаме со несигурен живот. Дали тогаш се исплатува и понатаму, да живееме, да се бориме и да се мачиме, за на крај да станеме поим насочен кон заборав, празнина која засекогаш ќе остане? Зар во универзиумот настанало се така бесмислено за набргу да исчезне во бесмисла?

Трагања

Еднаш разговарав со една моја позната пријателка, специјалист на подрачјето на психијатријата, која имаше големо работно искуство. Можеби несмасно ја прашав: “Бидејќи имаш животно искуство и лекарски позив, верувам дека ти си меродавно лице да ми одговориш на прашањето – што е смислата на животот? Претпоставувам дека тоа многупати ти било поставено.“ Застана за миг и, по кратко размислување рече: “Имаш ли некое полесно прашање?“

Многу луѓе немаат храброст да се носат со овие и со слични мисли и затоа ги потискуваат, често измислувајќи нови прашања и желби што ќе им го окупираат вниманието. Некои од нив тоа го прават така што се оддаваат на секое задоволство што ќе се најде на нивниот пат, други брзаат по кариера, робувајќи и се до својата смрт и убедувајќи се себеси дека, кога ќе постигнат некој одреден врв или ќе заработат доволно пари, тоа ќе им обезбеди доволно среќа и задоволство во животот. Сепак на крај и тие увидуваат дека тоа не функционира.

Имам пријател кој е успешен деловен човек и кој располага со повеќе милиони долари. Часовникот што го носи блескоти од злато и скапоцени камења, а вредноста му се изразува со пет цифри во долари. Бидејќи се познаваме уште од “малечки нозе“ можев отворено за се да разговарам со него. Бргу призна дека не е среќен човек. – Од примерите на многу луѓе што ги познавам можам да заклучам дека истото го доживуваат, популарните, моќните и луѓето од кариера... Извесно време сето тоа е забавно и привлечно, но не може човекот да го направи трајно среќен, а уште помалку да одговори на прашањето за смислата на животот.

Од друга страна, оние на кои животот помалку им се насмевнува, излез бараат во други решенија, често во алкохолот, па и во дрога. Сето тоа всушност е бегање од стварноста со која човекот не може или не сака да се соочи, зашто нема одговор на своите основни прашања. Зошто еден разумен човек би ги трошел своите пари да се труе(алкохол и дрога), однапред знаејќи дека тоа му носи болест, страдања и прерана смрт? Сакаат тоа да го признаат или не, овие луѓе не ја познаваат смислата на своето постоење и затоа нивниот живот е сличен на леш од брод на море кој ветриштата на околностите и понатаму безмилосно го парчосуваат на карпите на депресијата и бессмислата.

Трагични резултати

Како краен и веројатно најжалосен продукт на ваквата состојба, се поприсутен во современиот живот, е актот на самоубиството. Според актуелните статистички податоци, во светот секој ден се извршуваат околу 2.700 самоубиства. Тоа значи дека секоја година речиси еден милион луѓе, скршени од страдање, од бесмислоста и загубеноста, си го одземаат себеси животот. Сета човечка интелегенција, сиот стопански и научен напредок, не успеале да ја задоволат човелката душа да и одговорат на основните прашања. Стапката на самоубиства во некои развиени индустриски земји е осетно повисока отколку во многу земји кои му припаѓаат на таканаречениот трет свет. Како пример може да послужи Германија во која во 1995 година 12.888 луѓе извршиле самоубиство.Проучувајќи ја статистиката од минатите години, лесно може да се забележи постојан пораст на овие трагични појави. Секако, многу е поголем бројот на оние кои се обиделе да извршат самоубиство, но не успеале да ја остварат таа жална намера. Уште поголем е бројот на оние кои радо би го окончале својот живот, но немаат храброст да сторат такво нешто. Тоа е трагедија на современиот човек, кој често има се, освен целосно и вистинско задоволство и смисла на животот.

Според една анкета која е спроведена во нашата земја, над 70 % од анкетираните, на прашањето : “Што е смислата на животот ?“ – одговориле : “Не знам “, или слично. Навистина е интересно што, иако за овој предмет се напишани илјадници страници, современиот човек сеуште нема решение за овој проблем. Какви одговори му се нудат на човекот?

Сообразно со постојните сознанија, уверен сум дека постојат само два основни пристапа кон овој проблем и дека, наспроти мноштвото книги што се напишани на оваа тема, сите мислења и поставки се темелат само на една од следните две основи што ќе ги поставиме.

Прв одговор

Првиот одговор се темели на атеистичко - нихилистичкиот поглед на светот, со своите познати претставници,како што се Хемингвеј, Ниче, Ками, Волтер, Кафка итн, (иако сите претставници на нихилизмот не биле атеисти ниту пак сите атеисти имале песимистичко – нихалистички поглед на светот, не е погрешно овие два правца да се стават во иста група, зашто нивните дела во трагањето по одговор на ова прашање, со кое се занимаваме оделе во слична насока). Според ваквото сфаќање на животот и светот помалку или повеќе сите луѓе се добра успешна игра на некаков случај, искра на живот запалена само за еден краток миг. Смисла на животот не постои или, реално гледано таа воопшто не задоволува и се состои од создавање на нешто што и по мене ќе продолжи да постои (да се создава значи двапати да се живее, а тоа можат само врвните уметници, најсилните војсководители, и најголемите научници, значи оние кои што ја одредиле смислата на животот) во одржувањето на видот и слично. На многу застапници на оваа теорија им било потребно да напишат многу книги во кои на крај извеле заклучок дека смислата на животот всушност е бесмисла или ја нема, па не треба ниту да се бара. Една од главните пораки што ја истакнува Сартр во своите дела е дека смислата на животот всушност лежи во бесмислата и дека страшливците не се подготвени тоа да го прифатат. Сличен песимизам може да се забележи и во делото на Ниче, на пример, во неговите зборови: “Сите ќе се исушиме... сите извори ни секнале... Навистина, веќе сме станале премногу уморни за да умреме, така остануваме и понатаму живееме - во гробовите“

Од друга страна, многу атеисти сметале дека животот навистина е убав и дека во него треба да се ужива, при што секогаш жално заклучувале дека тоа, сепак, бргу поминува. Во своето дело “Филозофијата и христијанството“ , Бошњак пишува: “Иако знае дека е конечен, човекот делува како да ќе биде траен. Иако е смртен, настојува да се афирмира како постојаност на егзистирањето.“

Се чини дека филозофите кои го застапуваат овој поглед на светот се слични на лекар кој извонредно поставува дијагноза, но не дава никаков лек (или дава погрешен). Проникнувајќи во длабината на човечките чуства и опишувајќи ги прецизно, тие стекнуваат наша доверба, но на крај, сепак, не даваат никакво решение што охрабрува. Делата на овие писатели кај мнозинството читатели создавале депресивно расположение, а често ги поттикнувале кон самоубиство. Веќе тоа може да послужи како добар показател во која мера успеале при решавањето на проблемите со кои се занимавале. Кон ова треба да се додаде и фактот дека е доволно да ги прочитаме нивните биографии и конечно да се увериме во каква жалосна состојба не воведува овој начин на размислување. По долготрајна болест, Ниче завршил како човек со затемнет ум, Хемингвеј извршил самоубиство, а со својата депресивност и со својот начин на размислување на ист чекор ги навел и другите членови на своето семејство. Ќе бидам толку слободен да тврдам дека токму ваквиот начин на размислување е одговорен за многу самоубиства што се случуваат во светот. Според егзистенцијалистите, животот е мачнина, апсурд и контрадикторност. Интересно – процентот на оние кои вршат самоубиство е поголем во животот на образованите отколку на необразованите. Мислам дека овој заклучок можеме да му го препишеме токму на фактот што тие длабоко ја испитувале и ја барале смислата, а одговорите што ги нашле во делата на овие признати и реномирани писатели, уште подлабоко ги турнале во безнадежност.

Ова би можело да се прикаже со испитувањето што е спроведено на еден американски универзитет, а кое опфатило 60 студенти кои се обиделе да извршат самоубиство. Од нив 75% изјавиле дека тоа го направиле затоа што “Животот им изгледал бесмислен“. Меѓутоа, најважно е тоа што 93% од тие студенти, кои страдале од очигледен недостиг на животна смисла, биле активни во општествениот живот, биле добри студенти и имале добри односи со членовите на своите семејтва. Во книгата на Виктор Франкло “Нечујно пекање по смисла“ , во која се опишува ова испитување е нагласено дека самоубиството е втора причина за смртта меѓу американските студенти, веднаш зад сообраќајните несреќи, а дека обидот за самоубиство веројатно е и до петнаесет пати почест.

Ова е дел од широката палета на она што ни го нуди овој поглед на светот, како и израз на некои влијаниа што ги врши врз оние што го прифаќаат. Иако во сето ова е тешко да се воопшти насоченоста на идеите што постојат, иако има писатели кои застапуваат оптимистички став кон животот сепак можеме да кажеме дека основната идеа е добро изразена со зборовите на еволуционистот и нобеловецот Моно, кој во својата книга “Нужност и случајност“ запишал: “Човекот на крај знае дека во бесчуствителната, бесконечна вселена, од која се појавил наполно случајно, никаде не е искажана неговата судбина ниту неговата должност.“

Второ решение

Вториот од двата единствени можни ставови, е верувањето дека вселената, почнувајќи од најситното делче на материјата, па се до најголемите галаксии, е создадена според планот и волјата на една семоќна Личност-Бог. Неговата егзистенција од вечни времиња не е можно рационално да се објасни, како ни неговата сила, мудрост и семоќ што ги покажал при создавањето на се што не опкружува. За да ја објасниме смислата на животот од оваа втора перспектива, ќе се вратиме до самиот почеток, до настанокот на човекот.

Сообразно на ова становиште човекот е продукт на Божјата љубов која ќе им ја стави на располагање на сите суштества што ќе ги создаде. Во Библијата ние сме наречени Негови деца, што го издигнува фактот оти Тој ни подарил живот и дека кон нас се однесува родителски. Не бил план на Творецот човекот да живее на планета исполнета со страдање и болки. Првите луѓе биле совршено среќни и здрави. Комуницирале со Дародавецот на животот во непосредни контакти во кои можеле да го посматраат, да го слушаат неговиот глас и да му поставуваат прашања. Овие луѓе биле создадени вечно да живеат, зашто навистина не би имало смисла Бог да создаде суштества што ги сака и што тие Него го сакаат, наспроти својата божествена семоќ, да дозволи тие суштества да умрат. И ние луѓето, ако би имале власт над животот и смртта, сигурно не би дозволиле нашите деца кои безмерно ги сакаме, да умрат.

Меѓутоа, кога се довоил од Бога и пошол по патеките на гревот и злото, што и можел, зашто имал слободна волја и право да бира, човекот стигнал до оваа жалосна состојба во која се наоѓа сега. Од тоа време постои тага, болест, омраза и смрт. Па сепак, Божјата љубов не можела да се помири со фактот засекогаш да го загуби човекот и затоа Исус Христос, една од трите лица на Божеството, доаѓа на овој свет, живее меѓу лушето совршен живот и умира за нашите гревови за да не бидиме ние засекогаш загубени. Така секој што ќе ја прифати неговата жртва и што ќе и дозволи на Божјата љубов да го освои неговото срце, ги победува омразата, зависта, нечистите дела и мисли и ќе биде повторно примен во Божјото семејство, во сигурноста на вечниот живот.

Големите луѓе за Божјето постоење

Иако мхогу теории за постоењето на животот, на светот и човекот се обидувале да го урнат сознанието за Бога како Творец, факт е дека поголемиот дел од човештвото го прифаѓа Божјето постоење.Ова не се однесува само на луѓето на помалечко образование, туку и на многу великани на човечкиот дух и на историјата кои цврсто верувале во постоење на Творецот. Ќе наведиме неколку примери меѓу кои големото мноштво кои ја признаваат и ја воздигаат Христовата големина и неговата љубов :

“Еден ден луѓето ќе се смеат на глупоста на современата материјалистичка филозофија. Колку повеќе ја изучувам природата, се повчудовидено и со восхит го откривам Творецот на дело. Јас се молам и додека работам во лабораторијата“( Луј Пастер ).

“Ние животот и смртта ги познаваме само преку Исуса Христа. Без Исуса Христа не знаеме ниту што е нашиот живот, ниту што е нашата смрт, ниту што е Бог. Ниту што сме самите ние“ ( Блез Паскал ).

“....... Јас се молам на Бога секој ден“ ( Никола Тесла )

“Никој не може да го чита евангелието , а да не ја чуствува Исусовата стварност. Пулсот на неговата личност отчукува во Светата реч...Светиот лик на Назареќанецот остави врз мене необорлив впечаток“

( Алберт Ајнштајн ).

“Како што е сигурно дека постои Бог , така е сигурно дека Христос е Бог.. Како што сум сигурен за себе не сум ниту малку повеќе од човек, така за Христа сум уверен дека е многу повеќе од тоа. Верувам дека ги познавам луѓето и затоа велам дека Исус не е човек... Александар, Цезар, Карло Велики и јас основавме големи империи. Но врз што се темелеа тие дела на нашиот гениј? На сила! Исус своето царство го основал на љубов и затоа дури и денеска милиони луѓе се подготвени да умрат за него... Колку голема е раликата меѓу мојата длабока беда и Христовото царство кое и денеска се проповеда, се сака, се слави и шири по цел свет! Христос запалува оган на љубов кој го голта секој егоизам и надминува секаква човечка љубов.“ (Наполеон, при крајот од својот живот на Света Елена ).

“Во Бога завршува мислата што ми се губи во очајниот бескрај. Нас не не носи ветерот како лисја и оваа горчлива среќа не е смисла и цел на самата себеси. Ние не сме атоми од прашина која без цел се издигнува лете во облаци над друмовите... Слава ти, Боже, за маката на денот и за мирот ноќе, за кусиот живот и за големата загатка на смртта; нека се благословени твоите одлуки според кои доаѓаме на светот и си заминуваме од него откако сме се изнарадувале и изнамачиле. Огромни и несфатливи се твоите планови и јасно е дека неможеме да им ја догледаме ниту насоката ниту целта и дека мораме да ги признаме, но тешко е да се биде човек, Господе“ ( Иво Андриќ ).

“За таа голема Книга (Библијата) можам да кажам само едно: таа е најубавиот подарок што му го подарил Бог на човекот. Сето добро на Спасителот на светот ни е откриено во неа. Без таа Книга не би можеле да правиме разлика меѓу доброто и злото“ (Абрахам Линколн)

“Ние го имаме Мојсеја, пророците и апостолите дури и Речта на Исуса. Ако не сакаме да се сложиме со него, имаме толку малку извинување како и Јудејците“ (Исак Њутон)

“На земјата навистина талкаме и кога пред нас не би постоел драгоцениот Христов лик, ние би пропаднале и наполно заблуделе како човечкиот род пред потопот“ (Достоевски)

Овој список би можеле да го продолжиме со имиња на многу други познати научници, композитори, писатели, државници... Всушност, овој спис би можеле да го исполниме само со набројување на нивните имиња. Денеска по цел свет постојат стотици креационистички здруженија на кои им припаѓаат илјадници професори, магистри и доктори по природни науки кои не можат да се сложат со теоријата за случаен настанок на нашиот свет. Па сепак, иако ваквите примери можат да ја засилат нашата вера, тие не треба да станат наш клучен доказ, зашто секој треба да се служи со својот сопствен ум.

Хармонија без Творецот?

Исак Њутн на својата маса имал минијатурен сончев систем. Во центарот било сонцето со сите планети што се движат околу него. Еден научник влегол во неговата работна соба и рекол: “Колку е сложен овој систем? Кој го направил?“ “Никој“ , му одговорил Њутн на човекот кој бил неверник. “Зошто ме правиш неразумен, сигурно некој го направил и тој некој мора да бил гениј!“ Њутн му одговорил: “Овој систем е ситна имитација на еден огромен систем чиишто закони ги познаваме вие и јас. Јас не можам да ве убедам дека ова е само играчка без творец, а вие сепак верувате дека големиот оригинал нема Творец.“

Според најновите истражувања, се претпоставува дека, во оној дел од вселената кој донекаде сме успеале да го запознаеме, има повеќе стотици милијарди галаксии, а секоја од нив просечно има меѓу 200 и 500 милијарди ѕвезди. Притоа нашата галаксија е релативно мала и содржи “само“ околу 200 милијарди ѕвезди, а во пречник е 75 пати помалечка од досега најголемата откриена галаксија чијшѕо пречник изнесува 5,6 милиони светлосни години! Денеска астрономите ни соопштуваат дека вкупниот број на до сега откриените ѕвезди изнесува 1025 односно 10 000 000 000 000 000 000 000 000. Овој број се однесува само на оној дел од вселената што можеме да го досегнеме со нашите телескопи. Но не треба да се загуби од вид и тоа дека овој огромен број ѕвезди има и свои придружници, како и нашето сонце, а овие пак свои (месечини). Сите тие безбројни небесни тела се движат по точно определени патеки, наредени во сложени и точно одредени ѕвездени системи на своите галаксии. Кога такви системи би имало само неколку во целата вселена, а кога другите небесни тела, милијарди на број, би се движеле без определени патеки, во целосен хаос, можеби и би можело да се зборува за случај и за теоријата на “силна експлозија“. Но, наспроти тоа, целата вселена дејствува совршено хармонично. Затоа теоријата за “силна експлозија“ не може да се одржи, зашто по секоја експлозија настанува хаос и неред, а никогаш совршен ред и хармонија! Бог е голем творец и одржувач на се што постои. Тој со леснотија управува со огромните планети и со невидливите атоми.

Д-р Артур Комтон, физичар, носител на Нобелова награда, за текстот од 1. Мојсеева 1, 1 го кажал следното: “што се однесува до мене, верата почнува со сфаќањето дека светот и човекот ги создала натприродна сила.мене не ми е тешко да верувам, зашто не може да се побие дека таму каде што постои план, мора да постои и интелегенција“ – хармонијата на вселената сведочи за вистината на највеличественото тврдење : “На почетокот Бог...“

На сличен начин размислува и познатиот астроном, физичар и математичар Јохан Кеплер : “Во се што е создадено како со раце да го допирам Бога.“ За неверникот Бог најчесто не постои, зашто тој не сака Бог да постои. Ако некој од нас случајно на пат најде обичен клин, сигурно е дека не би размислувал колку илјади години требало сосема случајно да се одиграат потребните хемиски процеси, да се наталожи потребното количество метал, под чуден сплет на оклолностите да се создаде потребната температура итн, и на крај да анстане тој наш клин. Па сепак, случајниот настанок на само една белковина би бил многу поневеројатен од случајниот настанок на еден обичен клин. Дали е полесно да се поверува дека сите сложени облици на животот, кои наполно целисходни, а при тоа ги задоволуваат и највисоките норми на естетиката ( ружата, пеперугата, пауновото перо...), се продукт на чист случај или се продукт на мудро смислен план?

Паскал навистина кажал голема вистина кога изјавил: “Што се неверниците мораат да веруваат за да останат неверниците!“

Познатиот еволуционист Ернест Хекел еднаш признал дека спонтаниос настанок на животот мора да биде признат како факт не затоа што може лабараториски да се докаже, туку поради тоа што инаку би морало да се поверува во постоење на Творец. Многу неверници остануваат неверници затоа што не го прифаќаат концептот според кој тие се создадени суштества и затоа што тоа има конкретни и морални импликации врз нивниот живот, односноги повикува да го изменат карактерот според примерот на Исуса Христа.

Дури и Дарвин во својата старост се вратил на верата во Бога што ја негувал уште во детството. Кога го посетила некоја госпоѓа Хоуп, тој, седејќи на креветот за кој бил прикован веќе неколку месеци, во своите раце држел отворена Библија. “Што читаш“, го прашала госпоѓата Хоуп. “Царската книга, така ја викам, зашто тоа е навистина голема книга“ , одговорил Дарвин. Потоа го споменала создавањето и првата глава од Прва книга Мојсеева. Дарвин се вознемирил и одговорил : “Бев млад човек со неоформени идеи. Претпоставував, се чудев, предлагав и на мое изненадување овие идеи станаа пожар. Луѓето од нив создадоа религија! “Потоа додал :,, Јас имам градина зад куќата. Сакам утре попладне да им зборуваш на луѓето за Исуса Христа и за неговото спасение. Нели е тоа најдобра тема? Сакам да пееш химни со нив. Ако се соберете во три часот, мојот прозорец ќе биде отворен и јас ќе ви се придружам.“

Вечен живот

Многу луѓе порано или подоцна заклучиле дека постои само една вистинска смисла на животот и дека таа се наоѓа во вечното пријателство со Творецот. Прашањето што сега се наметнува само по себе гласи : “како ќе изгледа вечниот живот?“ – Тој ќе биде ист како оној што го имал човекот пред да се оддели од својот Творец. Библијата го опишува вака: “И видов ново небо и нова земја, зашто првото небо и првата земја поминаа и море веќе нема. Тогаш јас, Јован, го видов светиот град – новиот Ерусалим – како слегува од небо, Од бога, стокмен како невеста, украсена за својот маж. И чув како еден силен глас од небото вели: ‘ Еве го Божјиот шатор меѓу луѓето и Тој ќе живее со нив; и тие ќе бидат негов народ, и сам Бог ќе биде со нив; и ќе избрише секоја солза од нивните очи, и смрт нема да има веќе, ни тага, ни плач ниту болка, зашто првото помина.....’Кој победува го наследува ова, и јас ќе му бидам Бог и тој ќе ми биде син.“ ( Откровение 21,1 - 4,7)

Сите траги на злото во природата, а и во човекот, ќе изчезнат. Сите телесни недостатоци ќе бидат отстранети. Секоја тага и болка ќе ги снема. Едноставно, се ќе биде онака како што планирал Творецот кога на луѓето им подарил живот. “Тогаш ќе им се отворат очите на слепите, ушите на глувите ќе се отзатнат, тогаш куциот ќе скока како елен и јазикот на немиот ќе пее, зашто води ќе бликнат во пустината и потоци во степите... Ќе се вратат искупениците Господови. Ќе дојдат на Сион со радосно извици, со вечна веселба на челата, песни и радост ќе ги придружуваат, а жалоста и воздишките ќе побегнат.“ (Исаија 35,5.6.10).

Во сегашните земни услови не не можно да се опише убавината на тој свет, зашто ниту еден ограничен ум не е во состојба да ја сфати славата на Божјиот рај. Понекогаш ми се чини дека тоа е слично на обид на човек слеп од раѓање да му се оптише убавината на заоѓањето на сонцето посматрано на море, спектарот на боите на виножитото или блескотниот сјај на рубинот, сафирот, бисерот и дијамантот.

“Што око не видело, што уво не чуло и што во човечко срце не дошло, тоа Бог го приготви за оние кои го љубат.“(1.Коринќаните 2,9)

Ако во овој кус живот понекогаш ни е здодевно, во оној, вечниот, тоа не е случај. Еден од најмногу преведуваните и најчитани духовни писатели, Елена Вајт, тоа го образложува вака: “Небото е школка, нејзино подрачје на проучување е вселената; нејзин учител, Бесконечниот... Таму ќе се развива секоја моќ, ќе се зголемува секоја спообност. Ќе се преземат највеличествените потфати, ќе се исполнуваат најблагородни копнежи, ќе се постигнуваат највозвишени цели. И пак ќе се појавуваат нови врвови да ги освојуваме, нови чуда да им се восхитуваме, нови вистини да ги сфатиме, нови замисли да ги поттикнат силите на телото, умот и душата. Божјите деца ќе можат да ги истражуваат сите ризници на вселената. Со неискажливо уживање ние ќе учествуваме во радоста и мудроста на безгрешните суштества. На располагање ќе ни стојат богатствата стекнати во текот на многу векови на размислување за делата на Божјите раце. А додека ќе поминуваат годините на вечноста, тие и понатаму ќе носат се пославни откритија, неспоредливо повеќе отколку што можеме да бараме или замислиме.(Ефесјаните 3.20). Бог вечно ќе не опсипува со своите дарови“(Воспитување, стр.267,272).

Па сепак, сиот сјај, сета раскошна убавина и совршена хармонија на се што постои не ќе биде она што ќе ни носи најголемо задоволство. Божјето присуство, неговата љубов, времето поминато со него-тоа на сите ќе им носи највозвишена радост. Присуството на луѓето што ги сакаме и ги цениме често прави да се чуствуваме убаво. Меѓутоа, да се живее во присуство на Изворот на безмерната љубов, мудрост и правда, ќе не прави вечно среќни.

Рационално осознавање на Бесконечниот?

Само од една точка во вселената теоретски можат да се повлечат безброј правци, а до крајот на кој било од нив не е можно да се дојде, зашто вселената е бесконечна. Што се наоѓа во вселената која во секој правец и големина е бесконечна? Дали во бесконечниот простор постојат големинитге- горе, долу, лево и десно? Како може Бог да ја познава иднината која точно ја покажуваат исполнетите библиски пророштва, а според нашето искуство не е можно да се движиме напред или назад во времето? Како ќе живееме вечно, кога такво нешто е туѓо за нашите досегашни сознанија? Нема потреба од нови прашања, зашто нашиот ум и овде застанува.

Како што би било неприфатливо Ајнштајн својата теорија на релативитетот да се обиде да му ја објасни на едно тригодишно дете, уште понеприфатливо е Бог своите мистерии што се појавуваат пред нас да се обида да му ги објасни на нашиот ограничен ум. Науката открива дека просечниот човек користи околу 3-6% од капацитетот на мозокот. Луѓето што ги нарекуваме гении достигнуваат отприлика 7%. Тоа само до некаде укажува на деградацијата што настанала како резултат на одвојувањето на човештвото од Бога. Во текот на целата вечност и со интелект кој ќе биде далеку над овој што го имаме сега, зашто повторно ќе функционира со 100% од можностите, ние ќе се восхитуваме и се повеќе ќе ја запознаваме Божјата мудрост.

Меѓутоа, иако денеска не можеме да сфатиме многу нешта, сепак, не е точно дека не ни е даден никаков потпор за верата и дека се почива врз имагинацијата. Во Библијата постојат 3.268 исполнети пророштва, од кои некои се толку подробно опишани, што би било апсолутно неможно случајно да се совпаднат со преткажаните настани, а уште и годината кога некој од нив се исполнил. Еден од најголемите умови во историјата на науката, Исак Њутн, 42 години посветил на истражување на библиските пророштва. По неговата смрт објавено е неговото капитално дело: “Разгледување на пророштвата на Даниел и Откровението на свети Јован“. Значи, библиските пророштва се еден од силните докази за нејзината божествена инспирација. Поради просторната ограниченост на овој спис, не ќе можеме да навлегуваме во многу други докази што ги има оној кој сака да верува.

Површни размислувања

Понекогаш може да се чуе изјавата: “Не ми е потребен вечен живот, доволен ми е и овој што сакам добро да го проживеам.“ Ваквите зборови се резултат на влијанието што го извршила материјалистичко – атеистичката филозофија, така што она нормалното станало нереално. Упорното противење или откажување на можноста дека постои вечен живот, кај некои најпосле успева да ја убие и желбата за самиот живот. Тоа би можело да се спореди со пијаница кој ноќе лежи во студен ендек и упорно ве убедува дека не сака ваша помош, зашто тука му е одлично и дека нему не му недостига ниту топлината на домот ниту удобноста на креветот. Ваквиот став е резлутат на нарушениот начин на размислување што го има тој човек во тој миг. Друга слика, која можеби е уште повпечатлива, е сликата на човек кој умира завеан во снег. Кога човек извесно време мрзне во снег, во еден миг почнуваат да му привидуваат прекрасни сцени, се чуствува убаво, не му е студено и не се обидува веќе да се спаси, ниту е свесен дека тоа треба да го стори час поскоро.

Се што е во мене вика против смртта, против најтрагичната појава на земјата. Помислата на вечно исчезнување на блиското и сакано лице згрозува секој нормален човек. Ако некој би ми рекол дека ќе живеам сто милијарди години и, кога ќе помине тоа време ќе морам да умрам еднаш засекогаш, сигурно би бил најнесреќен човек на светот. Ниеден човек кој здраво размислува не може да се помири со фактот за своето вечно исчезнување, без оглед колку долго траел неговиот живот пред да исчезне.

Лично искуство

Имав татко кој многу го сакав. Беше офицер и се наоѓаше под влијание на идеологијата што се пропагираше во негово време. Меѓутоа, кога Бог го привлече кон себе со својата љубов и со искуствата што ги доживеа со него, тој го отфрли својот дотогашен начин на размислување и стана искрен верник. Беше човек со добро и жаостиво срце, дури сакаше да се дружи и шегува со децата. Неговата весела и доброќудна природа го направи човек кој беше омилен во друштвото во кое се движеше.

Додека бев малечок, ми посветуваше многу време и би можело да се каже дека јас израснав на неговите колена. Често одевме заедно на прошетка, си прикажувавме – му бев најважно суштество на светот. Па и кога пораснав, нашата меѓусебна љубов и понатаму беше грижливо негувана. Сепак, животните околности не разделија, зашто јас заминав да живеам во еден подалечњн град. Помина доста време, а јас не го видов татко ми. Си пишувавме еден на друг, разговаравме преку телефон, но сепак ми недостигаше неговата топла насмевка и неговата срдечна прегратка.

Вечен мир! – колку добра, голема и убава е таа желба! О непознат добар човеку, ти благодарам за таа твоја желба! Живејте и борете се како најдобро што умеете, молете се на Бога и сакајте ја сета природа, но најмногу љубов, внимание и сочуство оставете за луѓето, за своите бедни браќа чијшто живот е непостојано снопче светлина меѓу две бесконечности. Сакаје ги луѓето, често помагајте им и секогаш пожалете ги, зашто сите луѓе ни се потребни.( Иво Андриќ )

А потоа, еден ден, кој секогаш ќе го паметам по тоа, дознав дека татко ми без ниту еден ден боледување, во својата 74-та година умре со ненадејна смрт. Таа болка неможе да ја сфати некој кој не загубил свој близок и мил. Особено тешко ми падна што долго пред тоа не го видов и што не бев близу до него да го испратам пред крајот кој со ништо не беше најавен. Во сите наредни години од мојот живот на оваа земја трагично е што никогаш веќе не ќе го видам тоа драго лице, ниту ќе го слушнам гласот што ме воведе во многу корисни сознанија, кој ме храбреше, ме веселеше и тешеше, што никогаш нема да ја помилувам неговата коса, ниту ќе ги видам повторно неговите очи, што не ќе можам да го прегрнам човекот за кого бев сигурен дека искрено ме сака. Зар мојот татко да се претвори во прав, никогаш повеќе да не слушне црцорење на птица, да не ја види убавината на цвеќето, живописниот залез на сонцето на море и она, најважното – нас кои го сакаме. Но не, јас знаев дека не е така, односно дека тоа е така, но само привремено. Ја отворив мојата Библија и читав за Лазара кога Исус го воскреснал од мртвите. Во таа пригода Исус Христос рекол: “Јас сум воскресение и живот, кој верува во мене – и да умре ќе живее. И секој кој живее и верува во мене, нема да умре довека“(Јован 11,25.26)

Овие зборови ме охрабрија затоа што се боженствено вистинити, а не продукт на илузии настанати со желбата да се намали стравот од смртта. Ниту еден човек уште не успеал да го реши овој најголем проблем на човечкиот род. Постои само Еден во историјата на човештвото кој изјавил дека има власт над смртта. Тој на тоа има право зашто со своето воскресение ја победил смртта. Сите други, кои граделе лични ставови за животот и смртта, сеуште се во своите гробови и така ја докажуваат сета празнина на своите сваќања. Исус не зборува само за животот – Тој е живот: “Јас сум пат, вистина, и живот; никој не доаѓа при Отецот, освен преку мене“ (Јован 14,6). Тој е единствената светлина што ја осветлува темнината на гробот.

“Не чудете се на тоа, зашто доаѓа часот во кој сите што се во гробовите ќе го чујат неговиот глас и ќе излезат од нив – оние што правеле добро ќе воскреснат за живот, а оние што правеле зло, ќе воскреснат за осудување“(Јован 5,28.29)

Заклучок

Не се впуштавме во разработка на некои основни филозофски правци. Сметам дека е потребно да се однесе вистината, а не да се побиваат сите заблуди што постојат. Секое трагање по смисла на животот може да заврши само со едно од двете можни одредишта. Прво е ставот дека човекот е слаб и поминлив смртник кој е сличен на брод без кормило, на кој му се закануваат подводни карпи. “На крај човекот дознава дека е дел на една бесчуствителна, бесконечна вселена во која се појавил сосема случајно и никаде не е искажана неговата судбина ниту неговата должност“ - колку тажно и стушено се одгласува на човековото секојдневие!

Другиот став укажува на Творецот, на Отецот полн со љубов кој копнее во текот на сета вечност да живее со суштествата на кои им подарил живот. Да се загуби ова знаци да се загуби се. И царот и питачот, и генијалниот и ментално заболениот, имаат иста судбина, освен ако е ова вистина. Меѓутоа, таа класификација нема да се одвива според овие критериуми што важат во животот на мнозинството луѓе, туку според чистотата на карактерот, љубовта и благодарноста. Ова што го бара Бог од човекот никогаш не го понижува човекот ниту го лишува од која и да е вистинска животна радост. Бог го повикува човекот при себе да го направи среќен и да му го покаже вистинскиот животен пат. Секој што ќе почне да ја чита Библијата ќе се увери дека таа е писмо на љубовта што му е упатено на секој човек. Ваквиот поглед на светот човекот уште во овој живот го прави посреќен и понапреден, но неговата посебна вредност лежи во перспективата на вечниот живот.

Под претпоставка дека Бог не постои, верникот со својата вера не загубил ништо, напротив, истражувањата покажале дека верниците имаат повеќе животен оптимизам и полесно излегуваат на крај со проблемите и несреќите. Ако Бог постои неверникот губи, а верникот добива вечност.

Луѓето посветуваат години на истражувања на некоја древна култура или на играњето шах. Нели оваа Божја понуда е достојна поподробно да се испита, макар на прв поглед и да не ни изгледа толку вистинита? Зар човештвото има подобра понуда? Од друга страна, можеме ли навистина да бидеме сигурни дека безброј милиони навистина веруваат во бесмислица? Дај му на Бог можност. Обиди се да го запознаеш. Убавината на животот со Бога не е можно да се објасни. Таа треба да се доживее. Дозволи и на Библијата да му проговори на твоето срце. Таму ќе го пронајдеш живиот Бог, наполно поинаков од оној што си го запознал низ приказните што си ги чул од другите. По твојата лична средба со него, никому веќе не ќе му биде потребно да те уверува дека Тој навистина е љубов, вистина и живот.

Еднаш Исус рекол: “Но вие сакате да дојдете кај мене за да имате живот“ (Јован 5,40).. Во овие зборови се чуствува длабокиот Христов копнеж за неговите созданија, искрена желба ним, за кои го дал својот живот, да им подари непоминлив живот. Во неговиот глас се слуша израз на болка, зошто луѓето тој живот не го сакаат.

Современиот човек и денес може да ја одбие неговата понуда, но со тоа ништо не ќе добие, напротив се ќе загуби. На нашиот небесен Отец ќе му биде искрено жал зашто за него секој од нас има неизмерна вредност. Без оглед колку деца имаат, за родителите секое од нив претставува непроценливо богатство. Најголемата одлука што мора да ја донесе секој човек во својот живот е одлуката да го прифати или да го отфрли Бога. Човекот може да се сомнева, но единствена надеж и единствен помошник на кој и да е смртник – полнота и смисла на неговиот живот - е неговиот вечен Спасител Исус Христос.

“Јас им давам вечен живот и никогаш нема да загинат и никој нема да ги отме од мојата рака“ (Јован 10,28).

Теологија-општо