Текстови

ЛЕКОВИТИ ЧАЕВИ

Лековитите билки се богатство кое ни го дал Бог. Познато е дека на нашето поднебје растат 300 до 400 видови драгоцени билки. За жал, со децении моќта која што и ја дал Бог на природната медицина неоправдано е запоставувана. Чаевите можат да ја подобрат вкупната состојба на организмот и да го спречат настанувањето на многу болести.

Кората од врба замена за аспиринот

Младата врбова кора од поодамна е позната како одлично средство за снижување на температурата. Аспиринот е настанат така што на синтетички начин е добиено она својство кое што го има кората на младата врба. Чајот се подготвува така што исушената млада врбова кора се вари десетина минути и чајот треба се пие што потопол. Се користи во сите случаеви кога е зголемена температурата како и кај инфективните болести проследени со висока температура.

Чајот од врбова кора помага за исфрлање на штетните токсини од организмот, помага болниот да се препоти и организмот да закрепне.

Камилица

Камилицата е исклучиво лековита билка и помага кај многу заболувања. Може да се подготвува како чај, но помага и кај физички повреди, воспалителни процеси, отоци, кога се користи како облога. Капки чај од камилица може да се стават на воспалено око.

Чајот од камилица дејствува лековито кај подуеност на стомакот, жолчните тегоби а помага и во работата на бубрезите. Може да се препорача и за подобрување на циркулацијата, а благотворно дејствува врз крвотокот, срцето и внатрешните органи.

Чајот се подготвува така што исушениот цвет од камилица се прелива со зовриена вода, се поклопува и се остава да опстои. Камилицата не смее да се остава да врие заедно со водата, бидеќи се губат етерските масла кои се исклучително лековити. Потребно е пет до седум грама цвет да се прелијат со 200 ml зовриена вода.

Нане

Еден од чаевите кој што се дава и на бебињата за да се спречат непријатните грчеви содржи нане. Тоа е благо и има голема примена кај сите воспалителни процеси во организмот. При подготвување на тешки јадења, посебно на гравот, доволно е да се додадат неколку ливчиња нане за да се избегнат сите тегоби со дуењето на стомакот.

Чајот се подготвува од ливчината кои се прелеваат со зовриена вода и се остава да опстои 15 минути.

Слез

Слезот се користи при кашлица, бронхитис и отежнато дишење. Помага кога се создава густ шлаем. Веќе час-два по употребата почнува неговото благотворно дејство. Се смирува воспалителниот процес и истиот ден ќе почне искашлувањето.

Од слезот се користи само неговиот корен. Се прелива со ладна вода, која претходно е провриена и се остава да отстои два часа. Слезот се пие во мали голтки, неколку пати дневно.

За разлика од чаевите за уживање, чаевите од лековити билки, по правило, не се заблажуваат и не треба да им се додава лимон или други состојки.