Текстови

КОГА ТРЕБА ДА ЈАДЕМЕ?

Многу често не водиме сметка за тоа кога јадеме, па поради тоа имаме проблем со стомакот, долгорочно гледано со прекумерната тежина и со здравјето. Современата медицина потврдува дека е многу важно во кој период од денот јадеме, колкаво количество храна внесуваме и каква храна јадеме.

КОГА ЖЕЛУДНИКОТ МАКСИМАЛНО РАБОТИ?

Заклучено е дека желудникот најмногу работи наутро меѓу 7 и 9 часот. Тогаш би требало да се јаде и да му се даде на желудникот храна која тој најдобро би ја искористил. Затоа се случува ако малку или доцна појадуваме веќе околу 11 часот да бидеме гладни.

КОГА ЖЕЛУДНИКОТ НАЈБАВНО РАБОТИ?

Стручњаците тврдат дека желудникот одмора меѓу 19 и 21 часот и тогаш не треба да се јаде. Се препорачува да вечерате околу 18 часот и тоа да биде помала порција лесна храна. Ако од објективни причини не можете да вечерате во 18 часот, тогаш тоа не треба да биде по 20 часот. Советот е оброкот да биде помал и полесен колку што подоцна вечераме. Во спортивно, кога навечер ќе се најадеме, тоа за нашиот стомак е напор како да не разбудил некој на сред вечер за да трчаме.

КОГА ТРЕБА ДА СЕ ПОЈАДУВА?

Најоптимално време за појадок е 40-ина минути по станувањето. Веднаш по станувањето на нашите органи им треба време да се разбудат и да се расонат. Органите за варење почнуваат да работат и првото што го прават е ,,детоксикацијата”. Кога тие тоа ќе го завршат, тогаш е време за појадок за да им дадеме ,,гориво”. Доколку одложиме или го прескокнеме појадок, желудникот го тераме да работи ,,на празно или да се јаде сам себеси”.

ДАЛИ ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ СЕКОЈ ДЕН ВО ИСТО ВРЕМЕ?

Пожелно е секој ден да се јаде во приближно исто време бидејќи организмот се навикнува на ритамот и тогаш желудникот и другите органи за варење се подготвени за храна и правилно ја обработуваат. Нередовната исхрана само го ,,збунува” нашиот дигестивен систем, така што тој лачи сокови во одреден период, а ние го оптоваруваме во некој друг.

КОЛКУ ХРАНА ТРЕБА ДА СЕ ИЗЕДЕ?

Количество храна е индивидуална, но кога редовно јадеме, тогаш треба и да одредиме количество храна (секако не премногу) кое можеме да го изедеме. Доколку еднаш јадеме малку, а друг пат многу – само го шокираме желудникот и го тераме неправилно да јаде.

КОЛКУ ПАТИ ДНЕВНО ТРЕБА ДА СЕ ЈАДЕ?

Стручњаците препорачуваат четири – пет помали оброци дневно. Тоа подразбира три поголеми оброци ( појадок, ручек и вечера ) и две ужинки ( некоја помала порција десерт или некое овошје).

ШТО ДА ПРАВИТЕ ЗА ВИКЕНДИ И ПРАЗНИЦИ?

Повеќето од нас се однесуваат погрешно, па порциите со храна се обилни во тек на викендите или празниците. Позитивно е дека во тек на викенд и празник семејството се собира на ручек и најчесто има најубава храна, но не е здраво ниту нормално тогаш да се прејадуваме. Вообичаено тоа се огромни количества на најразлична храна: предјадења, салати, супи, чорби, меса, вино или пиво, колачиња…

Викендот треба да се подготви поквалитетна и поубава храна, но ако во работните денови јадеме помали количества, а за викендот се преајдуваме, тогаш тоа е нездраво преоптоварување на организмот. Со такво неправилно однесување само создаваме услови за претерана дебелина.

Деновите од викендот и празниците треба да се искористат за дружење, за здрава нискокалорична храна, за прошетка и одмор.