Текстови

Даровите на Духот и заедништвото – Ден 39

Уште еден важен елемент со кој малата група би била успешна е користењето на даровите на Духот во црквата. Бидејќи плодовите на Духот се покажуваат во верниците исполнети со Духот, од суштинска важност е учесниците да бидат крстени со Светиот Дух. Во неколку поглавја на Новиот завет се расправа за духовните дарови. Најистакнати стихови во врска со духовните дарови се наоѓаат во Павловите посланија:

„Оти, како што во едно тело имаме многу органи, но сите членови не вршат една иста работа, па така и ние сме едно тело во Христа, а посебно еден на друг сме му органи. Според дадената благодат имаме разни дарови, ако е до пророштво,тогаш нека биде според верата, служба ли, нека служи, учител ли е – нека учи, наставник ли е – нека утешува, дарител ли, нека дарува, управител ли е,нека управува, кој што прави, нека го врши тоа со добра волја“ (Римјаните 12,4-8). „А на секого му се дава во него да се пројави Духот за полза, оти, на еден му дева преку Духот збор на мудрост, на друг – збор на знаење, преку истиот Дух, на еден – вера, на друг – дар за лекување, преку истиот Дух, на еден – да чини чуда, на друг – да пророкува, на еден – да ги разликува духовите, на друг – разни јазици, на трет – да толкува јазици. Сето ова го прави еден и ист Дух, распределувајќи секому пооделно, како што сака. И како што е телото едно, а има многу органи, и сите органи од тоа тело, па колку и да се тие, едно тело се – така и Христос“ (1. Коринќаните, 12,7-12). „А на секого од нас благодатта му е дадена според мерката на дарот Христов. Затоа е и речено: -’Издигајќи се на височина, плени плен и им даде дарови на луѓето’. А што означува ’издигајќи се’, ако не тоа дека Он слезе пред тоа во најдолните места на земјата. Слегнатиот е Истиот, кој се издигна повисоко од сите небеса,за да исполни се. И Он постави едни за апостоли, други за пророци, трети за евангелисти, четврти за пастири и за учители” (Ефесјаните 4, 7-11).

Овие дарови имаат исклучително важна улога во духовниот развој на верниците и Црквата. Павле прави споредба со човечкото тело и наведува разни делови на телото, укажувајќи на значењето кое го има секој дел во функционирањето на целиот организам. Заклучокот е јасен. Неопходно е секој дел добро да функционира за телото како целина да биде здраво и успешно во остварување на својата задача. „Оти и телото не се состои од еден орган, туку од многу. Ако ногата рече: бидејќи не сум рака, не сум од телото, зар само заради тоа таа не е од телото? И ако увото рече: бидејќи не сум око, не сум од телото, зар поради тоа увото не е од телото? Ако целото тело би било око, тогаш каде ќе е слухот? Кога целото тело би било слух, тогаш каде е мирисањето? Но, Бог ги наредил органите, секој од нив од телото така, како Му било угодно. Ако сите тие би биле еден орган, тогаш каде е телото? А сега се,пак, многу органи, но сепак едно тело. И не може окото да и рече на раката: ’Не си ми потребна’, ниту, пак, главата на нозете: ’Не сте ми потребни’. Напротив, оние органи од телото, кои ни изгледаат послаби, се многу попотребни“ (1. Коринќаните 12,14-22).

Павле зборува дека верниците исто така треба да се грижат едни за други (25 стих). Кога дејствуваат во црковното тело, даровите се покажуваат како голем благослов за секој член на Христовото тело. Од описот на Павле треба да биде сосем јасно дека даровите на Духот се неопходни доколку поедини христијани и Црквата сакаат да растат. Тврдењето на Павле дека верниците треба „еднакво да се грижат еден за друг“ јасно се однесува на вистинската христијанска заедница. За да доживееме длабоко сочувство со своите браќа верници, мораме навистина да ги познаваме. Мора да бидеме слободни да ги поделиме своите најдлабоки потреби, борби, надежи и соништа, доколку сакаме да служиме еден на друг. Павле го спомнува значењето при служењето еден на друг во стиховите: „Поднесувајте ги тешкотиите еден на друг, и исполнувајте го така законот Христов” (Галатите 6,2). Овој вид на заедница не е можно да се доживее ако Црквата се однесува на традиционален начин. Ако нашата поврзаност со верниците од нашата црква се гледа само во тоа што ги среќаваме во сабота наутро и топло ги поздравуваме, не постои можност да се случи библиско заедништво.

Даровите на Духот ќе делуваат на многу практичен начин благословувајќи ги оние во заедницата. На пример, учителскиот дар во Новиот Завет е дарот на поучување од Божјиот збор. Затоа може да се сфати од колкава важност е да се има таков дар во малата група. Целта на групата не е првенствено да стане група за проучување. Всушност има доволно простор за проучување на Библијата, но главното насочување на малите групи на христијани е богослужбата и исцелителното заедништво. Дарот на проучување, кој се вклопува во таа цел, ќе претставува голем благослов за сите што ќе доаѓаат на состаноците. Поуките треба накратко да се изнесуваат од Писмото, наместо да
бидат долги часови на проучување. Акцент треба да се стави на практичната примена на Писмото во решавањето на проблемите на поединците, кои се појавуваат во кругот на групата. Уште еден дар е дарот на поттикнување. Кога овој дар е присутен, Господ ќе го искористи во упатување зборови на охрабрување, утеха и надеж, посебно на учесниците на групата кои се навредени или кои се борат со некои тешки проблеми во својот живот. Појавата на тој дар носи практичен, поттикнувачки библиски совет на членовите на групата. Таквите духовни дарови, ако се појават во малата христијанска група, ќе му овозможат на Духот да им служи на сите учесници.