Елена Вајт ни дава јасен опис на Христовиот начин на сведочење: „Спасителот се придружил на луѓето како Оној Кој им посакува добро. Тој Го покажал Своето сочувство кон луѓето, служел на нивните потреби и ја придобивал нивната доверба. И тогаш ги повикал: ‘Следете Ме’ (Во потрага по подобар живот, стр. 77).
Со оглед на тоа дека Христовиот начин на сведочење, откако ќе бидеме крстени со Светиот Дух и откако Христос ќе почне да живее во нас, Тој ќе настојува тој начин на сведочење да се изразува и преку нас. Тој ќе нè повика да се „дружиме” со оние од нашиот круг на роднини и пријатели, ставајќи ја во нашето срце желбата „за нивното добро“. А најголемото добро за нив е да го запознаат Христа како свој Спасител.
Христовиот метод се гледа во преземање на иницијативи во контактите со луѓето кои се наоѓале околу Него. Тој сака и јас и вие да го правиме истото. Ако тоа ви е тешко, треба секогаш да се молите на Господа да ви помогне, и Тој секако дека сака да ви помогне! Имајте на ум дека Исус е Тој кој секогаш ќе ве поттикнува на такви дела. Ако продолжите да се потчинувате на неговото водство во секоја област на вашиот живот, вашето сведочење ќе стане слично на неговата метода. Кога постојано ќе се молиме за крштавање со Светиот Дух, Божјата љубов сè повеќе ќе се покажува од нашите срца: „А надежта пак нё разочарува, зашто Божјата љубов е излеана во нашите срца преку Светиот Дух, Кој ни е даден” (Римјаните 5,5).
Таа љубов ќе биде употребена во нашата служба за другите. Тие постепено ќе се уверат во нашата искрена грижа за нив, и со текот на времето ќе сакаат да со нас ги делат оние работи кои се однесуваат на нивниот живот. Секој човек страда, доживува изневерени соништа, фрустрации и болки со кои се бори. Од таа причина Христос ве упатува кон нив. Тој знае за нивните потреби, а знае и дали вие имате одговор на тоа. Христос сака тој одговор да им го открие преку вас. Елена Вајт, во таа смисла пишува: „Во Божјиот народ премалку се негува христијанското …Оние кои ја почувствувале Христијанската љубов особено треба да ги развиваат своите друштвени особини, бидејќи на тој начин ќе ги придобијат душите за Спасителот” (Testemonies for the Chruch, кн. 6, стр. 172). „…Личните контакти и дружењето со луѓето ќе направат спасоносната сила на Евангелието да допре до нив” (Мисли од гората на блаженствата,
стр. 48; издание 2009).
Како сето ова може да се примени во животот на христијанинот исполнет со Светиот Дух? Најнапред, молете се Христос да продолжи да ве исполнува со Светиот Дух и да ви подари љубов како неговата. Направете список на луѓе од семејниот круг во кругот на пријатели за кои сметате дека не Го познаваат Христа, или можеби се христијани, а не знаат за важната вест за Христовото второ доаѓање. Молете се за тие поединци секојдневно, применувајќи ги молитвените принципи наведени во предходното молитвено проучување. Потоа, молете се да Бог ви даде прилика да им се приближите за да можете на некој начин да им помогнете.
Мора да бидеме подготвени да го вложиме потребното време и потребната енергија за да им се приближиме на луѓето. Нашето интересирање за нив мора да биде искрено; мора искрено да се грижиме за нив и да сакаме да им помогнеме. Кога сте во контакт со оние за кои се молите, побарајте ја приликата која Бог ви ја дава да ја употребите заедно со нив. Секогаш имајте на ум дека Бог настојува нивниот ум и интересирање да ги привлече кон Себе. Во многу случаи Нему е потребно да му се ставиме на располагање за тие луѓе да ги охрабриме. Бог ќе ви даде што треба да кажете. Тој знае што им е потребно да слушнат, а силата на Светиот Дух ќе ги следи зборовите што сте ги изговориле.