Текстови

Лаодикејскиот проблем на црквата – Ден 21

Во книгата Откровение, Бог ја дал пророчката историја на христијанската црква, а во главите 2 и 3 се опишуваат седумте временски периоди од црковната историја на буквалните седум Цркви во Азија. Исто така, тие се однесуваат и на седумте црковни историски временски периоди, од апостолска црква во првите нејзини денови па сè до денес.

Седумте Цркви се опишани во Откровение 3,14-21:
„И на ангелот на црквата во Лаодикеја напиши му: ова го зборува Амин, верниот и вистинскиот Сведок; Почетокот на Божјото создание, ги знам твоите дела, дека не си ни студен ни врел. О, кога би бил студен или врел! Вака, бидејќи си млак, и не си ниту врел, ниту студен, ќе те изблувам од Својата уста. Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол. Те советувам да купиш од мене злато, прочистено во оган, за да се збогатиш, и бели облеки, за да се облечеш и да не се појави срамотата на твојата голота; и очна маст, за да гледаш. Јас ги укорувам и казнувам оние кои ги љубам; затоа биди ревносен и покај се! Еве стојам на вратата и чукам, ако некој го чуе Мојот глас и ја отвори вратата, ќе влезам при него и ќе вечерам со него, и тој со Мене. На оној, кој победува, ќе му дадам да седне со Мене на Мојот престол, како што и Јас победив и седнав со Мојот Татко на Неговиот престол“.

Денешната состојба на Црквата се нарекува Лаодикеја. Градот Лаодикеја бил познат по своите терапевтски топли и студени водени бањи. Ползата од хидротерапија денес нам ни е добро позната, и тоа е важно за да сфатиме зошто Бог ја опишува денешната Црква како млака, ниту топла ниту студена (16 стих). Млакоста за Бога е толку одвратна, а доколку Црквата остане во таквата состојба, Тој ќе ја изблува од својата уста. Зошто млакоста е толку сериозна состојба во Божјите очи? Значи, Бог сака неговата Црква да биде или млака или студена – Тој сака таа на оваа земја да делува терапевтски. Млаката црква не дејствува како терапија – таа може да биде малку корисна за оние кои доаѓаат во контакт со неа. Но на Бога му е потребна Црква која ќе донесува живот каде и да се појави. Ова е слично со Исусовата изјава, каде што Тој вели дека Црквата треба да биде „сол на земјата”: „Вие сте солта на земјата, но ако солта стане блуткава, со што ќе се осоли? Веќе нема сила за ништо, освен да биде фрлена надвор и луѓето да ја изгазат” (Матеј 5,13)

И терапијата со топло-студено има терапевтско дејство. Исус во Откровението вели дека оние што ќе остануваат во млака, нетерапевтска состојба, ќе бидат изблувани од Неговата уста. Во Евангелието според Матеј Тој вели дека солта што ќе стане блуткава, ќе биде фрлена надвор (5,13). Исус зборува за истата состојба во Откровението и во Евангелието според Матеј. Ако Црквата не делува терапевтски, таа за Бога нема никаква вредност, и на крајот ќе биде отфрлена. Исус кажува дека од Неговата Црква треба да потече живот: „Кој верува во Мене – како што е кажано во Писмото: од неговата внатрешност ќе потечат реки на жива вода” (Јован7,38).

Јован вака го протолкувал она што Исус Го мислел: „Тоа го рече, пак, за Духот, Кого ќе Го примат оние, кои веруваат во него; зашто Духот уште не беше слезен, зашто Исус уште не беше прославен” (Јован 7,39). Со крштавање со
Светиот Дух, од црквата ќе потече живот. Јасно можеме да видиме дека Божјата опомена упатена до лаодикејските христијани, христијаните на последното време, е мошне сериозна. Доколку сакаме да бидеме приготвени да се сретнеме со Исус кога ќе дојде, мора да се подигнеме од нашата состојба и да Му дозволиме на Бога да нè менува од нетерапевтско во терапевтско средство. Болна е вистината дека лаодикејските христијани не се ниту свесни за својата опасна духовна состојба: „Зашто велиш: богат сум и се збогатив, и ништо не ми треба, а не знаеш дека си беден и несреќен, и сиромав и слеп, и гол” (Открoвение 3,17)