Божјиот збор ни укажува колку е неопходна молитвата како за поединецот така и за Црквата, со цел да искусиме вистинско оживување: „Зар нема да нè оживееш пак, за да се радува Твојот народ во Тебе?” (Псалм 85,6). Молитвата е неопходна за рушење на сатанските „утврдувања” и за спасување на изгубените:
„Зашто оружјето на нашето војување не е телесно, туку е силно во Бога за разурнување на тврдини, па ги рушиме мудрувањата; и секое превознесување што се крева против познавањето на Бога; и ја поробуваме секоја мисла за послушност на Христа“ (2. Коринќаните 10,4.5) За христијанинот молитвата е неопходна за да остане цврст во Господа: „Со секаква просба и молитва, молете се во Духот во секое време, и заради тоа бдејте со сето постојанство и со молба за сите свети” (Ефесјаните 6,18).
Сметам дека е чудесно тоа што молитвата која изгледа толку слаба и безначајна за телесниот човек, всушност е толку неопходна и моќна во очите на духовната личност. Зошто молитвата е толку важна и неопходна за Божјото дело?
Оние за кои знаеме дека се далеку од Христос и живеат под сатанската власт, се наоѓаат во мошне опасна положба. Доколку не се променат, нивната вечна судбина се наоѓа во опасност. Сепак, тие сами по себе не се во состојба да направат промена. Павле, нив ги опишува како оние на кои умот им е заслепен под дејството на сатаната: „Ако пак е покриено нашето Евангелие, покриено е за оние, кои загинуваат; за неверните, на кои богот на овој свет им го заслепил разумот, за да не ги осветли светлината на Евангелието за славата на Христа, Кој е Божји лик“ (2. Коринќаните 4,3.4). Изгубените се слепи за Евангелието затоа што тоа е „скриено” од нивните очи. Зборот кој е преведен како скриен е грчкиот збор kalupsis, кој се однесува на превез.
Клучна работа во спасувањето на изгубените е симнување на тој превез што ги покрива нивните очи. Со додавање на префиксот aro за грчкиот збор превез, тој збор ќе стане „откривање” или „симнување на превезот”. Оттука произлегува потребата за симнување на превезот од очите и откривање на Божјата Вистина. На изгубените не им се потребно информации – на нив им треба симнување на превезот од нивниот ум да можат да ја „видат” вистината на Евангелието. Едно важно прашање, вака гласи: како тоа симнување на превезот може да се случи во животот на изгубените?
Посредничката молитва го симнува превезот, кој претставува причина за духовното слепило, од умот на неверникот. Сатаната во умот на изгубениот всадил фантазии и погрешни мисли и поставил свои „упоришта”. Добрата вест гласи дека Бог на христијанинот му дал овластувања да ги урне сатанските упоришта и затоа да ги „рушиме мудрувањата; и секое превознесување што се крева против познавањето на Бога; и ја поробуваме секоја мисла за послушност на Христа“ (2. Коринќаните 10,4.5).
Овие два стиха се многу важни кога е во прашање препознавањето на потребата од посредничка молитва во спасувањето на изгубените. Елена Вајт јасно ја сфатила неопходноста за оние кои се далку од Христа, кога пишува: „За душите мора да работите со многу молитви, бидејќи тоа е едниствената метода со која можеме да допреме до срцата. Тоа не е ваша работа, туку на Христа кој се наоѓа покрај вас и влијае на срцата на луѓето” (Евангелизам, стр. 341)
Како луѓе што веруваат во Христа, ние имаме право нашите барања да ги упатиме пред престолот на милоста во полза на изгубените. Во своите молитви вклучете го следното:
• Бог да ги привлече кон себе:
• „Никој не може да дојде при Мене, ако не го привлече Таткото, Кој ме прати, и Јас ќе го воскреснам во последниот ден“ (Јован 6,44).
• Подлабоко да го запознаат Бога:
„За да Го бараат Бога; не би ли Го напипале и нашле некако, зашто Тој не е далеку од ниеден од нас” (Дела на апостолите 17,27).
• Да веруваат во Божјиот збор:
„И затоа и ние Му благодариме на Бога постојано зашто, примајќи го Божјото слово, што сте го чуле од нас, го примивте не како човечко слово, туку како Божјо слово – какво е навистина – кое и дејствува во вас, кои верувате” (1. Солуњаните 2,13).
• Сатаната да биде спречен да ги заслепува за вистината и да се поништи неговото влијание врз нивниот живот (2. Коринќаните 4,4; 10,4.5 – наведено предходно).
• Светиот Дух да делува во нив:
„Еден од Неговите ученици, Андреј братот на Симона Петра, Му рече: „А кога ќе дојде Тој, ќе го увери светот за грев и за правда и за суд. За грев – зашто не веруваат во Мене; за правда – зашто си одам при Мојот Татко, и веќе нема да Ме видите; за суд – зашто е осуден кнезот на овој свет. Имам уште многу да ви кажам, но сега не можете да носите. А кога ќе дојде Тој, Духот на Вистината, ќе ве упати во сета вистина, зашто нема да зборува Сам од Себе, а ќе зборува она што слуша, и ќе ви навести за нештата што ќе дојдат“ (Јован 16,8-13).
• Да се одвратат од гревот:
„Затоа, покајте се и обратете се, за да ви бидат избришани гревовите, за да дојдат, од лицето на Господа времиња на освежување” (Дела на апостолите 3,19).
• Да веруваат во Христа како Спасител:
„А на сите кои Го примија, им даде власт да станат Божји деца, на оние кои веруваат во Неговото име” (Јован 1,12).
• Да бидат послушни на Христос како на Господа:
„Не секој, што Ми вели: ‘Господи, Господи!’ ќе влезе во царството небесно, а оној, кој ја врши волјата на Мојот Татко, Кој е во небесата“ (Матеј 7,21).
• Да се вкоренат и да растат во Христа:
„И така, како што Го примивте Христа Исуса, Господа, така и да одете во Него: вкоренети и надѕидани во Него и зацврстени во верата, како што сте поучени, изобилувајќи во благодарноста” (Колошаните 2,6.7).