Скршена е моќта на гревот – Ден 27

Радосната вест, Евангелието на Исуса Христа, има повеќе страни. Една од нив е дека на крстот е скршена моќта на грешната природа за сите оние што го прифаќаат Христа и веруваат во него: „Тоа го знаеме: нашиот стар човек е распнат заедно со него, за да биде уништено телото на гревот, па да не му робуваме веќе на гревот“ (Римјаните 6,6). „Така и вие сметајте се себеси мртви за гревот, но живи за Бога во Исуса Христа нашиот Господ!” (11. стих).

Кога Исус умрел на крстот, силата на грешната природа во животот на секој верник била скршена. Тоа е историски факт. Но, ова станува реалност во животот на христијанинот, само ако тој верува во тоа. Тоа значи дека оној дел од вашата природа кој не проштава, кој нё се гневи, кој ја негува страста, кој е полн со страв – листата може да се продолжи до недоглед – умрел на крстот. Тоа е величествена вест! Тоа значи дека со нас нема да владеат нашите нељубезни ставови, нашето непроштавање, гнев, страсни мисли и желби…

Скршена е моќта на тие грешни желби, ставови и однесувања. Проблемот на кој наидуваат повеќето христијани, читајќи ги библиските стихови, се состои во тоа тие да донесат заклучок дека тогаш ќе бидат во состојба да го послушаат Бога, со негова помош. На пример, набљудувајте еден христијанин кој се бори со гневот. Тој вака размислува: Ако силата на неговата грешна природа е скршена на крстот, тој сега може да престане да се гневи кога нешто ќе се случи што би можело да го рагневи. Тој чувствува големо олеснување, исполнет е со самодоверба дека може конечно да издвојува победа. Но набрзо се случува нешто што во него ќе предизвика гнев. Можеби некој во возење ќе му го пресече патот или ќе му рече нешто нељубезно. Тој вложува напор да го совлада тоа во себе, но само за да сфати дека таа негова слабост е упорна. Тој не сака такви чувства, но изгледа беспомошен, бидејќи не може да ги реши.

Почнува да се прашува зошто гневот како чувство се јавува во него. И тогаш доаѓа до заклучок дека можеби не го барал Бога, па поради тоа и не ја примил Неговата сила да му помогне во напорот да го совлада гневот. Затоа се моли Бог да му го отстрани гневот, да му ја даде непоходната сила и да му подари победа. Но, дури и тогаш доживува, по истиот образец, да биде совладан од гревовите. Се појавува голема збунетост и чувство на пораз. Тој повторно ја доведува во прашање својата искреност и нема мир во своето заедништво со Бога.

Сосема е точно дека моќта на нашата грешна природа е скршена на крстот. Но, тоа не значи дека, бидејќи сега веруваме во тоа, дека можеме да станеме послушни на Бога ако го вложиме нашиот напор во таа смисла. Не заборавајте, ние во себе и по себе немаме способност да му бидеме послушни на Бога, иако е поразително влијанието на нашата грешна природа, која е поништена на крстот. Не е доволно ако само знаеме и веруваме на таа вистина. Не. Постои само еден начин да ја придобиеме победата за која копнееме.

Победата над искушението и гревот ќе се случат во нашиот живот само ако веруваме во вистината на распнувањето на нашата грешна природа и доколку Му дозволиме на Христа да ни ја даде Својата победа. Мора да разбереме дека ќе бидеме победници над гревот и над искушението само ако му дозволиме во нас да го живее својот победоносен живот: „Имено, не знаејќи, што е Божјата правда и сакајќи да ја воспостават својата сопствена, не ў се покорија на Божјата правда. Зашто Христос е свршетокот на Законот, за правда на секој, кој верува“ (Римјаните 10,3.4). „Зашто за мене живот е Христос, а умирањето – придобивка (Филипјаните 1,21).