Верниците отсекогаш сметале дека здружената молитва на христијаните заради посебна цел претставува суштински дел на христијанскиот живот. Едно време мислев дека здружената молитва се однесува на двајца или повеќе христијани што се молат заедно. Во текот на молитвата секој би се молел за нешто што би му дошло на ум. Дека секоја молитва има некои заеднички елементи и извесен број барања кои се разликуваат од молбите на останатите молители. Тоа не е библиска дефиниција на здружена христијанска молитва. Не, здружена молитва подразбира двајца или повеќе христијани да се молат за иста работа.
Тие се соединуваат во желбата, намерите и барањата. Се молат заедно на исто место и во исто време, сосредоточувајќи се на една работа во молитвата, но можат да се молат заедно и преку телефон. Меѓутоа, позајакнати ќе бидат ако можат да се собираат на зедничка молитва. Во нашиот личен живот, молитвата во заедница со другите верници, претставува моќна сила во борбата против сатаната. Токму затоа Јаков нè советува да се здружиме во молитва за болните и да се молиме еден за друг:
„Болен ли е некој меѓу вас, нека ги повика презвитерите црковни, та да се помолат и да извршат помазание над него со елеј во името Господово. И молитвата со вера ќе го исцели болниот, и Господ ќе го крене; и гревови, ако направил, ќе му се простат. Исповедајте си ги гревовите еден на друг и молете се еден за друг за да се исцелите. Голема сила има усрдната молитва на праведникот” (Јаков 5,14-16). Всушност, оние што се подготвуваат да се сретнат со Исуса при неговото второ доаѓање, неопходно е да бидат соединети во вистинска молитва еден за друг. Ние не сме создадени да се бориме сами со сатаната. Потребно е да се молиме едни за други за целосно да извојуваме победа над непријателот.
Здружената молитва е исто така важна за унапредување на Божјето царство на оваа Земја. Сатаната ќе се спротивставува на секој напредок на Божјето дело. Здружената молитва многу ќе ја зголеми Божјата сила насочена кон унапредување на неговото царство. Стариот завет на многу места ги спомнува верниците соединети во заедничка молитва. „Учителот” во книгата Проповедник, ни нуди важна поука за тоа колку е важно и други да ни се придружат во нашата борба против нашиот непријател, сатаната. „И, ако некој го надвие едниот, тоа двајца ќе го навасаат; и јажето, трипати усукано, нема лесно да се скине” (Проповедник 4,12). Трета Мојсеева кажува: „Петмина од вас ќе прогонуваат сто души, и сто од вас ќе прогонуваат десет илјади, и непријателите ваши ќе паднат од меч пред вас“ (3. Мојсеева 26,8).
Ако се обидуваме сами да се бориме против сатаната и неговите искушенија, полесно ќе бидеме совладани. Како што кажува „Проповедникот”, еден лесно може да биде победен, додека двајца можат да се одбранат, а тројца се уште посилни. Затоа заедништвото во молитва со другите христијани е толку значајно и моќно. Исус изговорил впечатливи зборови за важноста – па дури и за неопходноста – двајца или повеќе верни да се здружат во заедничка молитва. „Пак ви велам: ако двајца од вас се согласат на земјата да молат за нешто, што и да било, ќе им биде дадено од Мојот Отец, Кој е на небесата; зашто, каде се двајца или тројца собрани во Мое име, таму сум и Јас среде нив” (Матеј 18,19.20). Каде што двајца или тројца верници се молат заедно во Духот, можат со сигурност да знаате дека Бог ќе ја слушне и ќе ја исполни нивната молитва:
„И тоа е увереноста, која ја имаме пред Него, дека ако побараме нешто по Неговата волја, Тој нè услишува. А кога знаеме дека ни услишува што и да побараме, знаеме дека ќе добиеме, што и да сме побарале од Него” (1. Јованово 5,14.15)