КАРНЕВАЛИ – ОСТАТОЦИ ОД ПАГАНСТВОТО
Некои етнолози обичаите со маски ги поврзуваат со култот на предците, култот на умрените, односно овие обичаи и верувања ги поврзуваат со инкарнацијата на душите на мртвите предци кои, според народното верување, еднаш годишно ги посетуваат живите потомци. Други, пак, во денешните обичаи со маски гледаат континуитет на античките баханалии и дионизии, а подоцна и