Знам Боже дека Твојата љубов е над моите сваќања. Ти благодарам што каде и да одам и што и да се случи јас никогаш нема да ја изгубам твојата љубов.
Амин
И ние ја запознавме и веруваме во љубовта која Бог ја има кон нас. Бог е љубов и кој останува во љубовта останува во Бога и Бог останува во него.
(1Јованово 4;16)
Зашто Самиот Татко ве њуби зошто вие Ме љубевте Мене и верувате дека Јас сум излегол од Бога.
(Јован 16:27)
Ние Го љубиме зошто прво Тој не возљуби нас.
(1 Јованово 4:19)
Зашто Бог толку го возљуби светот што Го даде Својот Единороден Син та секој кој верува во него да не загине туку да има вечен живот.
(Јован 3:16)
Господ им ги отвара очите на слепите. Господ ги исправа наведнатите, Господ ги љуби праведните.
(Псалм 146:8)
Патот на нечесните Му е омразен на Господа а возљубен Му е оној кој оди по правдата.
(Пословици 15:9)
Како што младецот се жени со девица така синовите ќе се оженат за тебе и како што младоженецот и се радува на невестата твојот Бог ќе ти се радува тебе.
(Исаја 62:5)
Љубовта е во ова не дека ние сме Го возљубиле Бога туку Тој не возљуби нас и Го испрати Својот Син како жртва помирница за нашите гревови.
(1 Јованово 4:10)
И ќе се радувам правејќи им добро и цврсто ќе ги засадам во оваа земја со сето свое срце и со сета своја душа.
(Еремија 32:4)
Ќе ги исцелам од нивното отпаѓање ќе ги љубам од сето срце зашто Мојот гнев се одврати од нив.
(Осија 14:5)
Љубовта е најдоброто нешто што Бог може да ни го даде ;Зошто Тој Самиот е љубов и е најдоброто нешто што ние можеме да му го дадеме на Бог.
Jeremy Taylor
Господ твојот Бог е во твоја средина силен спасител! Тој ќе ти се радува тебе полн со веселба ќе ти биде милостив во Својата љубов ќе воскликнува радосно над тебе.
(Софонија 3:17)
Им го објавив Твоето име и ќе го објавувам па љубовта со која Ме возљуби да биде во нив и Јас во нив.
(Јован 17:26)
Ќе те љуби, ќе те благословуива и ќе те размножува, ќе го благословува плодот на твојата утроба и родот на твојата земја, твоето жито, твоето вино, твоето масло, рожбите на твоите говеда и прирастот на твојот добиток во земјата за која им се заколна на твоите татковци дека ќе ти ја даде тебе.
(Второзаконие 7:13)
Но Бог Кој е богат во милост поради Својата голема љубов со која не возљуби нас не оживе заедно со Христа и нас кои бевме мртви поради нашите гревови – по благодат сте спасени! – и со Него не воскресна и со Него не седна во небесните места во Христа Исуса та во идните векови да го покаже преголемото бногатство на Својата благодат според Својата добрина кон нас во Христа Исуса.
(Ефесјаните 2:47)
А Самиот Господ наш Исус Христоос и Бог нашиот Татко Кој не возљуби нас и ни даде вечна утеха и добра надеж по благодатта да ги утеши вашите срца и да ве утврди во сеење добро дело и слово!
(2Солунјани 2:16-17)