Понекогаш Боже, христијаните те прават сериозен, контролор на радоста, и чекаш да не удриш по глава ако ги поминеме границите. Исусе те молам потсети ме дека си по ликот божји и дека се ова е лага. Ти благодарам што си родител полн со љубов кој секогаш го посакува најдоброто за мене дури и кога велиш не! знам дека е само затоа што сакаш многу подобро за мене. Помогни ми да ја видам твојата љубов дури и кога ме корегираш.
Амин
Затоа не се истоштуваме па и ако се распаѓа нашиот надворешен човек внатрешниот се обновува од ден на ден. Зошто нашата сегашна лесна неволја ни донесува прекумерно неизмерно вечно изобилство на слава.
(2 Коринтјаните 4:16-17)
Тогаш признај во своето срце дека Господ твојот Бог те воспитува и те поправува како што човекот го воспитува својот син!
(Второзаконие 8:5)
Нашиот Бог не бара од нас да се откажеме од нештата на земјата туку да ги замениме за подобри нешта.
Фултон. Џ. Шин
Тој ранува но ја преврзува раната, удира и залечува со својата рака.
(Јов 5:17-18)
Зошто кого Господ го љуби него и го изобличува како таткото синот, кого го љуби!
(Пословици 3:12)
Блажен е човекот кого ти го поучуваш Господи и го учиш на Својот закон да му дадеш мир во несреќни денови, додека се копа гроб за злочинецот.
(Псалми 94:12-13)
Имено тие не казнуваа за малку денови како што им беше угодно а Тој за наша полза за да станеме учесници на Неговата светост. Навистина секоја казна во сегашноста не изгледа дека е за радост, туку за жалост. Но подоцна им донесува мирен плод на праведност на оние кои се обучувале преку неа.
(Евреите 12:10-11)
Зошто велиме не? Со цел да кажеме да на тоа што е навистина важно.
Мирјам Адени
Зошто Господ го казнува оној кого го љуби, а го бие секој син кого што го прима. Ако трпите укорување Бог постапува со вас како со синови. Зошто кој е тој син кого таткото не го казнува?
(Евреите 12:6-7)