Брак

Господи се радувам што Ти го создаде законот за брак. Ти благодарам што на сите начини се откриваш себеси на светот преку оваа специјална врска. Се молам за Твој благослов и сила и радост за сите бракови секаде.
Амин

Уживај го животот со жената која ја љубиш во сите денови на својот суетен век што Бог  ти го дава под сонцето. (Проповедник 9:9)

Пиј вода од Твојот извор и од онаа што извира од твојот кладенец. (Пословици 5:15)

Целта во бракот не е да мислите слично туку да мислите да мислите заедно. Robert C. Dodds

Мажот нека ја исполнува својата должност спрема жената а исто така и жената спрема мажот! (Коринтјаните 7:3)

Жените да им се покоруваат на своите мажи како на Господа зашто мажот е глава на жената како што е и Христос Глава на Црквата и Тој е Спасител на телото! (Ефесјаните 5:22-23)

Нека е благословен твојот извор и радувај се со жената на Својата младост. Нека ти е како мила срна и љубезна кошута, нека те напојуваат нејзините гради во секое време и нејзината љубов те восхитува непрекратно. Па зошто сине мој би се занесувал по туѓа жена и би ги прегрнувал градите на туѓинката? (Пословици 5:18-20)

Жени покорувајте им се на своите мажи, како што им прилега во Господа! Мажи љубете ги своите жени и не бидете груби кон нив. (Колосјаните 3:18-19)

Мажи љубете ги своите жени како што и Христос ја возљуби Црквата и Се предаде Сам Себеси за Неа. (Ефесјаните 5:25)

Така и мажите се должни да ги љубат своите жени како своите тела. Кој ја љуби својата жена се љуби себеси. (Ефесјаните 5:28)

Затоа човекот ќе ги остави татка си и мајка си и ќе се прилепи кон својата жена и двајцата ќе станат едно тело. (Ефесјаните 5:31)