Братска љубов

Ти благодарам Исусе за сите луѓе што ги сакам. Знам, јас го гледам твојот лик во нив – помогни им тие да го видат Твојот лик во мене.
Амин

Ви давам нова заповед: да се љубите еден со друг како што Јас ве љубев вас така и вие да се љубите еден со друг. По тоа сите ќе познаат дека сте Мои ученици ако имате љубов помеѓу себе.
(Јован 13:34-35)

Откако преку Духот ги очистивте вашите души во послушност кон вистината за нелицемерно братожубие љубете се истрајно еден друг од чисто срце.
(1 Петрово 1:22)

Човечката љубов и убавината на пријателството се основата на која се градат спомените кои траат и исто така се богатството кое ќе остане и долго по нас.
Bede Jarrett

Љубовта нека ви биде нелицемерна! Отстранувајте се од злото прилепувајте се кон доброто. Љубете се еден друг срдечно со братска љубов! натпреварувајте се во почитување еден кон друг!
(Римјаните 12:9-10)

А за братољубието нема потреба да ви пишувам зошто Самиот Бог ве научи да се љубите еден друг.
(1Солунјаните 4:9)

Кој го љуби својот брат останува во светлината и во него нема соблазан.
(1 Јованово 2:10)

Возљубени да се љубиме еден со друг зошто љубовта е од Бога и секој кој љуби од Бога е роден и Го познава Бога. А кој не љуби не Го познава Бога зашто Бог е љубов.
(1Јованово 4:7-8)

Дечиња мои да не љубиме со зборови или само со јазикот туку во дело и вистина.
(1Јованово 3:18)

Возљубени ако Бог не возљуби така и ние треба да се љубиме еден со друг.
(1 Јованово 4:11)

И така облечете се како Божји избраници свети и возљубени во милосрдно срце благост, смиреност, кроткост, трпеливост! Трпете се еден со друг и проштевајте си еден на друг ако некој има поплаки против некого како што и Господ ви прости вам така проштевајте и вие !
(Колосјаните 3:12-13)