Текстови

Должности кон нашите родители

Ти благодарам за моите родители Боже. Дури и сега кога сум возрасен нека нашиот однос продолжи да расте. Излечи ги нивните стари срца и јадосаноста со Твојот Свет Дух.

Ти благодарам за се што ми даваш преку нив двајца – и помогни ми никогаш да не бидам презафатен за да им покажам колку многу ги сакам.

Амин

Деца слушајте ги своите родители зошто тоа е право. ,, Почитувај ги својот татко и мајка- тоа е првата заповед со ветување – за да ти биде добро и за да живееш долго на земјата! (Ефесјаните 6:1-3)

Ние не можеме да ги избереме нашите родители ниту како да се однесуваат со нас, но имаме избор дали сакаме да им простиме на нашите родители за ние да се исцелиме. Берни Сигал

Деца слушајте ги вашите родители во се зошто тоа му е угодно на Господа! (Колошаните 3:20)

Ги знаеш заповедите: Не прељубодејствувај! Не убивај! Не кради! Не сведочи лажно! Почитувај ги татко си и мајка си ! (Лука 18:20)

Проклет да биде кој ги навредува татко си и мајка си ! И сиот народ да рече : Амин! (Второзаконие 27:16)

Бојте се секој од својата мајка и од својот татко и пазете ги моите Саботи: Јас сум Господ ваш Бог! (Левит 19:3)

Почитувај ги татко си и мајка си, како што Господ твојот Бог ти заповеда, за да живееш долго и за да ти биде добро на земјата што Господ твојот Бог ти ја дава. (Второзаконие 5:16)

Сине мој пази ги заповедите на својот татко и не отфрлај ја науката на својата мајка. (Пословици 6:20)

Мудриот син ја слуша татковата поука, а потсмевачот не го слуша изобличувањето. (Пословици 13 :1)

Безумниот ја презира поуката на својот татко а кој прима укор е благоразумен. (Пословици 13:1)

И детето се познава според она што го прави дали е чисто и праведно неговото дело. (Пословици 15:5)

Пословици Соломонови: Мудриот син го радува таткото а безумниот син е тага на својата мајка. (Пословици 10:1)

Кој го пази Законот е разумен син, а кој се дружи со ненаситниците го срамоти татка си! (Пословици 28:7)

Од примерот за љубовта на едно семејство целата држава стана сакана. Големото Учење (500 години Пред Христа)

Така деца послушајте ме блазе им на оние кои ги чуваат моите патишта. Послушајте ја поуката за да добиете мудрост и не ја отфрлајте. (Пословици 8:32-33)

Слушај го својот татко, својот родител и не презирај ја мајката кога ќе остари. Многу ќе се радува таткото на праведникот и кој раѓа мудар син ќе има милина во него. Нека се веселат татко ти и мајка ти и нека се радува твојата родителка-сине мој дај ми го своето срце и нека твоите очи внимаваат на моите патишта. (Пословици 23:22,24-26)