Текстови

Должности на родителите

Благослови ги сите родители Боже. Дај им сила, љубов и трпение. Искористи ги за Твоја слава.
Амин

Зашто Јас го познавам него тој ќе ти ги поучува своите деца и својот дом после него како да одат по Господовиот пат и да прават она што е праведно и добро, така да може Господ да го исполни она што му го вети на Авраама.
(Битие 18:19)

Во домот детето ги учи основните темели на одговорноста за постапките: прво за тие околу него и конечно кон Бога.
Maxine Hancock

Не ќе го кримене од нивните деца, ќе го предадеме на идното поколение. Господовата слава и неговата сила и чудесните дела што ги направи. Тој постави сведоштво за јакова положи закон во Израел. Тоа што им го заповеда на нашите татковци, тие да му го соопштат на своите деца да знае идното поколение и синовите што ќе се родат да им раскажуваат на своите деца, својата надеж да ја положат на бога и да не ги заборават Божјите дела туку да ги исполнуваат Неговите заповеди.
(Псалм 78:4-7)

Подучете ги на нив своите синови, изговорувајте ги кога седите во својата куќа и кога одите патем кога легнувате и кога станувате.
(Второзаконие 11:19)

На тој ден објасни му на твојот син: Ова е поради тоа што Господ ми стори кога се спасив од Египет.
(Излез 13:8)

Затоа внимавај и чувај се добро да не ги заборавиш делата што ги виде со свои очи нека не ти исчезнат од срцето ниту во еден ден на твојот живот спротивно поучи ги за нив твоите синови и синовите на твоите синови. Оној ден кога стоеше на Хорив пред Господа својот Бог Господ ми рече: “Собери Ми го народот! Сакам да ги чујат Моите зборови, за да се научат да се бојат од Мене за целото време додека ќе живеат на земјата па да ги поучат за нив и своите деца.”
(Второзаконие4:9-10)

Упатувај го детето по неговиот пат и кога ќе остари нема да отстапи од него.
(Пословици 22:6)

Изобличи го својот син и ќе те успокои и ќе и даде радост на твојата душа.
(Пословици 29:17)