Текстови

Душевен мир

Боже мој ти благодарам за радоста што ми ја донесуваш во мојот живот. Помогни ми да го најдам мојот душевен мир во Тебе и се што Ти ми даваш.
Амин

Веселото срце е одличен лек, а невеселиот дух ги суши коските. (Пословици 17:22)

Нека вашето однесување биде слободно од среброљубие. Бидете задоволни со она што го имате, зашто Тој рече: Никогаш нема да те напуштам, ниту ќе те оставам! (Евреите 13:5)

За натажениот сите денови се зли а кому срцето е весело на гозби е постојано. (Пословици 14:30)

Тивкото срце е живот на телото, а љубомората е гнилеж во коските. (Пословици 14:30)

Побожноста и е голема печалба кога е здружена со чувство на задоволство. (1 Тимотеј 6:6)

Нека твоето срце не им завиди на грешниците туку нека секогаш ти биде во страв од Господа зошто ќе имаш иднина и твојата надеж нема да пропадне. (Пословици 23:17-18)

Го прашаа и војниците: Што да правиме ние? И им рече : Не измачувајте никого и не клеветете и бидете задоволни со своите плати. (Лука 3:14)

Не го зборувам тоа заради скудност зошто научив да бидам задоволен со она што сум. (Филипјани 4:1)

Блажен е оној кому му е помошник Јакововиот Бог чија надеж е во Господа неговиот Бог. (Псалми 146:5)

Блажен е оној народ кој го има тоа . Блажен е оној народ кому Господ е Бог! (Псалми 144:15)

Духовниот мир е реалност и не само што е постојан, туку е и креативен, и е сила која ни изнаоѓа излез од секакви ситуации. Г. К. Честертон