Текстови

Гнев

Боже мој понекогаш се гневам многу лесно. Нештата тргнуваат наопаку луѓето не се однесуваат како што јас сакам да се однесуваат, нечии зборови тешко ми паѓаат. Помогни ми Татко да го контролирам мојот гнев да не го искажам повредувајќи ги тие околу мене. Потсети ме дека кога обично доаѓа до ова јас сум лута едноставно зашто не можам да направам да биде како јас што сакам. Дај ми сила да прифатам се што Ти ми праќаш во животот.

Амин

Но ти си Бог на проштевањето милостив и благ спор на гнев а велик во милосрдието и не ги остави. (Неемија 9:17)

Жалостив и милостив е Бог долготрпелив и многу милостив (Псалм 145:8 )

Секој човек да биде брз во слушањето а бавен во зборувањето и бавен на гнев зошто човечкиот гнев не создава правда пред Бога (Јаков 1: 19-20)

Не го разгорувај премногу гневот кон твојот непријател за да не се изгориш самиот. В. Шекспир

Не брзај со гнев зошто гневот почива во срцето на глупавиот. (Проповедник 7:9)

Избувливиот човек прави глупости и зломисленикот ќе биде намразен. (Пословици 14:17)

Гневливиот човек заметнува препирки, а стрпливиот ја стивнува расправата. (Пословици 15: 18)

Гневливиот човек предизвикува препирки а избувливиот човек прави многу гревови. (Пословици 29:22)

Не спријателувај се со гневлив и не оди со бесен човек за да не свикнеш на неговите патишта и да не наместиш стапица за својата душа. (Пословици 22: 24-25)

Стивни го својот гнев и остави ја лутината не се дразни за да не направиш зло. (Псалми 37:8 )

Кој е долготрпелив подобар е од јунакот, и кој владее со себе подобар е од освојувач на град. (Пословици 16:32)

Благиот одговор ја ублажува јароста, а грубиот збор го зголемува гневот. (Пословици 15:1)

Татковци не ги дразнете своите деца , за да не станат малодушни. (Колошаните 3:21)

Ако сте гневни не грешете! Сонцето да не зајде во вашиот гнев. (Ефесјаните 4:26)

Благоразумието го запира човекот од гнев и чест му е да ја прости грешката. (Пословици19:11)

Подобро е да се живее во пустина отколку со расправлива и гневлива жена. (Пословици 21:19)

Јас ви велам дека секој кој се гневи на брата си без причина ќе биде ќе биде виновен пред судот. (Матеј 5:22)

Но сега отфрлете го и вие ова : гневот, јароста, злобата, хулењето, срамните зборови од својата уста. (Колошаните 3:8)

Секое огорчение и јарост и гнев и викање и хулење да бидат отстранети од вас со секаква злоба . Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштевајќи си еден на друг како што и Бог ви прости вам во Христа (Ефешаните 4: 31-32)

Јароста е свирепа и гневот е жесток но кој ќе и одолее на љубомората? (Пословици 27:4)

Не одмаздувајте се за себе возљубени туку дајте му место на Божјиот гнев зошто е напишано ,, Одмаздата е Моја Јас ќе ја отплатам!-говори Бог . Туку ако твојот непријател е гладен нахрани го , ако е жеден напој го напој го зошто ако го правиш тоа ќе натрупаш жар на неговата глава.,, Не оставај да те победи злото туку победи го злото со добро. (Римјаните 12: 19-21)

Ако е гладен твојот непријател нахрани го со леб и ако е жеден напој го со вода зошто така му натрупуваш жар на главата и Господ ќе те награди. (Пословици25: 21-22)

Се додека гневот живее во неа, таа продолжува да биде плодна мајка на многу несреќни (гневни) деца. Џон Климакус