Горделивост

Што и да имам Господи Ти ми го даде. Не можам да си земам заслуга за ништо што имам, тогаш колку смешен сум кога сум исполнет со гордост.
Амин

Гордоста врви пред гибелта и високоумоста пред паѓањето.
(Пословици 16:18)

Тешко им на оние кои се мудри во сопствените очи и умни само пред себе.
(Исаија 5:21)

Гордоста е вид на задоволство произведено од човек кој имал премногу добро мислење за себеси.
Baruch Spinoza

Виде ли човек кој сам себе се прави мудар знај и од безумниот има повеќе надеж, отколку од него.
(Пословици 26:12)

Погледај го горделивецот скрши го, сотри го наместо, секој злосторник.
(Јов 40:12)

Стравот од господа е омраза кон злото. Јас ги мразам гордоста, самодостатноста, патот на лошото и уста полна со лаги.
(Пословици 8:13)

И им рече: Вие се претставувате за праведни пред луѓето но Бог ги знае вашите срца зашто она што меѓу луѓето се смета за високо пред Бога е гнасно.
(Лука 16:15)

Ти им се закани на гордите, проклети да се оние, што отстапуваат од Твоите заповеди.
(Псалм 119:21)

Кој се фали во Господа да се фали. Зашто не е достоен кој самиот се препорачува, туку оној кого Господ го препорачува.
(2Коринтјаните 10:17-18)

нека те фали друг а не твојата уста туѓинец – а не твоите усни.
(Пословици 27:2)

Издигнати очи и горделиво срце и светилка на нечесните, тоа е грев.
(Пословици 21:4)

Срцето на горделивецот зафаќа препирка а кој се надева на Господа ќе напредува. Безумен е кој се надева на своето срце а се спасува кој живее мудро.
(Пословици 28:25-26)

Како можете да верувате кога примате слава еден од друг а не ја барате славата што доаѓа од Единиот Бог?
(Јован 5 :44)

Тој пак седна ги повика Дванаесетте и им рече: Кој сака да биде прв нека биде последен и слуга на сите!
(Марко 9:35)

Гордоста го понижува човекот а смирениот во дух, придобива чест.
(Пословици 29:23)

Твојот страв те заведе, гордоста на твоето срце ти кој што живееш во камени пештери и се придржуваш за високите планини па виткаш гнездо врз каменливиот ридски венец како орлите оттаму ќе те симнат – говори Господ.
(Еремија 49:16)

Кој го клевети скришно својот ближен него ќе го погубам. Човек со горди очи и со надуено срце Јас не трпам.
(Псалм 101:5)

Господ го разурнува домот на гордите а ја поставува меѓата на вдовицата.
(Пословици 15:25)