Храната и облеката понекогаш ми се многу важни Господе. Потсети ме да не станам опседната со нив туку да ти ги доверам Тебе. Ти знаеш што ми треба и Ти ми вети дека ќе се грижиш за мене. Се потпирам на Тебе.Амин
Ќе јадете изобилно, ќе јадете до ситка ќе го славите името на Господ, вашиот Бог кој постапуваше чудесно со вас Мојот народ не ќе се засрами никогаш веќе.
(Јоил 2:26)
Тој им даде мир на твоите граници, те храни со најдобра пченица.
(Псалм147:14)
Им даде храна на Своите почитувачи довека Си спомнува за Својот Завет.
(Псалми 111:5)
Праведникот има јадење до ситка, а стомакот на нечесните ја познава скудноста.
(Пословици 13:25)
Ќе ја благословувам нејзината храна, ќе и ги нахранам бедните со леб.
(Псалми 132:15)
Замолија и доведе препелици со небески леб ги нахрани тогаш.
(Пслами105:40)
И така не грижете се велејќи : Што ќе јадеме? или Што ќе пиеме? или Што ќе облечеме? Зашто сето тоа го бараат народите зашто вашиот небесен Татко знае дека ви е потребно сето ова.
(Матеј 6:31-32)
Ние треба да ја прифатиме Божествената иднина и да не не засегаат само моменталните работи работи туку се она што е поврзано со нашиот духовен живот и совршенство.
Francis De Sales
Нашиот насушен леб дај ни го денес.
(Матеј 6:11)