Лажење

Господи направи ме чесна личност!
Амин

Не лажете се еден друг зашто го соблековте стариот човек со неговите дела и облековте нов кој се обновува во полно познавање по образот на Оној кој го создал.
(Колосјаните 3:9-10)

Не колнете се лажно во Моето име и не осквернувај го името на твојот Бог: Јас Сум Господ.
(Левит 19:12)

Се додека можеме да го разликуваме секој простор што и да е помеѓу вистината и нас ние остануваме надвор од тоа.
Henri Amiel

Колку пати ќе те заколнувам за да ми кажеш само вистината во Господово Име?
(1Цареви 22:16)

Безбожниците се на крив пат уште од раѓањето, лагачите се на крив пат од мајчината утроба.
(Псалм 58:3)

Вистинскиот сведок не лаже, а лажниот сведок шири лага.
(Пословици 14:5)

Лажлив сведок не останува без казна, и кој шири лага ќе пропадне.
(Пословици 19:9)

Лажливиот сведок не останува без казна и кој шири лаги нема да избега.
(Пословици 19:5)

Не сведочи лажно против својот ближен, зар ќе мамиш со своите усни?
(Пословици 24:28)

Ако некој лажен сведок стане против некого обвинувајќи го за буна тогаш дватѕа коои се спорат нека стапат пред Господа пред свештеникот и пред судиите кои ќе ја вршат службата во тоа време. Судиите нека спроведат основна истрага. Ако се покаже дека сведокот е лажен и дека сведочел лажно против брата си направете му онака како што тој му намислил на својот брат. Откорнете го злото од својата средина.
(Второзаконие 19:16-19)

Човек кој сведочи лажно против својот ближен тој е како палица и меч и остра стрела.
(Пословици 25:18)

Не давај лажни изјави! Не помагај му на злосторникот сведочејќи криво.
(Излез 23:1)

Ако ли пак во своето срце имате горлива завист и карање, не се фалете и не лажете против вистината!
(Јаков 3:14)

Вистинитата уста : трае довека а лажливиот јазик само за миг.
(Пословици12:19)

Секој кој станал макар и еднаш злогласник како главен измамник дури и кога би ја зборувал вистината никој не би му поверувал.
Phaedrus

Шест нешта мрази Господ а седум се гнасни на Неговата душа: Горделиви очи, лажлив јазик, раце што пролеваат невина крв, срце што замислува грешни мисли, нозе што итаат на зло, лажен сведок кој шири лага и човек кој сее раздори меѓу браќата.
(Пословици 6:16-19)