Милост

Ти благодарам Боже за милоста што ни ја покажа кога го испрати Твојот Син на земјата. Јас сум многу благодарен што Твојата милост никогаш нема да се потроши туку ќе трае вечно.Амин

Но Господ чека час за да ви се смилува и по таа причина да ви искаже милост, зошто Господ е праведен Бог – блазе им на сите кои Го чекаат Него.
(Исаја 30:18)

Знаејќи дека ти бара сметка за гревовите.
(Јов 11:6)

Ќе ја замилувам непомилуваната и ќе му речам на Не-Мој Народот: Ти си Мој народ! а тој ќе рече: Боже мој!
(Осија 2:23)

На Мојсеј му ги објави Своите патишта на Израелевите синови Своите дела. Но Господовата љубов е вечна над оние кои се бојат од Него, и Неговата правда над синовите на синовите.
(Псалм 103:7,17)

Како што таткото ги милува синовите така Господ ги милува оние кои се бојат од Него.
(Псалм 103:13)

Ќе дозволам пред тебе да помине сиот Мој болскот – одговори – и пред тебе ќе го изустам Своето име Господ. Ќе бидам милостив, ќе му се смилувам секому кому што сакам да му се смилувам.
(Исаја 33:19)

Кој Бог е како Ти Кој го прштава беззаконието, кој го проштава гревот и преминува преку престапите на Остатокот на Своето наследство, Кој не дотраја довека во Својот гнев, туку Тој ужива да искажува милост.
(Михеј 7:18)

Јас те удрив во Својот гнев но пак ти се смилував со Својата наклоност.
(Исаја 60:10)

Од Бога има милост за давање и Тој има намера да ни ја даде нас, таа милост не е скршени парчиња или остатци од некој друг. Бог има торби кои никогаш не се одврзуваат; не се отвараат туку си стојат на страна преку илјадници генерации за тие кои се надеваат во Неговата милост.
John Bunyani

Заради Своето име го одлагав Својот гнев заради Својата слава се воздржував да не те уништам.
(Исаја 48:9)

Господ ќе го доврши своето дело во мене! Господи, вечна е Твојата љубов: не оставај го делото на Твоите раце!
(Псалм 138:8)

Ете блажени ги наречуваме оние кои претрпеа. Чувте за трпењето на Јов а видовте како Господ го заврши тоа зошто Господ е многу милостив и сочуствителен.
(Јаков 5:11)

И Неговата милост од род до род за оние кои се бојат од Него.
(Лука 1:50)

Ги умножи победите на својот цар му искажа милост на Својот помазаник на Давида и на неговото потомство довека.
(2 Самоил 22:51)

Навистина благоста и милоста ќе ме следат низ сите денови на мојот живот и јас ќе престојувам во Господовиот дом засекогаш.
(Псалм 23:6)

Сите Господови патишта се милост и вистина за оние кои го чуваат Неговиот Завет и Неговите сведоштва.
(Псалм 25:10)

Безбожникот го измачуваат многу неволји а кој се надева на Господа него милост го опкружува.
(Псалм 32:10)

А Ти о Господи не ми ја скратувај Твојата добрина Твојата милост и Твојата вистина нека ме чуваат секогаш.
(Псалм 40:11)

Неговата милост нема никаква врска со времето нема ограничување во времето, не е прва ниту е последна туку е вечна, трајна.
John Donne

Зашто му вели на Мојсеја ќе го помилувам , кого го милувам и ќе го сожалам кого го сожалувам. Според тоа не зависи од оној кој сака ниту од оној кој прима туку од милостивиот Бог.
(Римјаните 9:15-16)