Мир

Ти благодарам Боже што ни го даваш Твојот мир нека секогаш живее во моето срце, без разлика каква борба има околу мене.
Амин

И Христовиот мир да владее во вашите срца за кого сте повикани во едно тело да бидете благодарни!
(Колосјаните 3:15)

Да го послушам тоа што ми го зборува Господ Бог: зашто Тој ќе им зборува за мир: на својот народ, на своите избраници но нека не се свртат пак кон безумие.a
(Псалм 85:8)

Сите мажи посакуваат мир но само неколку ги посакуваат нештата што го прават мирот.
Thomas A Kempis

И Божјиот мир што го надвишува секој ум ќе ги запази нашите срца и вашите мисли во Христа Исуса.
(Филипјаните 4:7)

Твојата вера те спаси! Оди си со мир!
(Лука 7:50)

Ви оставам мир ви го давам Мојот мир. Не ви го давам како што го дава светот Нека не се вознемирува вашето срце и нека не се бои.
(Јован 14:27)

Делото на правдата ќе биде мирот а плодот на праведноста покој и надеж засекогаш. Мојот народ ќе живее во мирни населби во безгрижни одмаралишта.
(Исаја 32:17-18)

Набљудувај го чесниот и гледај го непорочниот, миротворецот има потомство.
(Псалм 37:37)

А Самиот Господ на мирот да ви даде мир секогаш и на секаков начин. Господ да биде со сите вас.
(2Солунјаните 3:16)

Ќе ставам пофалба во нивните усни. мир, мир на оној кој е далеку и кој е близу зборува Господ: Јас ќе те излечам.
(Исаја 57:19)

Господ нека го сврти Својот поглед на тебе и нека ти донесе мир.
(Броеви 6:26)

Отстранувај се од злото и прави добро барај мир и врви по него!
(Псалм 34:14)

Ќе склучам со нив завет на мир тоа ќе биде вечен Завет со нив. Ќе ги утврдам и ќе ги умножам и ќе го поставам Своето Светилиште меѓу нив засекогаш.
(Егзекиел 37:26)

А ова треба да го правите: Зборувајте вистина еден на друг судете справедливо и мирољубиво при градските врати!
(Захарија 8:16)

За да ги осветли оние кои седат во темнина и во смртна сенка, и да ги упати нашите нозе по патот по пат на мирот.
(Лука 1:79)

Ќе и дадам мир на земјата така ќе почивате и никој не ќе ве плаши. Ќе ги отстранам штетните животни од земјата меч нема да помине низ вашата земја.
(Левит 26:6)

Господ му дава сила на својот народ Господ го благословува Својот народ со мир.
(Псалм 28:11)