Текстови

Мрзеливост

Исусе Ти благодарам што работата ми е поклон од Тебе за мене. Помогни ми да Те најдам Тебе во неа.
Амин

Мрзливата рака го осиромашува човекот а трудољубивата го збогатува. Кој собира лете разумен син е, а кој спие во жетвата донесува срам.
(Пословици 10:4-5)

Бидете неуморни во ревноста! Бидете пламени во духот.Служете му на Господа.
(Римјаните 12:11)

Каде што е нашата работа таму нека биде нашата среќа.
Tertullian

Душата на мрзливиот сака но без успех а ќе се исполни желбата на трудољубивите.
(Пословици 13:4)

Земјоделецот кој се труди треба прв да вкуси од плодовите.
(2Тимотеј 2:6)

Изобилно храна има на нивата на сиромасите а има и кој пропаѓа од неправеден суд.
(Пословици 13:23)

Зошто и кога бевме со вас ви го заповедавме ова :ако некој не сака да работи нека и не јаде. Имено слушаме дека некои меѓу вас живеат неуредно, ништо не работат туку се занимаваат со празни работи . На таквите им заповедаме и ги опоменуваме во Господа Исуса Христа да работат мирно и да го јадат својот леб.
(2Солунјани 3:10-12)

И да настојувате усрдно да живеете тихо да ги гледате своите работи и да работите со своите раце како што ви наредивме за да се однесувате благоприлично кон оние надворешните и да немате потреба од ништо.
(1 Солунјаните 4:11-12)

Поминував покрај нивата на некој мрзливец и покрај лозјето на некој безумник и ете се беше зарастено во коприви, трњето ја покриле површината и камената ограда беше разурната. Го видов тоа и го запазив во срцето разгледав и зедов поука. Уште малку поспи, уште малку подреми, уште малку свиткај ги рацете за починка и ќе дојде твоето сиромаштво како скитник и немаштијата какко воруженик.
(Пословици 24:30-34)

Кој ја обработува својата земја ќе се насити со леб а кој трча по суетите ќе се насити со сиромаштво.
(Пословици 28:19)

Не сакај го спиењето за да не осиромашиш отвори ги своите очи и ќе се наситиш со леб.
(Пословици 20:13)

Патот на мрзеливиот е какко глогово трниште а патеката на праведникот е разгазена.
(Пословици 15:19)

Грижи се внимателно за својот добиток и грижи се за стадата.
(Пословици 2:23)

Кој крадел да не краде повеќе! Подобро е да се труди и да работи со своите раце она што е добро за да може да му дава на оној што има потреба!
(Ефесјаните 4:28)

Замислите на трудољубивиот се стремат кон изобилство а избувливиот трпи сиромаштво.
(Пословици 21:5)

Трудољубивата рака ќе владее а безгрижните ќе одат кон подложност.
(Пословици 12:24)

Кој ја обработува својата земја наситен е со леб а кој трча по суетата неразумен е.
(Пословици 12:11)

Тогаш имаш во изобилство козјо млеко за своја храна и за храна на својот дом и за исхрана на своите прислужнички.
(Пословици 27:27)