Текстови

Напредок

Ти благодарам Боже за се што Си ми дал. Потсети ме дека единствен напредок што е важен е духовниот напредок.
Амин

Уживај ја среќата во среќен ден а размислувај во лош ден: Бог го создаде едното како и другото за да не открие човекот ништо од својата иднина.
(Проповедник 7:14)

Нека викаат радосно радосно кои ја посакуваат мојата правда и нека зборуваат секогаш Господ е величествен Кој му посакува благодат на својот слуга!
(Псалм 35:27)

Не е грев да имаш богатство туку грев е да го врзеш своето срце за него.
John Baptist de La Salle

Блажен е човекот кој не оди по советот на нечесните и не стои по патот на грешниците и не седи во седиштето на потсмевачите туку волјата му е во Господовиот Закон и за Неговиот Закон размислува дење и ноќе. Тој е како дрво засадено покрај водни потоци што донесува плод во свое време, неговите лисја никогаш не венеат, се што прави во се успева.
(Псалм 1:1-3)

Книжниот свиток на законот нека биде на твојата уста: размислувај за него дење и ноќе за да пазиш верно се што е напишано во него: само тогаш ќе бидеш среќен и ќе успееш во потфатите.
(Исус Навин 1:8)

И Господ беше со него, го помагаше во сите негови потфати. Се побуни против Асирскиот цар и веќе не му беше потчинет.
(2 Цареви 18:7)

Во секоја работа што ја почнувал за служба во Божјиот Дом во законот и во заповедите, барајќи го Бога се трудеше со сето свое срце и успеваше.
(2 Летописи 31:21)

Возљубен мој ти посакувам да ти биде добро во се и да бидеш здрав како што и е добро на твојата душа.
(3 Јованово 1:2)

Донесете ги сите десетоци во ризницата за да има храна во Мојот Дом. Тогаш испитајте Ме зборува Господ над Војските не ќе ли излеам врз вас благослов со полна мерка.
(Малахија 3:10)