Текстови

Пари

Помогни ми да запомнам Боже дека моите пари ти припаѓаат Тебе. Нека ги употребам за Твоја слава. Помогни ми да не ги направам центар на мојот живот.
Амин

Не труди се да придобиеш богатство откажи се од таквата мисла насочиш ли ги очите кон него него веќе го нема зашто си направило крилја како орел и летнало кон небото.
(Пословици 23:4-5)

Подобро е и малку на праведникот отколку големо благо на многу безбожници.
(Псалм 37:16)

Ние треба да го смениме записот за нашите пари од “Во Бога веруваме” во “Во парите веруваме” зашто како народ ние имаме многу поголема верба во парите овие денови отколку вера во Бога.
Arthur Hoppe

Послушајте возљубени браќа мои не ги избра ли Бог оние кои се сиромаси пред светот за да бидат богати во вера и наследници на Царството кое им го ветил на оние кои го љубат?
(Јаков 2:5)

Тој го избавува бедниот од нивниот меч, го издига сиромашниот од силничките раце. Така му се покажува надежта на бедниот и неправдата треба да ја затвори устата.
(Јов 5:15-16)

Подобро е полн грст во мир отколку два грста со мачен труд и мака во духот.
(Проповедник 4:6)

Господ говори: Сега ќе станам заради страдањата на угнетуваните и заради воздишките на бедните ќе го поставам во безопасност за која копнее.
(Псалм 12:5)

Спомни си за Господа својот Бог ! Па Тој ти даде сила да го спечалиш богатството за да го исполниш така како денес Својот завет за кој им се заколна на твоите татковци.
(Второзаконие 8:18)

Кој му се потсмевнува на неговиот Создател и кој се радува на несреќата не останува без казна.
(Пословица 17:5)

Заповедај им на богатите на овој свет да не бидат горделиви и да не се надеваат на непостојаното богатство туку во живиот Бог кој ни дава изобилно се за наслада да прават добро и да бидат богати во добри дела да бидат дарежливи и заедничари да собираат за себе благо како основа за иднината за да зграбат вистински живот.
(1Тимотеј 6:17-19)

Некој се преправа на богат а нема ништо, некој се преправа на беден, а има големо богатство.
(Пословици13:7)

Не ограбувај го бедниот зашто е беден и не гази го сиромашниот во судот.
(Пословицо 22:22)

Сладок е сонот на трудољубивиот дали јал малку или многу додека богатството не го остава богатиотда заспие. И видов тешко зло под сонцето: собрано богатство што му е на пропаст на својот сопственик. Зашто при лоша незгода пропаѓа таквото богатство па не му останува ништо на синот што му се родил.
(Проповедник 5:11-13)

Кој ги сака сребрениците никогаш ги нема достатно кој го сака богатството никогаш не му се доста приходите. И тоа е суета.
(Пропопведник 5:9)

Богатиот и сиромавиот се сретнуваат : Господ ги создаде и двајцата.
(Пословици 22:20

Во праведниковиот дом има големо изобилство а нечесниот ја печали својата пропаст.
(Пословици 15:6)

подобро е малку со страв од господа отколку големои богатство и немир со Него.
(Пословици15:16)

Зашто бедниот нема да биде заборавен засекогаш ниту ќе биде изгубена засекогаш надежта на оние во невоља.
(Псалми 9:18)