Текстови

Похота

Господе помогни ми да не копнеам за нештата кои не се добри за мене, правејќи ги мој бог наместо Тебе. Биди Бог на мојот живот.
Амин

Од каде се војните и од каде се борбите меѓу вас? Не доаѓаат ли од вашите страсни желби, што се борат во вашите членови? Сакате и немате, убивате и завидувате и не можете да постигнете, се борите и војувате немате, зашто не молите. Барате но не добивате зошто барате погрешно за да го трошите во вашите страсни желби. Прељубници не знаете ли дека пријателството со светот е непријателство против Бога? И така кој сака да му биде пријател на светот, Му станува непријател на Бога.
(Јаков 4:1-4)

Со што ни се подарени скапоцени и најголеми ветувања па преку нив да станете учесници во божјата природа откако и избегавте на расипаноста која е во светот преку сладострастието кое владее со светот.
(2 Петрово 1:4)

Зашто се што е во светот, похотата на телото, похотата на очите и гордоста на животот не е од Таткото туку од светот.А светот поминува и неговата похот, а кој ја извршува Божјата волја останува довека.
(1Јованово 2:16-17)

Сте чуле дека им било речено на старите: Не прави прељуба! А Јас ви велам дека секој кој гледа на жена со желба веќе извршил прељуба со неа во неговото срце.
(Матеј 5:27-28)

Како послушни чеда не управувајте се според некогашните страсти кои ги имавте во своето незнаење туку според Светецот Кој ве повика бидете и самите свети во целото свое држење.Зашто е напишано: Бидете свети зашто Јас Сум свет.
(1 Петрово 1:14-16)

Похотата е желба со која светските добра се сакаат повеќе од вечните добра.
St.Augustine

И така покорете Му се на Бога а противите се на ѓаволот и ќе побегне од вас. Приближете се кон Бог и Тој ќе се приближи кон вас . Исчистете ги рацете грешници и очистете ги срцата, луѓе со разделена душа!
(Јаков 4:7-8)

Зашто се јави Божјата благодат, која носи спасение за сите луѓе. Која не воспитува да се откажеме од безбожноста и светските похоти да живееме разумно, праведно и побожно во сегашниов век.
(Тит 2:11-12)