Господи дај ми сила да станам Твое послушно чедо. Нека речам да секаде каде што Ти ме праќаш. И потсети ме Исусе да бидам послушен во малите и секојдневни нешта во мојот живот како што сум со важните и големи нешта.
Амин
Гледај! Денес ставам пред тебе : Живот и среќа, смрт и несреќа. Ако ги послушаш заповедите на Господа својот Бог кои ти ги давам денес, ако ги послушаш љубејќи Го Господа, својот Бог одејќи по неговите патишта вршејќи ги Неговите заповеди, неговите закони и Неговите уредби ќе живееш и Господ, твојот Бог ќе те размножи и ќе те благослови во земјата во која влегуваш за да ја земеш во сопственост.
(Второзаконие 30:15-16)
Тој што настојува да се одвлече себеси од послушноста се повлекува себеси од милоста.
Thomas A Kempis
Врши што е право и добро во очите на Господа за да ти биде добро и за да влезеш во Добра Земја за која Господ им се заколна на твоите татковци.
(Второзаконие 6:18)
Слушај, Израелу пази ги и врши ги за да ти биде добро и за да се размножиш во земјата во која течат мед и млеко како што ти вети Господ Бог на твоите татковци.
(Второзаконие 6:3)
И така кој ќе наруши една од овие најмали заповеди и така ги научи луѓето ќе биде наречен најмал во царството небесно а кој ги држи и поучува ќе биде наречен голем во царството небесно.
(Матеј 5:19)
А кој ќе се загледа во совршениот закон на слободата и остане во него не како заборавлив слушател, туку како вистински извршител, тој ќе биде блажен во својата дејност.
(Јаков 1:25)
А како награда – ако ги слушаш овие закони, ако ги пазиш па ги извршуваш – Господ твојот Бог ќе ти ги пази Својот Завет и милоста за кои им се заколна на твоите татковци.
(Второзаконие 7:12)
Пазете и вршете ги зборовите на овој Завет за да успевате во се во се што ќе преземете.
(Второзаконие 29:9)
Само кога нивните срца би биле такви секогаш да се бојат од мене и да ги пазат сите Мои заповеди за да бидат така постојано среќни тие и нивното потомство.
(Второзаконие 5:29)
Она што го научивте и примивте и чувте и видовте на мене – правете го тоа и Бог на мирот ќе биде со вас.
(Филипјаните 4:9)
Вистина, вистина ви велам: Кој го слуша моето слово и верува во оној Кој Ме прати има вечен живот и не доаѓа на суд туку преминал од смртта во живот.
(Јован 5:24)
И така секој кој ги слуша овие мои зборови и ги исполнува ќе го споредам Јас со благоразумен човек кој ја изградил својата куќа на камен . И заврна пороен дожд и надојдоа реки и дувнаа ветрови и навалија на таа куќа но таа не се пазурна зашто беше заснована на камен.
(Матеј 7:24-25)
Ако послушаат и Му се покорат нивните денови завршуваат во благопријатност нивните години во радост.
(Јов 36:11)
Но знаеме дека сите работи содејствуваат за добро на оние кои Го љубат Бога, кои се повикани по Негова намера.
(Римјаните 8:28)