Простување

Кога ми е тешко да му простам на некого Господе потсети ме колку пати Ти си ми простил.
Амин

Туку ако твојот непријател е гладен нахрани го, ако е жеден напои го, зошто ако го правиш тоа ќе натрупаш жар на неговата глава!
(Римјаните12:20)

Можам да простам, но не можам да заборавам, е само поинаков начин на кажување на зборовите: Јас не ти простувам. Простувањето треба да биде како поништена белешка која се кине на две и се гори за никогаш да не биде покажана на ниеден човек.
Henry Ward Beecher

А Јас ви велам: Љубете ги своите непријатели и молете се за оние кои ве гонат за да бидете синови на вашиот Татко, Кој е во небесата, Кој прави Неговото сонце да изгрева над злите и над добрите и дава дожд на праведните и на неправедните.
(Матеј 5:44-45)

Туку љубете ги своите непријатели правете им добро и позајмувајте им без да чекате нешто. И вашата награда ќе биде голема и ќе бидете синови на Севишниот, зашто Тој е благ кон неблагодарните и злите. Бидете милостиви како што и вашиот Татко е милостив. И не судете и не осудувајте и нема да бидете осудувани. Проштавајте и ќе ви биде простено.
(Лука 6:35-37)

И кога стоите на молитва проштавајте ако имате нешто против некого за да ви ги прости и вашиот Татко Кој е на небесата вашите гревови. Ако пак вие не проштевате и вашиот Татко, Кој е на небесата нема да ви ги прости вашите гревови.
(Марко 11:25-26)

Не зборувај ќе се одмаздам за злото остави му на Господа и Тој ќе те избави.
(Пословици 20:22)

Тогаш Петар пристапи и Му рече: Господи колку пати треба да му простам на брата си кој греши против мене? До седум пати ли? Исус му рече: Не ти велам до седум пати туку до седумдесет пати по седум. Затоа царството небесно е слично на некој си цар кој сакал да ги среди сметките со своите слуги.
(Матеј 18:21-23)

Внимавајте на себе. Ако ти згреши твојот брат укори го и прости му ако се покае.
(Лука 17:3)

А Исус рече: Татко прости им оти не знаат што прават. Кога го делеа Неговото облекло фрлија жрепка.
(Лука 23:34)

Така што вие треба побргу да му простите и да го утешите за да не падне преголема жалост на него. Затоа ве молам да покажете љубов кон него. А кому ќе простите нешто вие нему му проштевам и јас. Зашто ако сум и простил нешто јас доколку сум простил сум простил заради вас во лицето на Христа, за да не земе сатаната предимство над нас.
(2Коринтјаните 2:7-8,10)

Прости ни ги нашите гревови зашто и ние самите му ги проштеваме на секој должник! И не не воведувај во искушение но избави не од злото!
(Лука 11:4)

Ако ги исповедаме своите гревови, Тој е верен и праведен да ни ги прости гревовите и да не очисти од секоја неправда.
(1 Јованово 1:9)

Во Кого имаме откуп преку Неговата крв прошка на гревовите според богатството на Неговата благодат.
(Ефесјаните 1:7)

Бидете еден кон друг добри, милостиви, проштавајќи си еден на друг како што и Бог ви прости вам во Христа.
(Ефесјаните 4:32)

Каде е таа глупава личност која што мисли дека може да направи повеќе одошто Бог да ти прости!
Francis De Sales

Вас кои бевте мртви во престапите и необрезанието на вашето тело ве оживе заедно со Него простувајќи ни ги сите наши престапи на тој начин што го избриша дејството кое со своите одредби беше против нас го отстрани среде нас приковувајќи го на крст.
(Колошаните 2:13-14)

Во Кого имаме откуп преку Неговата крв простување на гревовите.
(Колошаните 1:1)