Сакајќи го Бога

Потсети ме Исусе дека најдобар начин да Ти ја покажам мојата љубов е да ја покажам мојата љубов кон луѓето околу мене. Те молам помогни ми да растам во љубовта како и да се отварам себеси се повеќе и повеќе кон Твојот Дух.

Амин

Затоа знај дека Господ Твојот Бог е вистински Бог верен Бог Кој го пази Својот Завет и ја искажува Својата милост до илјада поколенија на оние кои Го љубат и ги пазат Неговите заповеди.
(Второзаконие 7:9)

Јас ги љубам оние кои ме љубат мене и ме наоѓаат кои ме бараат.
(Пословици 8:17)

Љубовта кон човекот те води кон љубовта кон Бога.
Индиска пословица

Кој ги има Моите заповеди и ги пази, тој Ме љуби а кој Ме љуби Мене него ќе го љуби Мојот Татко и Јас ќе го љубам и ќе му се јавам Сам.
(Јован 14:21)

Туку како што е напишано: Што окото не виде, што увото не чу што во човечкото срце не дојде тоа бог го приготви за оние кои го љубат.
(1 Коринтјани 2:9)

Да им дадам имот на оние кои ме љубат и да ги напонам нивните сокровишта.
(Пословици 8:21)

Сета твоја радост нека биде во Господа. Тој ќе ги исполни желбите на твоето срце!
(Псалм 37:4)

Господ ги пази оние кои Го љубат, а ќе ги сотре сите злосторници.
(Псалм 145:20)

Ќе го избавам зашто Ме љуби ќе го закрилам зошто го познава Моето име.
(Псалм 91:14)

Благодат со сите кои беспрекорно Го љубат нашиот Господ Исус Христос. Амин.
(Ефесјаните 6:24)

Затоа ако навистина ги послушате заповедите што ви ги давам денес и ако Го љубите Господа својот Бог и ако Му служите со сето свое срце и со сета своја душа ќе и давам на вашата земја дожд во право време: наесен и напролет и ќе можеш да ги собираш своето жито, своето вино и своето масло ќе му давам трева на твоето поле за твојот добиток. Така ќе јадеш и ќе бидеш сит.
(Второзаконие 11:13-15)