Господи да бидам трпелив не е лесно. Јас имам мој дневен ред на нештата што треба да се направат – и јас сум фрустриран и јадосан кога нешто нема да се направи. Сепак трпението ќе дојде кај мене кога искрено ќе ти се предадам Тебе – затоа еве сум Боже. направи што сакаш со мојот живот. Во Твое време, на Твој начин.
Амин.
И така бидете трпеливи браќа до Господовото доаѓање! Ете земјоделецот го чека скапоцениот род од земјата чека трпеливо додека не го прими раниот и доцниот дожд. Чекајте трпеливо и вие зацврстете ги своите срца, зашто е близу Господовото доаѓање.
(Јаков 5:7-8)
Имено каква е пофалбата ако трпите кога ве казнуваат за вашите престапи. Но ако страдате и трпите кога правите добро тоа е благодат од Бога.
(1Петрово 2:20)
Сметајте ја за чиста радост браќа мои кога ќе паднете во разни искушенија знаејќи дека испитувањето на вашата вера создава трпение! А трпението нека има совршено дело за да бидете совршени и потполни: без никаков недостаток.
(Јаков 1:2-4)
да не бидеме уморнио да правиме добро зашто ќе жнееме во право време ако не се умориме.
(Галатјаните 6:9)
Да го држиме непоколебливо исповедувањето на нашата надеж зашто е верен Оној Кој ветил!
(Евреите 10:23)
Но не само тоа туку се фалиме и во неволјите, знаејќи дека неволјата раѓа трпение, трпението искуство, а искуството надеж.
(Римјаните 5:3-4)
А кој ќе издржи до крај ќе биде спасен.
(Матеј 24:13)
Биди трпелив кон сите, а пред се со себеси. Значи не биди обесхрабрен од твоите недостатоци туку секогаш издигни се со нова храброст.
Francis De Sales
И да не бидете мрзливи туку да се угледате на оние кои преку вера и трпение го наследуваат ветувањето.
(Евреите 6:12)
Имено вам вие потребно трпение за да ја исполните Божјата волја и да го добиете ветувањето.
(Евреите 10:36)