Утеха

Ти благодарам Исусе што Твојот Дух ми носи голема утеха во моето срце. Кога сум тажна или исплашена потсети ме дека се што треба да направам е да Ти се предадам Тебе и Твојата љубов ќе се завитка околу мене како топло и удобно ќебе.

Амин

Господ ми е засолниште и тврдина секогаш проверен помошник во неволја . Затоа не се плашиме кога земјата се лулее кога бреговите се рушат во морето. Нека бучат и беснеат морските бранови. Нека треперат планините од нивната жестокост. (Псалми 46:1-3)

Кога ќе чекорам низ неволји чувај ми го животот испружи ја раката против гневот на моите непријатели, нека ме спаси Твојата десница. (Псалми 138:7)

Господи, карпо моја, крепост моја, спасение, Боже мој, карпо моја во кого барам прибежиште, штит мој, рог на моето спасение, тврдино моја! (Псалми 18:2)

Зошто не го презре ниту ја заборави тагата на натажениот, и не го скри своето лице од него туку го чу кога го повика. (Псалми22:24)

И ако се сопне нема да падне, зошто Господ го држи за рака. (Псалми 37:24)

Ова ви го реков за да имате мир во Мене . Имате неволја во светот но бидете храбри Јас го победив светот. (Јован 16:33)

Господ е добар Тој е тврдина во ден на неволја ги познава ги познава оние кои прибегнуваат кон него. (Наум 1:7)

Што и да посакам или да замислам за мое задоволство јас го гледам не овде туку во новиот живот. И ако ги имав сите удобности на светот да ги уживам и да им се восхитувам сигурен сум дека не би траеле долго. Томас А. Кемфис

Од господа доаѓа спасение на праведните, Тој им е засолниште во лоши времиња. (Псалми 37:39)

Довери Му ја на Господа сета своја грижа и Тој ќе те поткрепи: не ќе остави никогаш да се сопне праведникот. (Псалми 55:22)

Дојдете при Мене сите кои се трудите и сте обременети и Јас ќе ви дадам одмор. (Матеј 11:28)

Благословен Бог и Таткото на нашиот Господ Исус Христос татко на милосрдноста и Бог на секоја утеха. Кој не утешува во секоја наша неволја за да можеме и ние да ги утешуваме оние кои се наоѓаат во каква и да е неволја со утехата со која Бог не утешува нас самите. Зошто како што Христовите страдања изобилуваат во нас така преизобилува и нашата утеха преку Христа. (2 Коринтјани 1:3-5)

Зошто Господ не отфрла никого засекогаш , зошто и ако растажи Тој се смилува заради Својата голема љубов. Бидејќи Тој не по волјата на своето срце ги казнува и ги огорчува синовите човечки. (Плач Еремин 3:31-33)

Надевај се на Господа охрабри се! нека биде цврсто твоето срце! Да, чекај го Господа! (Псалми 27:14)

Господ е засолниште на угнетуваните тврдина на спасението во тешки денови. (Псалм 9:9)

Зошто сметам дека страдањата на сегашното време не се ништо во споредба со славата која ќе ни се открие нам. (Римјаните 8:18)

Не бој се, зошто Јас Сум со тебе не обрнувај се исплашено зошто Јас сум твој Бог. Јас те крепам и ти помагам, те потпирам со победничка десница. (Исаја 41:10)

Духот на Господа Бога е на Мене зошто Господ Ме помаза Ме испрати да им донесам Радосна Вест на бедните , да ги излечам скршените срца, ослободување на оние во темница. (Исаја 61:1)

Да не се вознемирува вашето срце вие верувате во Бога верувајте и во мене! (Јован 14:1)

Земјата нема тага што рајот не може да ја излечи! Томас Мор

Јас сум вашиот Утешител. Кој си ти за да се боиш од смртен човек и од човечки син кој е како трева? (Исаја 51:12)

Како што мајката го теши синот така и јас ќе ве утешам – ќе се утешите во Ерусалим. (Исаија 66:13)