Потсети ме Татко дека мојот дом не е на земјата туку во вечноста. Ти благодарам што веќе се населувам во Твојот вечен свет.
Амин
Зошто Самиот Господ на заповед при глас на архангел и при Божја труба ќе слезе од небото и мртвите во Христа ќе воскреснат прво.
(Солунјаните 4:16)
Вистина, вистина ви велам: кој верува во мене има вечен живот.
(Јован 6:47)
Оној што се врзува за задоволствата земни оди кон уништување на својот живот. А оној што бега од задоволствата земни живее во изгревот на вечноста.
Вилјам Блејк
Исус и рече: Јас Сум Воскресението и Животот оној што верува во Мене и да умре – ќе живее. И секој кој живее и верува во Мене нема да умре довека. Веруваш ли во тоа?
(Јован 11:25-26)
А ова е ветувањето што Тој Самиот ни го вети: вечниот живот.
(1 Јованово 2:25)
Еве! Ви кажувам тајна: не ќе умреме сите туку сите ќе се измениме. Во еден момент за миг на окото при последната труба, имено трубата ќе затруби и мртвите ќе воскреснат нераспадливи а ние ќе се измениме зашто треба ова распадливото да се облече во нераспадливо и ова смртното да се облече во бесмртност. А кога ова распадливото ќе се облече во нераспадливост и ова смртното ќе се облече во бесмртност, тогаш ќе се збидне напишаното: Победата ја проголта смртта. О смрт каде ти е победата? О смрт каде ти е осилото?
(1 Коринтјаните 15:51-55)
Не чудете се на тоа зашто доаѓа часот во кој сите што се во гробовите ќе го чујат Неговиот глас и ќе излезат од нив оние што правеле добро ќе воскреснат за живот, а оние што правеле зло ќе воскреснат за осудување.
(Јован 5:28-29)
А еве го сведоштвото: Бог ни даде вечен живот и тој живот е неговиот Син. Кој го има Синот го има тој живот кој го нема Божјиот Син го нема тој живот.
(1 Јованово 5:11-13)
Затоа се пред Божјиот престол и Му служат дење и ноќе во Неговиот храм а Оној, Кој седи на престолот ќе го оптегне Својот Шатор над нив. Нема веќе да огладнат, ниту да ожеднат, ниту сонцето ќе ги пече, ниту некаква жега; зашто Јагнето Кое е сред престолот ќе ги пасе и ќе ги води на извори жива вода; и Бог ќе ја избрише секоја солза од нивните очи.
(Откровение 7:15-17)
Зашто Бог толку го засака светот што го даде Својот Единороден Син та секој кој верува во него да има вечен живот.
(Јован 3:16)
Во домот на Мојот Татко има многу живеалишта ако не беше така Јас ќе ви кажев зашто одам да ви приготвам место. И кога ќе отидам и ви приготвам место пак ќе дојдам и ќе ве земам при Себе за да бидете и вие каде што сум и Јас.
(Јован 14:2-3)
Ако навистина во вас живее Духот на Оној Кој Го воскресна Исуса од мртвите Оној Кој го воскресна Христа ќе ги оживи и вашите смртни тела преку Својот Дух Кој живее во вас.
(Римјаните 8:11)
Зошто знаеме ако се разурне нашиот земен дом кој е како шатор имаме од Бога зграда вечен дом на небесата, што не го изградила човечка рака.
(2 Коринтјаните 5:1)
Така е и со воскресението на мртвите се сее во распадливост воскреснува во нераспадливост, се сее без чест, воскреснува во слава, се сее во слабост, воскреснува во сила се сее природно тело воскреснува духовно тело. Ако има природно тело има и духовно тело.
(1 Коринтјани 15:42-44)
Вечниот живот не се започнува во иднината, туку со давање милостина ние го започнуваме вечниот живот сега и овде.
Хенри Де Лубак
И ќе ја избрише секоја солза од нивните очи и смрт нема да има веќе. ни тага ни плач ниту болка зошто првото помина.
(Откровение 21:4)
Тогаш ќе се разбудат мнозина кои спијеа во земниот прав едни за вечен живот а други за срам и вечен презир.
(Даниел 12:2)
Зошто смртта е плата за грев но благодатниот Божји дар е – вечен живот во Христа Исуса, нашиот Господ.
(Римјаните 6:23)