Верен Бог

Татко јас сум радосен што Твојата верност е совршена и вечна. Помогни ми секогаш да се потпирам на Тебе повеќе отколку на луѓето или на материјалниот свет. Јас знам дека Ти никогаш нема да ме изневериш.
Амин.

Тој си спомнува секогаш за Својот Завет за словото што им го кажа на илјади поколенија.
(Псалм 105:8)

Да го држиме непоколебливо исповедувањето на нашата надеж зашто е верен Оној Кој ветил.
(Евреите 10:23)

Јас можам да бидам смирена и ослободена од грижата. Имам на кого да се потпрам штом Господ е тука.
Madame Jeanne Guyon

Затоа знај дека Господ Твојот Бог е вистински Бог верен Бог Кој го пази Својот завет и ја искажува Својата милост до илјада поколенија на оние кои Го љубат и Ги пазат Неговите заповеди.
(Второзаконие 7:9)

Па Господ, твојот Бог е милосрден Бог; Тој нема да те остави ни да те погуби ниту ќе го заборави заветот што со заклетва го склучил со твоите татковци.
(Второзаконие 4:31)

Благословен Господ, Кој на Својот народ Израел му даде мир во се како што вети; не пропадна ниту една од Неговите убави ветувања.
(1 Кралеви 8:56)

Бог не е човек па да лаже, не е човечки син за да се кае зар Тој кога ќе рече и не ќе направи? Зар ветува па не исполнува?
(Броеви 23:19)

Ако сме неверни, Тој останува верен! Зошто сам себе не може да се одрече.
(2Тимотеј 2:13)

Господ не го забавува тоа што го ветоил како што некои мислат за тоа бавење туку го покажува своето трпение кон вас зошто не сака некој да пропадне туку сите да дојдат до покајание!
(2 Петрово 3:9)

Во Тебе се надеваат оние кои го знаат Твоето име зашто не ги оставаш оние кои Те бараат Господи!
(Псалм 9:10)

Нема да го нарушам мојот Завет и не ќе го одречам Моето ветување!
(Псалм 89:34)

Господи, Ти си мој Бог Те величам, го славам Твоето Име, зашто спроведе чудесен наум смислен од дамнина, вистински и верен.
(Исаја 25:1)

Целината на Твојот збор е вистина, секој од Твоите праведни судови е вечен.
(Псалм 119:160)

О Господи, Твојот збор останува довека, постојан како небесата. Твојата милост е од род до род ја зацврсти земјата и таа стои.
(Псалм 119:89-90)

Сепак силниот Израелов Светец не лаже и не се кае зашто не е човек за да се кае.
(1Самоил 15:29)

Бог е постојано со нас; Зошто и ние не би биле постојано со Бога?
W.B.Ullathorne

Нека се раздвижат планините и нека се потресат бреговите; но Мојата љубов нема да се повлече од тебе ниту ќе се расколеба Мојот Завет на Мирот вели Господ Кој ти се смилува.
(Исаја 54:10)