Драго црквено семејство
Колку е важна и возбудлива темата што заедно ќе ја проучуваме во текот на молитвената седмица, 2012. година – „Пробудување и Божјето Слово“.
Темата за пробудувањето непрекинато се повторува во Светото Писмо. Божјата рака постојано ги обновува и оживува изгубените, им дава сила и живот на уморените, се стреми повторно да го оживее односот помеѓу Него и Неговиот народ.
Во текот на оваа седмица ќе се сосредоточиме на неколку посебни начини како дејствува Божјето Слово во пробудувањето, како во нашето срце и нашиот дом, така и во црквата. Без проучување на Божјето Слово и длабоко и постојано дружење со Исус Христос не може да настане вистинско пробудување.
Ве повикувам на посебен начин да се придружите на црквеното семејство од целиот свет во текот на оваа Молитвена седмица. Додека ги читате и размислувате за главните идеи на секој текст, барајте од Светиот Дух да ви открие како можете одредената порака за тој ден да ја примените во својот живот. Молете се на Господ да го испрати позниот дожд на Светиот Дух за да нè оживее и како поединци и како заедница. Ако во вашето семејство има деца, погрижете се да ги вклучите во Молитвената седмица, проучувајќи ги со нив посебните теми за деца.
Божјето Слово нè повикува: „Вкусете и ќе видите, колку е добар Господ! Блажен е оној човек, кој кај Него прибегнува! Имајте страхопочит кон Господ, сите праведници Негови, зашто ништо нема да им недостига на оние кои имаат страхопочит од Него.“
Исус наскоро доаѓа! Нека нè засили и оживее со позниот дожд, секого од нас и својата црква на Остатокот, додека ги шириме пораките на трите ангели и се подготвуваме за средба со Господ на небото.
Ви испраќам срдечни христијански поздрави,
Претседател Тед Вилсон