Во теоријата на Дарвин се претпоставува дека човекот потекнува од мајмун.
Бидејќи разликата помеѓу мајмунот и човекот е ненадминлива, се бара нешто помеѓу нив „човеколики мајмун”. Потеклото на човечкиот вид е предмет на голема дискусија од времето на Дарвин па се до денес. Дарвин мислел дека не постои голема разлика во умните способности помеѓу човекот и понапредните животински облици.
Ако човеколикиот мајмун е на повисок степен од обичниот мајмун, каде е тој денес како вид, додека обичниот мајмун и денес постои?
Фосилниот доказ е оскуден, а претставениот материјал не укажува на никаков посебен преоден вид.
Австралопитекус: Фосилните остатоци се пронајдени во Јужна Африка 1925. Поседувал мал простор за мозок, слично како и кај мајмуните и косо чело. Еволуционистите го прифатиле како човечки предок. Со понатамошното истражување се утврдило дека тој имал мајмунски череп, не чекорел исправено, имал криви прсти наменети за качување по дрва – бил мајмун. Самиот назив австралопитекус значи „ јужен мајмун”
Питдаунски човек: Фосилните остатоци биле изложени во Британскиот музеј во 1953 год. Било утврдено дека некој го споил човечкиот череп со вилица на мајмун, и покажан како фосилен доказ во прилог на еволуцијата. Овој Фалсификат е еден од најпознатите фосилни измами во историјата на науката.
Неточни работи и измами има и денес. Во „Sciense News” е објавено како ребро од делфин е прикажано за фосил од човечки предок. Во 1984 год. е представен череп како најстар фосил пронајден во Европа. По една година е повлечен поради можноста дека потекнувал од магаре.
Неандерталец: Во 1856 год. Во Германија е пронајден овој фосил. Неговите коски покажувале знаци на заболување – артритис. Потоа се ископани уште слични фосили и претставени како „неандерталски човек” алка помеѓу човекот и мајмунот. На сликите е претставен влакнест со прост изглед и мајмунски лик, но денес му е даден малку посовремен изглед. Сега е познато дека тој не се разликувал од денешните луѓе. Некои антрополози сметаат дека ако неандерталецот се појави денес, избањат, избричен и среден, тешко би се разликувал од современите луѓе.
Овде спаѓаат и другите сродни видови како: Хомо хабилис, Хомо еректус, Пекиншки човек, Луси, Кромањонски човек и др. Сите овие примери се или мајмуни или луѓе. Некои истражувања покажале дека неколку од овие видови живееле во исто време на различни делови од светот. Ова претставува енигма за еволуционистите.
»ЧОВЕКОТ ПРЕД ПРАЧОВЕКОТ«
Во неколку ископувања во Европа и Африка се пронајдени зачудувачки откритија. Во еден слој е пронајден фосил од прачовек а во слојот под него фосил од човек. Како е можно човекот да живее пред прачовекот?
Во Танзанија 1977 год. се пронајдени отисоци од стапало кое потекнувало од човек. Времето на неговиот настанок бил утврдено дека е од пред 3,6 милиони год. Прво се јавува човекот а по многу години прачовекот?
Грешки и измами е она што гледаме. Се среќаваме со апсурдни работи кога бараме потврда за измислица.
Организмот може да чекори исправено или на сите четири нозе. Палеоантропологот Робин Кромптон при компјутерско истражување во 1996 год покажал дека такво „мешано” одење не е возможно. Овој вид на одење кој би бил помеѓу овие две не е возможен поради екстремната потрошувачка на енергија.
Човекот поседува многу работи според кои не можеме да го споредеме со ништо на оваа планета, тој е уникатен. Неговиот ум е фасцинантен, најсложена работа во целиот универзум. Неговиот лик не е мајмунски туку боженствен: И го создаде Бог човекот според образот свој… (1 Мој.1.27)
Ова е причината поради која човекот се деградира во мајмун. Да се прикаже човекот како единствен господар на се, како врв на сопствениот развиток а Бог да се заборави. Но никој не мора да биде излажан, зошто во Библијата е запишано за човекот и неговата положба „со слава и чест си го овенчал и си го поставил над делата од Твоите раце, се си покорил под нозете негови”. (Евр.2.7) Од нас зависи во што ќе веруваме.