Текстови

ДАРВИНОВАТА ТЕОРИЈА

  • Нејзиното влијание врз човештвото 
  • Рeзултатот од нејзиното прифаќање

Дарвин кој бил поранешен студент по теологија,ги поставил основите на атеизмот;човечкото потекло не е во боженственото создавање туку во животинското царство.Човекот е резултат на случајни околности,природна селекција и борба за опстанок.Оваа теорија е инспирација за расизам, империјализам и масовни убиства.

Дарвин напишал: „Негде во иднината, не многу далечна, цивилизираната раса сигурно ќе ги замени и искорени дивјачките раси во целиот свет“. Идејата дека различни човечки раси биле на различна еволуциона скала, со црнците на дното и белците на врвот, била присутна скоро помеѓу сите научници на 19 век. Томас Хаксли напишал: „Ниеден рационален човек, кој ги познава фактите нема да тврди дека просечниот црнец е еднаков или пак супериорен од белецот. Учењето на германскиот научник Ернст Хекел било дека; ембрионот во текот на својот развој ја повторува(рекапитулира) еволуционата историја. Така, на различни етапи од ембрионалниот развој, човекот покажува особини на риба, на жаба и конечно доаѓа до човечки фетус. Иако оваа измислица е разоткриена уште пред половина век, некои научници и денес ја користат. Еволуционистот Карл Сеган ја користал оваа теорија како изговор за тврдењето дека во првите три месеци на бременост, абортусот не претставува убивање на човечкиот фетус, туку отстранување на риба или жаба. Отприлика во исто време, додека Дарвин ја пропагирал идејата за еволуцијата, уште една идеја почнала да се шири низ Европа. Карл Маркс роден во Германија, основач на комунизмот и непријател на религијата.

Во својата докторска теза од областа на филозофијата, ја нагласува омразата спрема сите богови и сметал дека религијата делува како опиум. Маркс не криел дека подршка за својата идеја добил од Дарвин. Борејќи се за спроведување на комунизмот, се отвори широко вратата на насилството, убијствата и притисоците врз оние кои не го прифатија.

Законот на постоење бара непрекинато убивање, така да подобрите можат да живеат – Хитлер. За да опстои ариевската крв, милиони се прогонети, затварани и убиени. Германските генерали имале за цел да секојдневно убиваат по 12 000 луѓе, за да ја исчистат земјата од бескорисните. Хитлер на Мусолини му ја поклoнил книгата „Потеклото на видовите“.И двајцата си пронашле оправдание за основање на нацизмот и фашизмот, најсуровите идеологии на 20 век.Неколку децении после оваа личност се родил според многумина, најголемиот атеист на сите времиња, Фридрих Ниче. Ниче ја прифатил основата на Дарвиновата теорија, дека човекот еволуирал од пониски облици на живот. Напишал: Целиот карактер на свемирот е во вечен хаос… Внимателни да сме кога зборуваме дека постои закон во природата. Не постои некој кој заповеда, некој кого треба да го слушаме. Меѓутоа сега се појавил проблем.

Додека верувавме во Бога ние ги извршувавме Неговите правила, ја следевме моралноста која Он ја пропишал.Сега кога Бог е мртов, чиј морал, кои вредности ќе ги следиме? Одговорот на Ниче дека моралот, етиката и вредностите мораат да бидат човечка креација. Личноста која ќе го развие својот максимален потенцијал ќе биде некој вид на „супер-човек “ и тој ќе поставува правила, пропишува етика, а другите ќе го слушаат. Ова ќе поттикне војни какви што предходно не биле. Кратко време по смртта на Ниче германскиот генерал Бернарди потврдил дека „е во склад со еволуцијата биолошки да се збришат послабите луѓе. Силата е најголемото право која го има повисоката раса и дека војната е биолошка непходност од примарна важност. Историчарите тврдат дека Хитлер секогаш со себе носел две книги; Антихрист од Ниче и Потекло на видовите од Дарвин.

Да го споменеме и ужасот во Камбоџа, каде црвените кмери погубиле околу 1,5 милиони Кинези, Виетнамци, Таи индијанци, Пакистанци, затоаа што не биле од чисто кмерско потекло. Сталин во интерес на комунистичката партија и за подобра иднина, според некои проценки одговорен е за смртта на околу 40 милиони луѓе. Покрај овие безмилосни луѓе во Европа, надвор од неа се и Мао Це Тунг кој во Кина погубил десетина милиони луѓе, Иди Амин диктатор од Африка, како и многу други следбеници на атеистичката идеологија. Без грижа одземале човечки животи, затоа што верувале дека за своето однесување не се должни да одговараат.(Ateizam ili Hrišćanstvo dr Jovan Iliev)

Библијата ни зборува за луѓето кои го отфрлаат Бога: Рече безумниот во срцето свое: »Нема Бог«. Се развратија луѓето, извршија гнасни дела, нема кој да прави добро.(Псалм 13.10)