Се претпоставува според теријата на еволуционизмот дека овие животни живееле на Земјата од пред 230 милиони год. до пред 65 милиони год. Од големина на петел до организам од родот Brachiosaurus кој тежел 80 тони и бил висок колку петкатница.
Првиот фосил е откриен во Англија пред 180 год. Пронајдени се неколку заби и коски, а Др. Мантел го нарекол Iguanodon. После вториот пронајден фосил било утврдено дека им припаѓаат на посебна група организми. Палеонтологот Ричард Овен им дал име dinosaurus ( страшен гуштер )
Според теоријата на еволуцијата диносаурусите нагло изумреле пред 65 милиони год, додека човекот на историска сцена се јавува пред околу милион години. Тоа значи дека тие не живееле заедно.
Во средината на 20. век во долината на реката Палукси, САД, најдени се скаменети отисоци од стапалата на диносаурус стари 100 милиони години. Она што ги изненадило научниците е тоа што покрај нив се пронајдени скаменети отисоци од стапалата на човек. Дали тоа значи дека тие живееле во исто време ? Изненадува и тоа што просечната должина на стапалата кај современиот човек изнесуват од 20 – 25 см, додека должината на овие стапала е 38 см. Во библијата стои дека луѓето порано биле поголеми.
Во 1945 год. Научниците во Мексико пронашле занимливо археолошко наоѓалиште. На тоа место трага оставиле луѓе кои живееле во период од 800 год. п.н.е до 200 год.од новата ера. Меѓу бројните предмети археолозите пронашле повеќе од 30 000 глинени фигури од кои неколку илјади ги претставувало диносаурусите. Како овие луѓе знаеле да прават вакви фигури ? Значи имале прилика да ги видат диносаурусите.
Некои фигури претставуваат борба помеѓу луѓето и диносаурусите.
На други локалитети се пронајдени килими со слики на диносауруси, ќупови и камени плочи каде заедно се насликани луѓето и диносаурусите.
И во библијата стои дека живееле во исто време ( книга за Јов 41, 1 -18 ) како што потврдуваат и денешните откритија.