Минатото зборува за иднината – Египет

Од воен аспект, походот на Наполеон на Египет претставувал неуспех. Меѓутоа, Наполеон повел со себе 120 научници и уметници кои ги испитале древните археолошки наоѓалишта исобрале предмети од археолошко значење. Вршејќи ископувања во близината на малечкиот град Розета, офицерот Бушар открил плоча од црн базалт долга околу 1,2 метри и широка 75 сантиметри. На неа бил напишан декретот на Птоломеј V на три писма – хиерогливско, грчко и демотско. Благодарение на тоа, франгускиот научник Жан – фрасо Шамполион успеал да ги дешифрира со хиероглифското писмо врежаните текстови на ѕидовите на храмовите, на палатите и гробниците во цел Египет.

Пирамидите во Гиза

Најпознатото чудо на стариот Египет, пирамидите во Гиза, спаѓаат меѓу најголемите кога и да е изградени споменици и претставуваат најзначајно од седумте чуда на стариот свет. Постојат многу пирамиди на западниот брег на реката Нил вклучувајќи ја скалестата пирамида на фараонот Џосер, изградена околу 2780. година пред Христа. Меѓутоа, ниту една од нив не може да се спореди со трите големи пирамиди и со огромната сфинга во Гиза. Големата Хсопсова пирамида била висока 146,6 м, што одговара на висината на една модерна деловна 40-катница. Сите се согласуваат дека конструкторите на пирамидите биле луѓе со исклучително знаење и способности. Денешните каменоресци се восхитени од прецизноста со која е обработуван каменот во Египет. Градењето било толку прецизно, што нивото на редовите на камените блокови во должина од 200 метри не отстапува повеќе од два сантиметри. Сепак, пирамидите се градени само како гробници, за телата на кралевите да бидат наполно безбедни.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”549″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”400″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

Сфингата

Џиновската свинга во Гиза била составен дел на целиот комплекс што го изградил кралот Кефрен. Во Египет има илјадници сфинги, но оваа им е “прабаба“ на сите. Изградена е околу 2650. година пред Христа, и е висока 20 и долга 73 метри. Со исклучок на шепите, таа е изделкана од еден голем камен блок. Околу 1000 години откако градителите ги одлозиле своите алатки, Тутмос IV го исчистил песокот од нејзините шепи и меѓу нив поставил гранитна плоча со еден натпис. Во текстот стоело дека тој, иако не бил претстолонаследник сепак неочекувано станал фараон. Што се случило со законскиот наследник? Бидејќи Египќаните не ги бележеле поразите, не можеме да очекуваме одговор да најдеме во Египет. Библијата во втората книга Мојсева,во 12.и14. глава не известува дека еден таков настан се одиграл околу 25 години пред да се појави Тутмос IV. Во тоа време првенецот на фараонот, престолонаследникот, умрел во десеттата поразија, во поморот што го снашол Египет – додека тогашниот фараон го загубил животот гонејќи ги избеганите Израелци. Меѓу тие два извештаја постојат интересни паралели.

Во долината Нил настапува криза

Главниот град на Египет, Каиро, е еден од десетте најголеми градови на светот. Египетските градови се пренаселени и бројот на жителите нагло се зголемува. Во својта книга “Подготовка за 21иот век“ Пол Кенеди кажува дека најголем проблем со кој се соочуваат светските водачи -е како да се употреби технологијата на развиените земји за да се совладаат проблемите на експлозивниот пораст на населението во земјите на развој. Се проценува дека до 2025 год на земјата ќе живеат меѓу 7,6 и 9,4 милијарди жители. Тоа ќе предизвика нов недостиг од храна и вода, умиранје од глад, од социјални немири, од присилна миграција и од вооружени судири. Пол Кенеди кажува дека најважни фактори што влијаеле врз подготовката на некоја нација да одговори на тие предизвици се културните и општествените ставови како и религиозните убедувања.Опстанокот на Египет е поврзан со реката Нил. Кога не би постоел Нил, не би постоел ниту Египет, зашто животот на Египќаните се одвива по должината на оваа река. Сепак, загадувањето на животната средина станува се поголем проблем. Јужно од Асуан, меѓу 1960 и 1971 година, е изградена висока брана. Иако ги спречува катастрофалните поплави, иако ја сочувала економијата на земјата од пропаст за време на природните суши, таа носи одредени проблеми. Секоја година зад ѕидовите на браната се таложзат 120.000 тони тиња. Тиња која некогаш ги хранела и влијаела врз формирањето на бреговите и ја градела делтата на Нил. Денеска земјоделците употребуваат вештачки ѓубрива кои реката уште повеќе ја загадуваат. Египет не е веќе земја богата со вода. Нил мора да биде заштитен. Чистата, тазе вода е глобален проблем.

Трска за папирус

Египќаните можеби се први производители на хартија. Ја правеле од трска што растела во мочуриштата на Нил. Зборовите “Библија“ и “хартија“ се извадени од грчките имиња на таа билка byblos и papyrus. Влакнестиот омот на билката е сечен надолжно во тенки ленти кои потоа се редени една врз друга. Преку нив, под прав агол, се ставени нови ленти. По обработката со еден раствор, чијшто составен дел бил и каучукот, таквите листови се пресувани, сушени на сонце и пеглани-така настанала прочуената древна хартија за пишување. Поради загадувањето на животна средина, сушите и растителните болести, прочуената папирус-трска речиси наполно исчезнала од реките во Египет. Пишувајќи за пропаста на Египет и за неговата несреќна судбина, библискиот пророк Исаија кажува. “Ќе пресушат разделниците на египетската река. Ќе овене трската и рогозот и сето зеленило покрај Нил“ сите посеви покрај Нил ке се исушат, ке пропаднат, ке се распрснат, ке исчезнат. Рибарите ќе тажат, ке ридаат сите шо фрлат јадица во Нил, ќе жалат оние што оптегаат мрежа во водата, Исаија19,6-8. Во својата книга “Илјада милји низ Нил“ на стр. 97-99, Amelia B.Edvards напишала. “И тоа е се што останува од Мемфис, најстариот меѓу градовите, неколку купишта смет, десетина или малку повеќе искршени статуи и името… Каде се оние горди урнатини кој уште во средниот век заземале простор за чиешто совладување, според проценката, било потребно половина ден патување да се премине од едниот до другиот крај. Од времето на старото царство 2.700. година пред Христа па се до тринаесетиот век по Христа, Мемфис или Ноф бил огромна метропола од големо значење. Според наводите на историчарите, градот се сметал за речиси неуништив. Меѓутоа, тој денеска буквално не постои, исчезнал со што е исполнето преткажувањето на еден еврејски пророк.“ Господ Бог зборува вака, “Ќе ги разурнам идолите и ќе ги истребам лажните богови во Мемфис“ Езекил 30,13.

Горни Египет

Во Горни Египет практично никогаш не паѓа дожд. Тоа објаснува зошто во старо време Нил бил почитуван како божество, а и зошто непроценливите египетски богатсва се толку добро зачувани. Теба била најважен град во Горни Египет, кој настанал во 16 век пред Христа и бил главен град на Египет. Таму се изградени храмовите – близнаци Луксор и Карнак. Владетелите, како што бил Тутмос III, Хатшепсут и Рамзес II, ги доградувале тие зданија се додека храмот во Карнак не станал најголем храмски комплекс во Египет. Тој славен период на градба уследил по доминацијата на Хиксите над Египет. Хиксите во Египет вовеле коњи и кочии. Тие биле семитски и индоевропски хуритски народ. Можно е во периодот на нивното владеење Јосиф да бил продаден и како роб одведен во Египет. Веројатно токму поради сродноста на тој народ со Евреите, Јосиф бил прифатен и издигнат на највисока положба во земјата. Тие живееле во Долни Египет и од таму владееле со земјата. Јосиф своите роднини ги сместил во тоа подрачје, во земјата Гесем.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”550″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”381″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

По протерувањето на Хиксите од Египет, Евреите станале робови. Натписите од гробницата на војникот Ахмос, припадник на војската на истоимениот фараон, кој го ослободил Египет од Хиксите, изнесуваат подробности а тоа како тој поседувал еврејски и семитски робови. Тутмос I спомнува користење на семитски робови. Од тоа може да се претпостави дека родителите на Мојсеј во тоа време биле одведени во Теба. Мнозина веруваат дека токму ќерката на Тутмос I, кралицата Хатшепсут, како значајна личност која подоцна 20 владеела со Египет, го нашла и го одгледала Мојсеја, види 2. Мојсева 2,1-10. На ѕидовите на стара Теба и денеска постојат натписи во кои се зборува за големите потфати и освојувања, но никогаш и ниту во еден од поразите на кралевите и кралиците што живееле во тоа славно време. Неколку натписи содржат интересна врска со извештајот од Библијата. Фараонот Сисак стапил на египетскиот престол околу 950.година пред Христа, но не не се осмелувал да го нападне Израел во времето на моќниот цар Соломон. Меѓутоа, по смртта на Соломон, во времето на Ровоама, Сисак извршил инвазија на Ерусалим и од него го однел богатсвото што го собрал Соломон за времето на својот живот. Извештајот за неговиот напад е запишан на ѕидот на храмот во Карнак и во Библијата во 1. Царевите 14,25.26.

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”551″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”147″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”600″}}]]

Чудесни откритија

Иако во Долината на кралевите постојат 64 гробници, најпрочуена е гробницата на кралот – дете Тутанкамон. Неговата гробница е единствена која не е ограбена од модерното време. Колку точно богатство било сместено во другите гробници никогаш не ќе можеме да дознаеме затоа што, за жал, итрината на ограбувачите ја надминала вештината на конструкторите на гробниците. Тутанкамон живеел кон средината на четиринаесетиот век пред Христа. Умрел кога имал 18 години и тогаш, заедно со своето богатство, е закопан во Долината на кралевите. Самоукиот археолог Хауард Картер ја пронашол гробницата во 1922 година, и пронајдените богатства се изложени во Каирскиот музеј. Во Египет се извршени, а и понатаму се вршат чудесни откритија кои ја осветлуваат историјата, културата и дострелите на старите народи. Бројните откритија овозможуваат споредби со библиските извештаи и фрлаат дополнителна светлина врз сигурноста на библиската историја и библиските пророштва.