Текстови

ЛАОДИКЕЈА

Името на овој град може да се преведе како “судење на народите“ или како “оправдан народ“. Местоположбата на градот се наоѓала во богатата долина на реката Меандар. На ова место претходно имало помал град, кој порано се викал Диасполис, а подоцна го добил името Роас. Ридчето на кој е подигнат градот е високо 240m. Градот го изградил Антиох II (261-246год. пне.) и го нарекол во чест на својата сестра Лаодица која му била и сопруга. За да го направи што понапреден градот, тој преселува во него околу 2000 семејства Евреи и Сиријци од пределот Вавилонија. Покрај тоа, на сите жители на градот му била гарантирана потполна верска слобода. За време на владеењето на Пергам, Лаодикија била дел од Пергамското царство 188год. пр.Хр. Под Римјаните доаѓа во 129год. Градот зафаќал околу 2,5 квадратни километри површина. На јаките одбрамбени ѕидови се наоѓале 3 врати. Северозападната врата, која се нарекувала Ефеска, во времето на Јован била посветена на Домицијан.

Другата врата била на северниот дел од градот и се викала Јерополска. Третата врата, на источната страна, се викала Сиријска. Пределот околу Лаодикија бил опкружен со планини кои достигнувале и до 2700 метри висина. Градот се обезбедувал со вода преку аквадукт долг 8 km. кој започнувал од јаките извори во близина на денешниот Денизлиј. Водата ја чувале во голем базен на средината на градот и уште во неколку кули. На северниот дел од градот се наоѓале два театра. Имало и многу храмови и банки. Не ни е познато кој го донел евангелието во Лаодикија, но сигурно тоа било во времето кога апостол Павле работел во Ефес, затоа што тој пишува до Колосјаните колку грижа чуствува за сите три цркви, иако лично не бил кај нив (Посл. до Колосјаните 2,1). На црквата во Лаодикија, место на собирање на верниците изгледа било во домот на верникот Нимфан (Посл. до Колосјаните 4,15). Посланието кое Павле им го упатил веројатно го читале во тој дом, иако црквата подоцна можела да биде и кај друг верник (Пос. до Колосјаните 4,12-16). До промена на местото на собирање би можело да дојде бидејќи Лаодикија, во 60год. по Христа, била разорена од јак земјотрес. Тогаш Нерон му понудил на градот помош, но жителите го одбиле. Самите биле доволно богати па ништо не им требало од страна. И навистина сами го обновиле градот.

-Пораката која Бог ја упатил и на овој град преку апостол Јован била заснована на оние особини и појави кои што во градот биле одамна познати. Во тоа време градот бил еден од најбогатите градови во Мала Азија. Бавејќи се со трговија и банкарство, работата направила од нив луѓе кои што главна цел им била само парите. Затоа не почитувале никакви начела. Секогаш биле спремни на компромис во смисла, подобро работата да тече отколку се да стои. Така се изградиле како луѓе кои што ги нарекувале ни студени ни жешки. Единствена цел било само да се збогатат и да спечалат пари по секоја цена. Таквиот став, од друга страна, создавал во нив беден, безвреден и нестабилен карактер. Во тоа време волната како суровина за правење на ткаенина била многу ценета а посебно од тој крај. Волната била посебно позната по својата мекост и сјај, и била црна по боја. Лаодикејците биле горди на таа црна боја на своите одела и ја сметале како знак на својата посебност, независност и богатство. Друга специфичност во Лаодикија било изработката на лек за очи наречен колириум. Овој лек бил баран насекаде и се продавал наголемо по целото Римско царство. Уште една специфичност во Лаодикија била млаката лековита вода, па заради тоа жителите ги нарекувале млаки. Пораката што Исус ја упатил до оваа црква се базирала на примери блиски и јасни на оние на кои што се обраќал:

  • Наместо земното пропадливо злато кое што кратците го поткопуваат и крадат, Исус им нуди вечно и сигурно небесно злато на верата и љубовта.
  • Наместо доверба во себе и својата способност, Тој им препорачува недоверба во себе а целосна доверба во Христа.
  • Наместо црната облека на лажната гордост а вистинското ропство, Исус им ги нуди своите бели облеки – вечната небесна чистота и слобода.
  • Наместо лек за очи со сомнителна лековита вредност, Исус им нуди да им ги премачка очите со Светиот Дух, небеска маст, која единствено вистински го лечи видот
  • Наместо млакиот став што го имаат, Исус ја повикува Лаодикија да завземе одлучен став, да застане на страната на правдата и да ја увиди опасноста од неодреденоста.

-И на крајот доаѓа прекрасен повик и ветување награда на победниците. Наместо лажната земска слава, победниците ги чека вистинска вечна слава на престолот на свемирот со самиот Исус.

Оваа порака не се однесува само на црквата во Лаодикија туку и на црквата што ќе биде на крајот од времето пред второто Христово доаѓање која ќе ги има истите карактеристики. За тој период е проречено дека ќе биде период на големо напредување во знаењето (Данило 2,4). Никогаш немало толкав напредок во знаењето како во периодот од 1844год. до денес. Електрична енергија, сообраќајни средства, комфор во животот и др. Исто така тоа е и период кога знаењето на луѓето најмногу се умножило на духовно поле. Лаодикија е земена како симбол на тој период затоа што и нејзиното име најмногу му одговара. Тој период е време кога навистина ќе му се суди на народите, но и време кога Бог ќе има свој “оправдан народ“, најголеми борци и победници на сите времиња. Тоа е период по кој што ќе нема друг. На неговата врата стои Исус и чука, и штом судот заврши Исус доаѓа (Откровение 3,14-22).