Текстови

Минатото зборува за иднината – По стапките на апостол Павле

Савле е роден во строго еврејско семејство, во градот Тарс во Киликија. Бил високо образован човек – познавач на еврејските списи и човек кој, покрај еврејскиот, зборувал арамејски, грчки и можеби делумно латински. Тој на 12 години отишол во Ерусалим на училиште кај познатиот учител Гамалеил (види Дела 22.3). Со Савле се среќаваме за првпат при каменувањето на првиот христијански маченик, Стефан. Бидејќи Стефан проповедал за Исуса Христа воскреснатиот, ерусалимските водачи го осудиле на смрт и го погубиле.

При неговото погубување учествувал и Савле – кој ја чувал облеката на Стефан и  го одобрувал неговото убиство (читај Дела 7.58; 8.1). Подоцна Савле патува за Дамаск за да ги гони и испитува христијаните. Доближувајќи се до градот, тој доживува величенствена средба со воскреснатиот Исус Христос, при што привремено ослепел. Веднаш е однесен во куќата на човекот по име Јуда (читај Дела 9.11,12).Така Савле станал апостол Павле (види повеќе Дела 9.1-31).

Павле бил крстен

Павле бил крстен сообразно со Христовиот пример и по негова заповед (види Матеј 28. 16-20). Грчкиот збор за “крштавање“ (баптисо) значи “нурнува става под вода“. Описот на Исусовото крштавање (види Матеј 3.13-17; Марко 1.9,10; Јован 3.23) и крштевањето на првите христијани (Дела 8.26-39). Тоа е начинот на кој се крштеваат ХРИСТИЈАНИТЕ. Веднаш потоа Павле оди по синагогите во Дамаск убедувајќи ги луѓето дека Исус навистина бил Месија и воскреснал од гробот.Тој патува на повеќе места и зборува за воскреснатиот Господ и спасител на секој човек (види Галатите 1.17,18,19). Потоа Павле оди во Ерусалим и смело говори во името на Господ но имал голема расправија и морал да се повлечи во Тарс (види 9.28-30). А од Тарс заминува за Антиохија каде се среќава за првпат со Варнава. Тоа е првото место каде Христовите следбеници се наречени за првпат ХРИСТИЈАНИ (види Дела 11.26). А отука двајцата се упатуваат на првото мисионерско патување во незнабожечкиот свет (Дела 13.1-4).

Христијанството влегува во Турција – прво Павлово патување(46.г.од н.е.)

Варнава потекнувал од Кипар – па тие двајца се упатиле таму во близина на местото Саламис. Во близина на Саламис се наоѓа местото Латсија, кое некогаш му припаѓало на Соломоновото царство. Во тоа место се наоѓала најстарата христијанска црква – црквата св. Епифанија, посветена во 368 год. Епифанис бил архиепископ на Саламис од 367 до 402 год. Занимливо е што во таа црква е крстилницата за крштевање со целосно нуркање. Англиканскиот писател, Дин Стенли, кажува: “Во првите тринаесет векови било прифатено крштевањето за кое читаме во Новиот завет, сообразно со самото значење на зборот “баптисо“ – крстениците биле нуркани, потполно нурнувани во водата“. Кардиналот Гибонс, во својата книга “Верата на нашите предци“ кажува: “Неколку векови од основањето на христијанството, крштевањето се вршело со нуркање, но од дванаесетиот век преовладала практика крштевање со полевање, бидејќи тоа е поедноставно од крштевањето со нуркање“ (Кардинал Гибонс “Верата на нашите предци“,76. издание,стр. 266). Во 1311 год, на соборот во Равена, Католичката црква прифатила дека прскањето или полевањето е еднакво исправно како и нуркањето. Меѓутоа, во Библијата единствено нуркањето се означува како крштевање. Алтернатива не постои. Напуштјќи го Кипар, Павле заминува во Памфилија и Галатија кои се наоѓат во централна Мала Азија, и таму ги посетил градовите Аталија, Перга, Азиска Антиохија и Иконија, каде што со своите соработници проповедал за Исуса. Додека во градот Листра наишле на огромно противење, ги извлекле од градот и ги опсипале со камења, ги оставиле мислејќи дека се мртви. Сепак на незнабошците им била отворена вратата за вера во Исуса Христа (Дела 14,27). Брзото напредување на црквите меѓу незнабошците потикнало некои прашања на христијаните од еврејско потекло. Ако незнабошците ја прифатат верата во Исуса Христа како Спасител и Господ до кои граници треба да ги почитуваат церемонијалниот закон на јудаизмот? Павле се враќа во Антиохија а од таму оди во Ерусалим на собор за разгледување на тоа прашање. На тој собор решено е дека оние кои веруваат во Исуса Христа не се должни да ги почитуваат јудејските обреди и прописи – но не смеат да му служат на идоли ниту да паѓат во неморал, туку да се поучуваат секој саботен ден од Светите списи (читај Дела 15,19-21).

Христијанството влегува во Европа

По Ерусалимскиот собор (Дела 15.1-35), Павле и Варнава се враќаат во Антиохија. За жал меѓу нив настанува несогласие и тие се разделуваат одат по посебни патишта. Патувајќи од град до град стигнува во Троада. Преку ноќта Павле имал видение ,,стоеше пред него еден човек, Македонец кој го молеше и му велеше: “дојди во дојди во МАКЕДОНИЈА и помогни ни! (види Дела 16.9). Потоа Павле од Троада оди во Филипи тогашен град на Македонија, тука е крстена првата жена христијанка наречена Лидија (види Дела 16.14,15). Тука во Филипи е затворен Павле и Сила, тие се молат и на чуден начин Бог ги ослободува од затворот, дури се крштава и стражарот кој ги чувал (види Дела 16.25-33). Павле и Сила патуваат за Атина и таму на Аеропагот им кажува за Исус Христос. Минувајќи низ повеќе градови стигнува до градот Ефес (види Дела 19.1-7). Овде во Ефес се одржувале црковни собори. Крстилниците во црквите од четвртиот век, на св. Марија и на св. Јован во Ефес, се големи базени за крштавање со нуркање. Основни елементи за крштавање биле (1) вера во Исуса Христа (види Марко 16.15,16; Дела 8.28-38; и (2) покајание поради сторениот грев (види Дела 2.37-41) . Ова е правото крштавање на кој начин треба да се крштаваме а не да се крштават мали деца, крштавањето на мали деца се јавува во дванаесетиот век.

Последно Павлово патување и неговата смрт

Павле од Ефес оди во Коринт а потоа во Ерусалим и кажува: “Штом ќе бидам таму треба да го видам Рим“ (Дела 19.21). Штом се вратил во Ерусалим народот се побунил против неговото учење, го фатиле и го затвориле. Од Ерусалим бил префрлен во затворот во Рим да одговара за својата вера. Каде и да одел, Павле на луѓето им зборувал за Исусовиот живот, за неговата смрт и воскресението. Тоа го нарекувал “радосна вест“ бидејќи Исус ја платил казната за нашиот грев. Тој може да ни подари живот затоа што ги има клучевите од гробот. Апостол Павле не повикува да го прифатиме нашиот спасител Господ Исус Христос(читај 1Коринќаните 15.1-5; Римјаните 6.1-4;Дела 22.16; Јован 3.3,5).