Текстови

Создавањето на Римската Империја

Во СВЕТОТО ПИСМО (БИБЛИЈАТА) во книгата на пророк Данило можеме да прочитаме за создавањето и карактерот на оваа држава, и дека во неа ќе се роди, ќе биде крстен и ќе умре СПАСИТЕЛОТ на светот, а исто така и дека ќе биде разурнат Ерусалим и неговиот храм од страна на Римјаните.

Во Данило 11,3,4 БОГ му покажал на пророк Данило во првата година на Дариј мадијанецот (538 год.пред Христа) дека после медоперсиските цареви со светот ќе завладее македонскиот цар Александар Велики, но и дека после него царството ќе биде поделено на четири дела. Така пророштвото се остварило. Александар Велики го наследиле неговите генерали. Голем дел од персиското царство се до реката Инда на исток и скоро до Лидија на запад го држел војводата Селеук, кој ја основал династијата Селеукида. Македонија ја добил војводата Касандар. Птоломеј ги зел за себе Египет, Палестина, Кипар и голем дел од Феникијскиот и Малоазискиот брег. А власта над Тракија и горна Мала Азија ја зел за себе Лизимак. Бидејќи “прекрасната земја” на избраниот народ се наоѓала помеѓу Сирија на север и Египет на југ, затоа Израел често страдал од меѓусебните војни на овие две држави, и затоа пророштвото од петиот стих па натаму зборува само за северниот цаr, јужниот цар и за “прекрасната земја” на избраниот народ (Данило 11,5-13).

  • Римјаните се исто како и Грците, Словените и Германите, потомци на Јафет или Ариевци, а наречени се и индоевропејци. Градот Рим бил основан во 754 год. пред нашата ера или 750 год. пред Христовото раѓање. Стариот Рим се простирал по ридовите на левиот брег на Тибар. А биле седум ридови: Палатин, Капитолиј, Квиринал, Виминал, Есквилин. Целијан и Авентин (Откровение 17,9). Во текот на историјата Римјаните повеќе пати го менувале својот облик на владеење, затоа СВЕТОТО ПИСМО кажува за Рим дека има седум глави (Откровение 17,9.10). Прво владееле кралеви. Во 510 год.пр.Хр. доаѓаат на власт конзули. Во 498 год. диктатори, 451 год. децемвири(десет луѓе). После децемвирите повторно на власт доаѓаат конзули и диктатори. Сите овие четири глави (четири облици на владеење) во Рим: кралеви, конзули, диктатори и децемвири, биле за време на наследниците на Александар Велики. Историјата ќе ни покаже како Рим со своите победи на исток и на југ, ја добил прво петта глава-тријумвири, а со победата над “јужниот цар” во Египет и шестата глава-цареви. За време на владеењето на царевите се родил и умрел СПАСИТЕЛОТ на светот и Христовата црква се раширила по целиот свет. Својата последна глава (седмата) Рим ја добил кога со остатоците од распаднатото Римско царство на запад со народот завладеале егзерхати или намесници. Така умрело старото Римско царство а од неговиот мртов труп пораснала осмата глава која по својата суштина и природа е од сите седум, а таа глава е папството. Ова го потврдува и угледниот др.А.Харнак: ”Во 3 и 4 век црквата веќе потполно била инспирирана со Римскиот дух и таа во своето крило ја обновила Римската држава”(Das Wesen des Christentums,str.157).

Доаѓањето на Римјаните на исток, југ и во “прекрасната земја” на избраниот народ, БОГ го прорекол тоа со овие зборови: И од едниот од нив (те. од четирите рога на Александровото царство) изби мал рог, ама тој израсна многу кон југ и исток и кон “прекрасната земја”(Данило 8,9). “Во тоа време мнозина ќе се дигнат против царот на југ, ќе станат и насилниците од твојот народ за да се исполни привидот но ќе пропаднат” (Данило 11,14). И историчарите ги потврдуваат БОЖЈИТЕ зборови во пророштвото кога го опишуваат настанокот на Римската надвласт на исток и југ. Дрепер пишува за тоа време: ”Една рака луѓе се кренала да го освојува Средоземниот свет, и успеала” (Историја умног развиќа Европе,1- 209). Слушајќи за нивните победи (во Италија, Грција, Пергам, Род) Египет ги повикале Римјаните во помош против Антиох и неговите сојузници. Исто така и Евреите имале тешкотии од Сиријците па и тие побарале помош од Рим со кој склучиле сојуз, притоа заборавајќи на БОЖЈИТЕ совети и опомени во 2 Книга Мојсеева 23,32.33; 2 Кн.Мој.34,12-16; 5 Кн.Мој.7,6. Овој сојуз ќе ги чини многу скапо. Римјаните со радосно срце ги прифаќале овие повици на Грците и Египтјаните, затоа што така имале повод да загазат на исток и да го зграбат наследството на Александар Велики. Дрепер кажува: ”Од тој период Рим почнал со тактика на растројување и ослабнување на државите со цел полесно да ги освои. Со изговор дека Атињаните ги викнале на помош против кралот на Македонија, оваа чесна и добронамерна република се вгнездила во Грција и принципот дека војната се одржува со војна го примениле и овде. Последиците од војната биле огромното материјално задобивање на Рим-Антиох морал да ја отстапи целата своја земја во Европа и во Азија северно од Тавра, но и платил три милиони ливри стерлинги воени трошкови. Најстрашни последици од оваа војна имало за поробениот народ, затоа што западнале во тешко социјално растројство па долго време наместо да се женат владеело конкубинат. Политиката и дејствувањето на Рим била крајно застрашувачка. За краток период гледаме една гигантична република како се шири по богатите краеви на Мала Азија, и целото богатство на Африка, Шпанија, Грција и Азија се слевало во Италија”(1-201,202)

Малиот рог Римската држава пораснал прилично голем и станал страшен ѕвер од која се плашеле сите, зашто имала ”железни заби, тоа јадеше, здробуваше а што ќе останеше го газеше со нозете” (Данило 7,7.23) 146год. пред Христа ја изеде и здроби Македонија и Грција; 129год.пр.Хр.Пергам; 64год. Сирија; 63год. Јудеја и 30год. Египет (Данило 11,16.17.23-28 види Сркуљ: Стари век,стр 219 наслов: Клијентелне државе и пад Македоније; стр.220 наслов: Антиох и Пергамска држава; стр.253 наслов: Цезар у Египту и стр.258 точка 3). Римското царство било поделено на два дела, со наводно пријателски договор, помеѓу Октавијан и Антоние. Но секој од нив потајно се трудел да го тргне другиот и да завладее со целата империја. Клеопатра, последната јужна царица, сакала со помош на Октавијановиот соперник Антоние да ги измами Римјаните и да ја ослабее нивната моќ но не успеала затоа што БОГ во СВЕТОТО ПИСМО претскажал дека крајот на Римската империја ќе дојде дури во време на селењето на народите (Данило 11,27). Решавачката битка била на брегот на Јонското море во Грција кај градот АКЦИА и го скршил Птоломејовиот рог (30год.пр.Хр.) и Октавијан станал наследникот на Александар Велики со сето негово богатство. Така и овде се исполнило Божјето пророштво за враќањето на римските победници од Египет (Данило 11,28-првиот дел). Со ова победа над јужниот цар во Рим завладеала шестата глава-ЦАРЕВИТЕ. Во времето на царевите оваа империја се распространила скоро до краевите на земјината топка. Од Рајна до Атлантскиот океан и од северозападна Африка до северната граница на Британија; од Дунав до Либијската пустина и до границата на Етиопија и Арабија; од западното приморје на Шпанија до реката Еуфрат. Таа зафаќала преку 33 милиони квадратни километри и имала околу 120 милиони жители.