Текстови

Минатото зборува за иднината – Судир околу Синај

Откако Израелците излегле од ропство, Египет, Мојсеј ги води во пустината на Синајскиот полуостров. Патувајќи низ пустината, стигнуваат до гората Синај и таму подигаат логор (види 2 Мојсева 19,1.2). Преданието старо 1500 год. ни ја претставува планината Џебел Муса како гората Синај. Но на спротивната страна се наоѓа планината Расел-Сафсаф, висока 1993 метри. Мнозина веруваат дека тоа е гората Синај, бидејќи во нејзиното подножје се наоѓа огромна долина каде Израелците би можеле да се улогорат. Во подножјето на Џебел Муса се наоѓа манастирот св. Катарина. Во манастирот има библиотека со древни ракописи на грчки, арапски, етиопски и сиријски јазик.

Зборови изговорени на Синај

Кога Израелците се собрале под гората Синај, Бог слегол на неа за да објави дека Тој е Оној кој ги спасил од ропство (види 2 Мојсева 20, 1.2). Веднаш потоа им ги дал Десете заповеди – упатсво по кое треба да живеат. Да ги проучиме пораките на овие заповеди. Да проследиме што ни открива секоја заповед и дека Бог е заинтересиран за нашата слобода.

1.НА КОГО ТРЕБА ДА МУ СЕ КЛАЊАМЕ? Постои само Еден кој е достоен да му се клањаме и кој е творец на животот и автор на Библијата. Пред него несмееме да ставиме ниту едно човечко суштество, активност или предмет.

2.КАКО ТРЕБА ДА МУ СЕ МОЛИМЕ НА БОГА? Бог ни забранува да се клањаме пред кипови и слики. “Бог е Дух, и оние што му се поклонуваат, треба да му се поклонуваат во ДУХ и ВИСТИНА“ (читај Јован 4,24). Бог не сака меѓу него и неговиот народ да постои некој кип.

3. КАКО ПРИСТАПУВАМЕ КОН БОГА? Третата заповед забранува да се понижува Божјето име. Заповедта забранува немарна употреба на Божјето име. Со неа се забрануваат грди пцости, клетви, заколнувања, богохулства, изрази на непочитување од кој било вид и празно исповедање на вера.

4. ВРЕМЕ ЗА МОЛИТВА И БОГОСЛУЖЕНИЕ. Ние денеска не можеме без четвртата заповед. Потребно ние време за размислување и за молитва. Сабота значи одмор. Секоја седмица ние потребен седмиот ден за одмор и за БОГОСЛУЖЕНИЕ.

5. ДЕЦА И РОДИТЕЛИ. Петата заповед се однесува на семејството. Тоа е заповед која ги регулира нашите односи со родителите и нашата одговорност спрема нив. Заповедта од нас бара почит кон родителите и кон нивниот авторитет што го имаат според Законот.

6. ЖИВОТОТ Е СВЕТИЊА. Шестата заповед го штити ЖИВОТОТ. Бидејќи таа кажува не убивај. Што значи ако таа би била укината, животот на секој човек би бил во опасност. Гревот донел смрт на овој свет.

7. МАЖИТЕ И ЖЕНИТЕ. Седмата заповед го заштитува бракот (види Матеј 19,6). Не дозволува уште и прељуба и сите недозволени сексуални односи. Не почитувањето на седмата заповед предизвикува морален слом на општеството, социјални болести и донесува несреќа во многу домови.

8. ТУЃИОТ ИМОТ. Кражбата е една од најчестите криминални дејствија. Луѓето треба да ги почитуваат ДЕСЕТЕ ЗАПОВЕДИ и туѓиот (вклучувајќи го и Божјиот) имот (види Малахија 3,8-11).

9. УГЛЕДОТ НА ДРУГИТЕ ЛУЃЕ. Оваа заповед забранува секој вид на ЛАГА, КЛЕВЕТА, ЛАЖНО СВЕДОЧЕЊЕ, СЕКОЈА НЕВИСТИНИТОСТ И ОЗБОРУВАЊЕ. Лагата ја измислил ѓаволот (види Јован 8,44). Лагата ја руши довербата. Непоправливите лажговци и оние што лесно им веруваат на лагите нема да влезат во Божјето царство (види 2 Солуњаните 2,9-12; Откровение 21,27).

10. НАШИТЕ МИСЛИ И ПОБУДИ. Оваа заповед има сосем поинаква природа. Таа се занимава со нашите побуди и мисли. Во умот настанува определба за доброто и злото. Посакување туѓо се наоѓа во секој темел на секој ГРЕВ. Тоа е еден од гревовите што преовладуваат во последно време( види 2 Тимотеј 3,1-5).

Позитивниот принцип на секоја ЗАПОВЕД пооделно ни го прикажува Божјиот карактер. Меѓутоа, заповедите едновремено го разоткриваат и злото – бунтовничкиот карактер на сатаната.

БОЖЈИОТ КАРАКТЕР
1.Предан
2.Духовен(вистинско богослужение)
3.Достоен за почит
4.Свет
5.Полн со почит
6.Полн со љубов
7.Чист
8.Чесен
9.Вистинит
10.Задоволен
КАРАКТЕРОТ НА САТАНАТА
1.Вероломен
2.Бунтовен(лажно богослужение)
3.Недостоен за почит
4.Несвет
5.Без почит
6.Полн со омраза
7.Нечист
8.Нечесен
9.Невистинит
10.Незадоволен

 

Бидејќи Десетте заповеди го покажуваат Божјиот карактер, истите придавки што се користат во Библијата за опишување на Божјиот карактер се и за опишување на Десете заповеди.

ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ се…
праведни Римјаните 7,12
вистинити Немија 9,13
чисти Псалм 19,7-11
верни Псалм 119,86
добри Римјаните 7,12.16
свети Римјаните 7,12
совршени Псалм 19,7; Јаков 1,25; 2,12
вечни Матеј 5,17.18
БОГ е…
праведен Римјаните 3,26
вистинит Јован 3,33
чист 1.Јованово 3,3
верен 1.Коринќаните 1,9
добар Наум 1,7
свет Исаја 6,3
совршен Матеј 5,48
вечен 1.Мојсева 21,33

 

Послушноста – живот на слобода

Десетте заповеди се закони со чија помош во вселената владее ред. Кога не се почитуваат природата моралните закони, настанува хаос. Така, лицето што е ослободено од ропство, сфаќа можеби од било кој друг дека ние луѓето мораме да живееме сообразно со одредените темелни принципи и закони доколку сакаме среќа, стабилност и слобода во општеството. Поради тоа Десетте заповеди се многу важни за оние што го прифатиле ИСУС ХРИСТОС како свој Спасител. Десетте заповеди се “совршен закон на слободата“ – “царски закон“ според кој “ќе ни биде судено“ на сите нас (Јаков 1,25; 2,8.12). Неволји и судири настануваат кога ќе го пресвртиме Божјиот редослед на вредностите – кој гласи.

  1. Бог треба да ни биде на прво место во нашиот живот.
  2. Нашите семејства треба да бидат на следно место.
  3. Луѓето околу нас мора да бидат пред предметите.
  4. Предметите добиваат последно место.

Две големи заповеди

Две од Десетте заповеди се позитивни – четвртата заповед, која се однесува на ДЕНОТ ЗА ОДМОР и петтата која се однесува на СЕМЕЈСТВОТО. Тие две заповеди не враќаат на (1) создавањето и на (2) воспоставувањето на бракот и семејството во Едемската градина. Тие две заповеди служат како темел за другите. Бидејќи Бог е Творец (2 Мојсева 20,8-11) – ние ги имаме првите четири заповеди. Бидејќи имаме семејства и луѓе околу нас, ние ги имаме и другите шест заповеди. Првите заповеди се однесуваат на љубовта кон Бога, додека другите се однесуваат на љубовта кон ближните или кон луѓето што не опкружуваат. Околу тие Божји изјави на Синај имало многу расправии. ГЛАВНАТА ПРИЧИНА ЗА НИВ ГЛАСИ: “Зашто мудрувањето на телото е непријателство против Бога, бидејќи не му се покорува на Божјиот закон, ниту пак може. Оние, кои се во телото, не можат да му угодат на Бога“(Римјаните 8,7.8). Меѓутоа, ДЕСЕТТЕ ЗАПОВЕДИ обезбедуваат слобода и заштита. Тие се Божји упатства за животот.