Текстови

Минатото зборува за иднината на свитоците од бреговите на Мртвото Море

На северозападниот брег на Мртвото Море се наоѓа висорамнината Кирбет Кумран, на која се наоѓаат остатоци од еден стар манастир. На археолозите со години им биле познати тие урнатини,но нивното значење е откриено дури во 1947 год. Откриено е дека во Кумран пред повеќе од 2000 години живеела заедница на луѓе познати како Есени. Во 1947 година бедунски козари се улогориле во близината на изворот Енгади, близу урнатините на Кумран. Едно момче од козарите по име Мухамед ад-Диб фрлил камен во пештерата близу до урнатините. Одненадеж се слушнал звук од длабините на пештерата на скршена грнчарија. Подоцна момчето со уште еден другар ја пребарале пештерата. Нашле повеќе ќупови делови од скршени садови. Тие се надевале дека тука ќе најдат злато но наместо злато тие нашле Стари ракописи кои му изгледале безвредни. Сепак, тоа што го пронашле денеска е познато како Свитоци од Мртвото Море. Подоцна научниците пребарале и други пештери во околината и пронашле уште многу свитоци. Откриле со рака пишувани на големи делови од старозаветниот дел на Библијата, пишувани пред 2000 години.

Како Есените дошле до библиските ракописи?

Библијата е единствена книга. Се состои од шеесет и шест помали книги. Ги пишувале 40 вдахнати писатели, во период од 1.600 години, 1.500год пред нашата ера и 100 год. во нашата ера.Провери во (2 Тимотеј 3.16). Библијата е откровение од живиот Бог и има моќ да го менува шовечкиот живот. Иако некои луѓе ја сметале за некорисна и безвредна а мнозина сакале да ја уништат, но сепак Библијата останува книга најчитана и најпродавана во светот. Повеќето од 39 книги на Стариот завет се пишувани на еврејски јазик.Истите подоцна се преведени на грчки јазик.Тој превод е познат како Септуагинта или “превод на седумдесетмина“. Преводот е извршен во Александрија за потребите на Александриската библиотека. Работата почнала околу 285. год. пред Христа. Како што се верува, за тој превод дал налог Александар Македонски, посетуваќи го Ерусалим во 322. год. пред Христа, од пророштвото на Даниел дознал дека неговото царство ќе го урне Медо-персиското царство (види Јосиф Флафие:Старини, книга II, глава 8, отсек 5 ). Овој превод бил употребуван во Христово време.

Академски сплетки!

Во книгата “Исус, човек“, Барбара Тиринг изнесува како таа заклучила дека нема никаква основа Исус Христос да се доведува во врска со божественото. Кажува како Исус е нормално роден, дека не сторил ниту едно чудо, дека бил непријател на Јован Крстител, дека не умрел ниту воскреснал а се оженил со Марија Магдалена и умрел во длабока старост. Дали ова го потврдуваат Свитоците од бреговите на Мртвото Море. Свитоците од бреговите на Мртвото Море не го спомнуваат ниту Исуса ниту неговите следбеници.

Сребрен свиток од долината Хином

Во текот на ископувањата во 1979-80 година во низа гробници што се наоѓаат покрај црквата св. Андреј, најужниот крај од долината Хином, во Ерусалим, е најден малечок сребрен свиток. На тој свиток е напишан благослов кој го изговорил свештеникот Арон, а денеска е изложен во Израелскиот музеј во Ерусалим: „Господ нека те благослови и нека те чува! Господ нека погледне на тебе со своето светло лице и нека те помилува! Господ нека го сврти својот поглед на тебе инека ти донесе мир!“ (4. Мојсева 6,24-26). Овие зборови се напишани седмиот век пред Христа. Овој ракопис е најстар од некој библиски текст.

Што навистина кажуваат свитоците за Библијата?

Свитоците од Мртвото Море, Сребрените свитоци и Свитоците од Масада покажуваат дека Стариот завет, со својата историја и пророштвата, бил пишуван пред Исуса Христа. Библијата до ден денес не претрпела измени како мнозина што мислат. Напротив текстот што го наоѓаме во нашите Библии е еднаков со оној што се служел нашиот спасител Исус Христос. Текстот на чуден начин е сочуван до ден денес. Еве ви една порака читајте го ЕВАНГЕЛИЕТО ПО ЈОВАН. Читајќи ги четирите Евангелија ќе добиете најдобар увид за својата христијанска вера. Проучувајте ја секој дневно Библијата таа ќе ви даде мир со Бога, а и на вас. Кога ќе ја истражувате Библијата помолете се и ќе ви се откријат многу вистини , бидејќи пишува и вистината ќе ве избави.

Искуство од Масада

Во текот на 50-та и 60-та година израелската војска и Оделението за старини вршеле ископувања во тврдината Масада. Со ископувањата раководел археологот и воен заповедник Јигаел Јадин. Откриено е дека 73.година од н.е., за време на опсадата на градот, 960 зелоти во тврдината Масада, под водство на Елеазар бен Јаир, извршиле самоубиство, не сакајќи да паднат во рацете на римскиот заповедник Флавиус Силви. Во урнатините на најстарата откриена синагога во тврдината Масада, пронајдени се преписи на свети списи. На зелотите им биле достапни списите што зборувале за Месијата. Кога би ги почитувале опомените на Месијата, на Господ Исуса Христа, од Светите списи, зелотите никогаш не би загинале во тврдината Масада. Исус Христос ги предупредил Евреите да не му се противставуваат на Римјаните. Им рекол да бегаат на сигурно (читај во Лука 21,20-24). Зелотите ги занемариле неговите зборови. Треба постојано да ни се Исусовите зборови во мислите бидејќи ако ги занемариме како зелотите ни прети опасност. Затоа проучувајте ја Библијата и слушајте што ни вели нашиот мил драг спасител и Бог Исус Христос.Следејќи го Исуса Христа ние добиваме спасение и ВЕЧЕН ЖИВОТ.