ТАЈНАТА НА ПИРАМИДИТЕ

Постојат многу прашања поврзани со пирамидите Кога се градени, како се градени, кој ги изградил итн. До сега се пронајдени 67 комплетни и 25 некомплетни пирамиди. Најголемата е Кеопсовата пирамида висока 137 м и составена од околу милион блокови кои се тешки од 2-5 тона. Во нив биле погребувани фараоните па денес скоро сите се ограбени.

Кога почнале да се градат пирамидите, Египет бил на врвот на својата моќ под управа на фараонот Џозер. Во негово време се појавува една исклучителна личност која историјата ја бележи како Имотеп. Историските факти укажуваат дека Имотеп не припаѓал на фараоновото семејство, туку наеднаш се појавува во неговото владеење. Историските извори бележат дека Имотеп бил човек со исклучителни способности и таленти.

,,Во текот на владеењето на фараонот Џозер живеел Имотеп, кој ги водел работите на владарот на Египет. Бил негов заменик и управувал со големата палата, бил голем свештеник, градител, скулптор. Имотеп ја воспоставил вештината на делкање камен и поседувал лекарски способности. ( The Ancient Near East,1958,Vol 1,p.24 )

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”468″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”300″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”550″}}]]

Египетските историски извори велат дека Имотеп го воспоставил градењето на пирамидите во Египет и прва пирамида која е изградена е степенаста пирамида. Историските извори бележат што му се случило на Џозер. ,,Во сон ми се јави богот на Нил и ми вети дека Нил ќе дава вода, но најпрво ќе има седум години на глад а потоа седум години на изобилие. − Постои уште еден историски извор каде се спомнуваат седум родни и седум неродни години – Библијата (1 Мојс. 41.29,30.)

,,Го прашав Имотеп кој беше син на богот Пта каде се раѓа Нил ? Кој е вистинскиот Бог ? Имотеп одговори ,,Потребно е да го прашам бог кој владее над се што е живо. ( богот Пта во Египет е врховен бог кој ги создал сите други богови)

Во Библијата стои сличен извештај ,,А Јосиф оговори ,,јас не можам ништо туку Бог ќе му одговори на фараонот. ( 1 Мојс.41.16 )

Историскиот извештај продолжува со фараонот ,,Му ветив на богот Кнум, дека сиот народ, освен свештениците во храмот ќе плаќаат порез во износ од една петина од својата жетва. − Во Библијата стои слична наредба за данок (1 Мојс.47.22,24)

[[{“type”:”media”,”view_mode”:”media_original”,”fid”:”469″,”attributes”:{“alt”:””,”class”:”media-image”,”height”:”161″,”style”:”display: block; margin-left: auto; margin-right: auto;”,”width”:”550″}}]]

– огромни силоси за складирање на жито – 

 Дали тоа значи дека Имотеп и Јосиф се иста личност ?

Египетската историја бележи ,, Имотеп бил свештеник во градот Хелиополис” кој всушност е градот Он за кого во Библијата е кажано дека Јосиф се оженил со ќерката на свештеник во Он.

Најблискиот соработник на фараонот запишал ,,Се приближувам кон смртта во својата 110 год.од животот. ( Pta-otepova instrukcija, The Ancient Near East, 1958, Vol 1,p.234)

Библијата вели за смртта на Јосиф ,,умре кога му беа 110 год. Го балсамираа и го положија во ковчег во Египет” (1Мојс. 50.26)

Кога археолозите го пронашле местото на погреб, пронашле многу садови со печат на фараонот Џозер што значи дека овде бил погребан и Имотеп – Јосиф. Кога го отвориле ковчегот – го немало телото.

Зошто, кога гробницата не била ограбена ?

Кога излегуваа од Египет ,,Мојсеј ги зеде со себеси Јосифовите коски (2 Мојс.13.19)

Впечатлива е и положбата на овој ковчег. Познато е дека сите фараони се погребувани во правец на изгрејсонце, затоа што се поклонувале на сонцето како божество. Меѓутоа овој ковчег бил свртен спрема север, спрема Хананската земја која Бог им ја ветил.

Гледаме дека Јосиф е таа голема личност од Египетската историја означена како Имотеп, која започнала со изградба на пирамиди. Првата пирамида имала цел – складирање на жито а потоа фараоните правеле пирамиди како свои гробници.