Текстови

Минатото зборува за иднината – Турција

Изненадените откритија во Турција придонеле таа да стане мошне привлечна земја за патниците и за изучувачите на Библијата.

Хетеи

Хетеите се народ кој многу пати се спомнува во Библијата. Меѓутоа, се до модерното време научниците не нашле никакви други стари пишани документи кои би упатувале на нив. Понекогаш и се сомневало во постоењето на Хетеите. Меѓутоа, во 1871 година почнале да се појавуваат хетејските уметнички ракотворби и споменици. Првите големи ископувања во 1906 година ги почнал Хуго Винклер во близината на селото Богаској, околу 220км североисточно од Анкара. Винклер својата работа ја продолжил во 1907 година, а потоа повторно од 1911-1912. Во урнатините на хетејската претстолнина Хатас, на планините близу до селото Богаској, тој открил вкупно 10.000 глинени плочки.тие укажале дека хетејската цивилизација била најголема сила на средниот исток во вториот милениум пред ХРИСТА. Потоа, археолошките ископувања се продолжени во непрегледните урнатини на Хатас.

Долината Горем

Со години скриена од западните Европејци, долината Горем е една од најфасцинантните предели во Турција. Во таа долина се наоѓаат стотици крајно необични и гротескни облици на тла во кои се издлабени куќи.Познато е дека во ова подрачје човечките живеалишта се издлабени во карпи уште во времето околу 400 години пред Христа. А потоа и Новиот завет бележи како во долината Горем или Кападокија, во првиот век имало христијани (види Делата на апостолите 2,9 и 1Петрово 1,1). Градот Цезарија или Ќесарија(денеска Кајсери) бил напреден центар на христијанското учење. Денеска се знае дека веќе околу четвртиот век во ова подрачје се градени манастири. Меѓутоа, во тој период, меѓу тие карпи мирен живот живееле многу христијани. Но, “инвазиите на Персијанците во 6 век и на Арапите во 7 век му ставиле крај на мирниот религиозен напредок, па христијаните од Ќесарија и од другите кападокиски места морале да бегаат. Па сепак горемските пештери нуделе погодно засолниште: проценето е дека во тоа подрачје се населиле и свој дом направиле околу триесет илјади луѓе“ (Encyklopaedia Britannica – Служба на библиотечно истражување, цитиран: ser Hari Luk: Долина Горем, Географско списание, стр. 307-315). Луѓето кои биле прогонувани заради нивната вера ги избрале овие карпи, како и подземните населби во Деринки, Кајмакли и Оузконак за свои засолништа. Градени се многу капели се до 13 век – со тоа што повеќето капели исчезнале во византискиот период.

Дали е пронајден Ноевиот брод?

На крајниот исток на Турција се наоѓа малечкиот град Дагбајазит.За тоа подрачје се зборува како за “земја на Ноевиот брод“. Евреите, христијаните и муслиманите ја знаат изворната историја. Бог видел дека луѓето станале толку зли, што решил да ги потопи сите освен оние што ќе влезат во бродот што го изградил Ное. Ное неговата жена и неговите три сина и нивните жени – со по неколку животни од секој вид повеле во тој брод додека силниот потоп ја уништувал земјата. На крај, бродот го допрел тлото во планинскиот предел Арарат.При трагањето по бродот секогаш се испречувал основниот проблем – каде да се бара? Библијата не кажува дека бродот се запрел на некој одреден планински врв – туку едноставно на планината Арарат (види 1. Мојсева 8,4). тоа е големо подрачје – подоцна наречено Ерменија – подрачје кое опфаќа делови од современа Турција,Иран,Ирак и Ерменија. Според тоа, планинскиот врв Агри Даг, висок 5.165м не е задолжително и место каде што се запрел бродот. Освен тоа, имајќи ги предвид дождот и снегот преку зима, а сушата и горештините преку лето, не постои веројатност дека се одржал кој и да е вид дрво. Со години во малечките хотели во Дагбајазит се воделе расправии за тоа дали можеби таму во планините сепак се наоѓа бродот? Тема на разговор биле приказните од старите времиња. Забележани се и раскажани безброј приказни за местото каде што се запрел бродот. Што можеме да кажеме за најновите расправи?

Во 1991 година, вниманието на јавноста ја привлекла експедицијата која тргнала во потрага по бродот, кога една група курдски бунтовници ги зеле како заложници.Членовите на таа група, Alen Roberts i Ron Vajat, тврделе дека располагаат со докази за постоење на џиновски брод со димензии слични на димензиите на Ноевиот брод, фосилизиран под тиња, во горите на Арарат.Тие тврдења потикнале порој геолошки објаснувања како формацијата за која се зборува не е “ништо друго освен синклинала* која тоне, чијшто врв се истрошил од забот на времето‘‘(The Sun Herald, 24 мај 1992). Така кжува и д-р Jin Plajmer од мелбурншкиот универзитет:,,Синклиналите се вообичаени во тоа подрачје на Турција‘‘ (The Sun Herald, 24 мај 1992).

Истражувањата на формацијата што личи на брод

Формацијта се наоѓа во планинското подрачје Тендерик, околу 20 км источно од местото Дагбајазит и на источниот раб на селото Узунгил. Првпат е забележана при фотографските снимања на подрачјата на источна Турција од воздух во 1959 година за потребите на НАТО. Така се родила идеја во тоа подрачје да крене експедиција за која пишувало списанието “Lajf “(5 септември 1960 год.). Наспроти блиската корелација на нејзините димензии со димензиите на библискиот брод – ќе зклучиме дека забележаниот објект нема никаква врска со тоа. Членот на таа прва експедиција, Rene Norbergen, во 1974 година објавил свој извештај за таа експедиција во својата книга “Досие на бродот“. А тогаш за тоа се заинтересирал Ron Vajat и првпат го посетил тоа место во 1977 год. Во декември 1978 год. оваа формација ја погодил земјотрес, па во септември 1979 год. Вајат зел некои примероци од почвата. Потоа, меѓу 1984 и 1986 год. четири пати го посетил местото со цел со детектор за метал да изврши неколку прелиминарни испитувања. Меѓутоа, работата е запрена, бидејќи Вајат не добил претходно одобрение од локалната полиција. На споменатото место не се врши вистински археолошки ископувања – а не е најдено ниту какво било дрво, клинови ниту било какви други докази што би упатувале на откритие на Ноевиот брод.

Пророштва за Исуса, за Ное и за иднината

Исус Христос го спомнувал Ное, зборувајќи дека крајот на светот ќе дојде одненадеж, како Ноевиот потоп(Матеј 24,37-41). Претходно учениците на Исуса му поставиле прашање: “Кажи ни кога ќе биде тоа и кој е знакот на твоето доаѓање и на крајот на светот?(Матеј 24,3). Одговарајќи, Исус ги опишал идните настани. Обрнал внимание на воени разурнувања, зборувал за глад и за земјотреси (Матеј 24,4-8). Тие пророштва се исполниле. Ако го прегледаме хоризонтот на човечката историја, ќе видеме војни во најцрно издание. Нашиот свет, исто така, соочен со хронични проблеми од недостиг на хрна. Над 500 милиони луѓе во денешниот свет неможат да живеат нормален живот затоа што постојано се гладни и потхранети. Во нашиот свет едновремено постојат и претерано богатство и најцрно сиромаштво. Да ги додадеме кон тоа и патилата што настануваат како резултат на земјотресите, тајфуните, пожарите, поплавите и сушите – како и загадувањата на животната средина! Исус зборувал и за страдања предизвикани со прогонства, со предавства, со омраза и со човечка злоба(Матеј 24,13).Тоа е видливо и во насилствата и во криминалот – во кражбите, тепачките, во сексуалните малтретирања и во убиствата (читај го и текстот во 2 Тимотеј 3,1-5).Исус рекол:,,Луѓето ќе премираат од страв‘‘(Лука 21,26). Исус Христос изјавил дека среде тие разурнувања и страдања евангелието за спасение ќе биде разгласено по цел свет(Матеј 24,14).Рекол дека проповедањето на евангелието ќе достигне свој максимум одненадеж, по што ќе уследи драматично и славно појавување на Исуса Христа на небото. Исус рекол дека тоа ќе биде како во времето на Ное. Тој ќе дојде одненадеж (Матеј 24,37-41).

Дали е тоа Ноевиот брод?

Дали формацијата во вид на брод во близината на Дагбајзит е Ноевиот ковчег или не, тоа нема никаква врска со значењето што го имаат Исусовите зборови за нас.Тој рекол:,,Како во Ноевите денови, така ќе биде и при доаѓањето на човечкиот Сион‘‘(Матеј 24,37). Располагаме со мноштво докази кои покажуваат дека на Исусовите зборови може да им се верува. Ние можеме да знаеме дека второто доаѓање Исуса Христа е близу. Тој кажал:,,Кога ќе го видите сето тоа, знајте дека е близу – пред врататата‘‘(Матеј 24,33). Нашата генерација видела и продолжува да гледа најпустошен хаос и разурнувања предизвикани од војни, глад, земјотреси, поплави, суши, пожари и од загадувања што носи смрт. Нашата генерација е сведок на најгрозоморни човечки патила поради предавство, омраза, насилство, криминал, неморал, подбив и алчност. Поради сето тоа, евангелието се шири до најодалечените краишта на планетата и многу илјади луѓе решаваат да станат предани и послушни ученици на Исуса Христа. Исус Христос рекол:,,Затоа и вие бидете готови, зашто човечкиот Син ќе дојде во час кога не мислите‘‘(Матеј 24,44). Исус ќе дојде одненадеж – како одненадеж што дошол Ноевиот потоп.