Mинатото зборува за иднината – Загубените градови

Секоја година мноштво археолози и нивни соработници копаат под урнатините и под пустинскиот песок на Средниот исток.Со помош на остатоците на грнчаријата и на други ракотворби што ги откриваат, тие ја реконструираат историјата на древните времиња. На виделина излегле некои чудесни некогаш загубени градови.

Либан

На подрачјето на прекрасната, со војна опустена земја Либан, се наоѓа древната Феникија.

Околу 80 км јужно од Бејрут, на брегот на Средоземно Море, се наоѓало богатото феничанско морско пристаниште Тир. Тир бил успешно трговско поморско пристаниште. Меѓутоа, еврејскиот пророк Езекил напишал. “Ќе ги разурнат тирските ѕидови и ќе ги растурат сите негови стражарници. А јас ќе му ја изметам и правта, ќе направам од него гладок камен. Ќе биде сушилница за мрежи. Зашто јас реков – вели Господ Бог… Ете, ќе го доведам против Тир од север вавилонскиот цар, Навуходоносор“ ,Езекил 26,4-14. Следната година Навуходоносор го напаѓа и 13 години го држи под опсада градот Тир. Жителите на градот бегаат на блискиот остров. Двесте години подоцна Александар Македонски го напаѓа градот, така што денеска тој стар феничнски град Тир останал точно таму каде што го оставил Алекснадар – под морето. Тој, некогаш модерен, напреден град, денеска е покриен со песок и со рибарски мрежи. Александар Македонски ги фрлил во морето урнатините од феничанскиот град Тир за да направи насип и пат кон островот и ги заробил градските жители што се засолнале таму. Така се обвистиниле зборовите на библискиот пророк. Сидон или денешна Санда се наоѓа околу 30 км северно од Тир. Тој град претрпел страшна војна и крвопролевање. Да обрнеме внимание на зборовите на пророкот. “Речи.,Господ Бог зборува вака.. Еве, Сидону, против тебе…и ќе му пратам помор и крв по неговите улици, и мртви ќе паѓаат сред него од меч што ти се заканува отсекаде“ Езекил 28,22.23.

Корсабат, град-палата

Северно од Багдад се наоѓа модерниот град Мосул.Околу 24 км североисточно од Мосул, францускиот истражувач П.Е.Бота го открил Корсабат, градот-палата на кралот Саргон II. Во неговите урнатини се пронајдени големи, прекрасно изрезбарени камени плочи со натпис што зборуваат за потфатите на кралевите. Саргон II бил татко на Сенахирима. На тие плочи тој го опишал својот напад на ерусалимскиот цар Езекија. Сенахирим пишувал. “Езекија го затворив во неговата престолнина, Ерусалим, како птица во кафез. Тој ми ги прати ерусалимските кнезови и старешини со 30 плочи злато, со 300 таланти сребро и со огромен воен плен.“ Истиот извештај го бележи и Библијта во 2. Царевите 18,13-15.

Нимруд – библискиот Халах

Недалеку од Корсабат, младиот Англичанец Хенри Лејард го открил Нимруд или библискиот Халах. Едно од најсензационалните откритија на Лејард бил црниот обелиск на Салманасара III. Еден блок од натписот на тој црн камен зборува за израелскиот цар Јуј кој се поклонува пред Салманасара и му плаќа данок. За Јуј читаме во Библијата, во 2. Царевите 9 глава.

Ниневија – асирска престолнина

Одспротива на денешниот Мосул се наоѓаат урнатините на еден моќен град. Пред 2800 години, кога на прометните патишта на Ниневија проповедал пророк Јона, градот бил веќе со векови стар. Но величествената Ниневија била полна со зло и поради тоа осудена на пропаст. Софонија пророкувал дека Господ “ќе ја подигне својата рака против север и ќе ја разруши асирската земја, од Ниневија ќе направи урнатини, суво место како пустина. Среде неа ќе лежи стадо и секакви ѕверови, чапји и ежови ќе почиваат ноќе на главчињата на столбовите‘‘ (Софонија 2,13.14.). Тоа пророштво се исполнило.

Сирија

Северно од Дамаск, на половина пат меѓу Хамат и Алеп, се наоѓа голема археолошка височинка која жителите на тој крај со години ја викале Тел Мардик. Младиот италијански професор по блискоисточна археологија на Римскиот универзитет, Матие, во 1964 година предводел експедиција во тој крај и, копајќи на таа височинка, открил величествена капија во ѕид кој опфаќал 56 хектари на ова древно наоѓалиште. Потоа се упатил кон 16 м високите “тел“- наоѓалишта* со куќи, цистерни и храмови. Меѓутоа, дури во 1968 година, по четири години макотрпна работа, една италијанска екипа можела да потврди дека тоа наоѓалиште е антички град Елба. Матие работел десет години, а потоа, во 1974 година открил 42 глинени плочки, а во 1975, во урнатините на палатата открил две простории преполни со глинени плочки и со крш. Кога би се составил сиот тој крш, веројатно би се добиле 7.000 или 8.000 оригинални плочки со натписи со клинесто писмо. Тие илјадници плочки откриле податок дека Елба била престолнина на огромно царство на подрачјето на Сирија во третиот милениум пред Христа. Бидејќи археолозите долго Сирија ја сметале за само малку повеќе од тампон зона меѓу блескотните цивилизации на Египет и Месопотамија, ова откритие врз научниот свет дејствувало слично на гром (National geographic, декември 1978, стр. 735).Научниците на плочките пронашле имиња запишани во Библијата илјада години подоцна. Во еден коментар во врска со расправата за тие имиња, списанието ,,Тајм‘‘ напишало дека тие даваат “најдобро до сега пронајден доказ дека некои од луѓето, опишани во Стариот завет, навистина и постоеле“ (Time, 18 октомври 1986,стр. 63). Кралот на Ебла владеел со пространо трговско царство, каде што се направени многу записи од кои се ивлечени 300 имиња на места и собрани во текст познат како Географски атлас на Елба. Според зборовите на италијанскиот струќњак за древни текстови, Петинато, кој прв работел врз дешифрирање на плочките, на списокот на градовите се наоѓа и еден по име Са-Дам, кој, според неговото стручно мислење, е лингвистички еквивалент за името на библискиот град Содом. Петинато научниот свет го изненадил со вест за пронаоѓање на името Содом во тие вавилонски записи.

Содом и Гомор

По сензационалното откритие на таблиците во Елба, и најсомничавите биле присилени да ја разгледаат сторијата за Содом и Гомор. Но, постојат и нови значајни докази. Во 1924 година, W. F. Olbrajt открил големи гробишта во близзината на југоисточниот брег на Мртвото Море. Некаде во 1960-тите години, на тоа наоѓалиште се навратил археологот Пол Лап и открил еден голем град, кој потоа делумно го ископал. Потоа, 1970-тите години пронајдени се остатоци на уште четири града. Библијата ни зборува дека Содом и Гомор биле два од пет града во низината. Кога ќе ги споредиме извештаите од прва Мојсева 14. и 19. глава со фактите што ги откриле археолозите, доказот дека се пронајдени градовите Содом и Гомор станува мошне убедлив. Сите пет откриени градови потекнуваат од времето на Аврама. Располагаме со докази дека тие градови биле разурнати два пати, со тоа што второто разурнување било многу неочекувано, бидејќи луѓето биле затечени под ѕидовите на Нумеира.Сите пет градови се уништени со оган зад кој останал дебел слој пепел (над еден ипол метар) видлив дури и денеска над наоѓалиштата. Доказот не е целосен, но сепак, очигледно е тука.

Петра – град на жртви и на пролевање на крв

Младиот швајцарски истражувач Johann Burkhart ја пронашол Петра, некогаш загубената престолнина в пустина. Урнатините во долината предизвикуваат чудење. Жртвеното светилиште во карпа, во местото Jebel Zib Atuf, е најдобро сочуван меѓу познатите олтарски комплекси. Меѓутоа, едно од најзначајните места во денешната пуста долина Петра е наполно напуштената планина Ум ел-Бајара. На таа планина, некогаш викана гора Сир, се наоѓала едомската престолнина Села. Денеска таму наоѓаме искршени скали и шут, а на врвот поголем број цистерни и ниски ѕидови. Тука никој не живее. Пророкот Езекил ги запишал Господовите зборови: “Ќе направам од тебе вечна пустина, твоите градови нема да се населат. И ќе знаете дека јас сум Господ“ (Езекил 35,7.9.). Ова пророштво буквално се исполнило.

Порака од некогаш загубените градови

Тие некогаш загубени градови се сведок за точноста на библиската историја и за пророштвата. Тие кажуваат дека библиските пророштва се исполниле и дека се исполнуваат точно прикажувајќи дека пораката на Библијата е актуелна и животно важна за современиот човек.

*Тел е вештачко брекче кое се состои од напластени остатоци на една или повеќе древни населби (во Египет и на Средниот исток често се користи како дел на името на местото).