Се мисли дека пред околу 10 – 20 милијарди години, целата енергија и материја била во едно. Потоа настанала експлозија, која се ширела насекаде. Се претпоставува дека од експлозијата се создадени два елемента; водород и хелиум. Од каде се другите елементи кои денес ги знаеме ? Според теоријата тие произлегле од термонуклеарната фузиона реакција длабоко внатре во одредени ѕвезди. Кога тие ѕвезди експлодирале (супернова) елементите се распрснале низ вселената. Овие остатоци од суперновата повторно се акумулирале и се оформил материјал за Сончевиот систем. Што утврдиле денешните научници.
„ Фактите против вселената, која што настанала од нешто налик на Големата експлозија, се огромни” – Стефан Хокинг проф. по математика на Кембриџ. Според него проблемот е во тоа што ако енергијата на претпоставената експлозија била преголема, ѕвездите и планетите не би се формирале. Од друга страна, ако била премала, вселената би колабирала. Хокинг додава: ако степенот на експанзија, една секунда по големата експлозија, бил помал дури и за само еден сто милионити дел, вселената би колабирала пред да ја достигне својата сегашна големина.
(од експлозија до прецизен дизајн)
Да претпоставиме дека дошло до експлозија во фабрика за автомобили. Според теоријата за Биг Бенг, по експлозијата би настанале потполно нови автомобили, наредени еден до друг во неколку правилни редови. Без оглед колку време и да има на располагање, ова нема да се случи. Но сепак некои немаат храброст да ова го кажат за Биг Бенг, теорија која денес е докажана како неточна. Денес не можеме преку набљудување, ниту со експериментирање, да увидиме како при експлозија настанува ред, убавина и совршенство. Но можеме да го утврдиме спротивното. При природни несреќи (поплави, вулкани, земјотреси, торнада) или исфрлање бомба врз некој град, настанува неред и уништување. После ова е потребно голема сила и интелигентно делување за работите да добијат ред и складност. Тоа е она што го гледаме во вселената, околу нас и во нас.
Секоја компонента на вселената функционира во рамките на многу сложени, прецизни и јасно дефинирани природни закони. Во неа постојат атомски и субатомски честици кои не се видливи со голо око, а понекогаш тешко се забележуваат и со најсовремени инструменти, па се до џиновски ѕвезди, планети, огромни галаксии, квазари, пулсари и др.
» Денес постои само еден одговор за потеклото на вселената – ТВОРЕЦОТ.
Поедини научници како што е британскиот физичар, материјалист Х.П Липсон признава: Ако живата материја не настанала под дејство на атоми, природни сили и зрачења, како тогаш настанала? … единствено прифатливо објаснување е создавањето. Знам дека тоа е анатема за физичарите, како што е и за мене, но не смееме да го отфрлиме она што нам не ни се допаѓа, ако експерименталните факти го подржуваат.
Теоријата за создавање обезбедува доказ за постоење на Творец, покажувајќи дека целокупната материја од која е изградена вселената потекнува од Него. Совршен дизајн и совршен ред преовладува во целокупната вселена конструирана од страна на Создателот.
Најзначаен аспект на создавањето на вселената, е тоа што му овозможува на човештвото да подобро ја разбере моќта на ТВОРЕЦОТ.«
(Чудо атома – Харун Јахи)