Текстови

КОИ СЕ ДРУГИТЕ ЖИТЕЛИ НА ВСЕЛЕНАТА?

Многумина мислат да Библијата зборува дека Земјата е центар на свемирот и дека е единствена населена планета. Така го поврзуваат Библијското учење со учењето на Птоломеј за геоцентричност на светот. Иако Библијата во најголем број текстови се задржува за проблемите кои се однесуваат на Земјата, таа не поучува дека Земјата во свемирот е на прво место,односно негов центар. Во почетните библиски стихови стои: „Во почетокот Бог ги создаде небото и земјата“.

Ние денес ги нарекуваме темните небесни тела кои кружат околу сонцето. Тогаш се користел изразот»ѕвезда« со кој биле опфатени сите; ѕвезди, планети и другите небесни тела кои на човекот му изгледале исто. Подоцна ѕвездите со посебни особини при своето движење се наречени планети. Утврдено е дека тоа не се ѕвезди во права смисла, кои даваат светлина, туку темни небесни тела кои кружат околу Сонцето и ја рефлектираат неговата светлина. И денес човек кој не е упатен во астрономијата, гледајќи со голо око не може да разликува што е планета а што ѕвезда. За него планетите и ѕвездите се„ѕвезди“.

Наведениот текст во книгата за Јов зборувајќи во множина за населените ѕвезди – планети, кажува дека ги има многу но не го спомнува бројот. Подобро за оваа тема ни објаснува стихот: „Затоа веселете се небеса и вие кои живеете во нив. Тешко вам, кои живеете на земјата и морето зошто ѓаволот слезе при вас со голем гнев, знаејќи дека има малку време.“(Откр.12.12) Под името„небеса “чиј број е голем, Библијата мисли на големи ѕвездени групи или системи, кои денес ги нарекуваме галаксии. Она што ни го открива бибилијата за населеноста на другите планети, науката денес не може да ни го потврди, и покрај нејзиниот голем развој. Иако моќните астрономски телескопи длабоко продираат во вселената, научниците не успеале да откријат друг планетарен систем каков што е нашиот.(Mr sci.Radomir Grujić,,Vasiona u Bibliji”)

Наведени се неколку различни имиња во Библијата кои покажуваат за другите жители на вселената: херувими, серафими, ангели, синови Божји. Библијата ни зборува и за разликата во животот помеѓу нашата планета и другите населени планети. Само на нашата планета, животот е временски ограничан чиј крај завршува со смрт. На другите планети животот трае бесконечно. Земјата е таква поради гревот, кој освен на Земјата го нема никаде во свемирот. Со Христовата заслуга, нашата планета повторно ќе биде во заедница и мир со другите жители на вселената и ќе се исполни Неговата заложба „да биде волјата Твоја како на небото така и на земјата“.