КОЛКУ Е ГОЛЕМ БОГ?

Неодамна, леталото Нови Хоризонти, тргна на десетгодишно патување до Плутон. (со екипажот и со максимална брзина, ќе им треба околу 17 години). Засега, нашите патувања на подалечни места остануваат сон.

Филмовите не залажуваат со таканаречената ворп брзина, но вистинското меѓуѕвездено патување е ограничено со брзината на светлината – 299.791 км/секунда. Кога би тргнале на истражување,малку би се менувал призорот во текот на патувањето, зашто дури по 4,3 години би се појавила најблиската ѕвезда Алфа Кентаури.

Би се изненадиле колку има празен простор.

Астрономите проценуваат дека има толку многу галаксии надвор од Млечниот Пат колку што има и ѕвезди во него. Снимките од Хабл земени во 2004 година покажуваат 10 000 галаксии сместени на простор кој може да се покрие со зрно песок држејќи го во раката.

Проектирано на целото небо, ова значи дека има повеќе од 100 милијарди галаксии во видливиот универзум, а повеќето од нив поседуваат преку 100 милијарди ѕвезди.

Според Псалм 146,4 Бог сите ги знае по име.

Размислувањето за овие работи зачудува, отварајќи многу прашања. Може ли Бог во толкав голем простор навистина да се грижи и за нас?

Зборувајќи за неговата сеприсутност, Библијата ни го дава одговорот. Тоа не значи дека Бог е дел ваму дел таму во некоја далечна галаксија. Неговата сеприсутност значи дека Тој е присутен на секое место во секое време.

Без оглед голку е голема вселената и колку созданија престојуваат во неговото царство, секој од нас може да го има целото негово внимание.

Колку е голем Бог?

Тој е доволно голем за да владее со пространата вселена, но и доволно мал за да живее во твоето срце. (ICR)